BMW 330e iPerformance седан

СИСТЕМАТСКИ НАПРЕДОК.

BMW 330e iPerformance седан.

BMW iPerformance

СИСТЕМАТСКИ НАПРЕДОК.

BMW 330e iPerformance седан.

Комбинацијата на електричен мотор и BMW TwinPower турбо моторите го поврзуваат најдоброто од двата света во неверојатно динамичен и удобен седан: BMW 330e. BMW Серија 3 претставува комбинација на величественост, иновативност, спортски дух и елеганција. Импресивната динамика на возење комбинирана со најдобрата ефикасност и малото влијание врз средината, благодарение на возењето без емисии на гасови – единствен концепт кој совршено е скроен за BMW Серија 3 седан.

СИСТЕМАТСКИ НАПРЕДОК.BMW 330e iPerformance седан.

Комбинацијата на електричен мотор и BMW TwinPower турбо моторите го поврзуваат најдоброто од двата света во неверојатно динамичен и удобен седан: BMW 330e. BMW Серија 3 претставува комбинација на величественост, иновативност, спортски дух и елеганција. Импресивната динамика на возење комбинирана со најдобрата ефикасност и малото влијание врз средината, благодарение на возењето без емисии на гасови – единствен концепт кој совршено е скроен за BMW Серија 3 седан.

КОНЦЕПТ НА ВОЗИЛО.

BMW Серија 3 со потрошувачка на гориво на мал автомобил: благодарение на технологијата BMW eDrive од BMW EfficientDynamics, може да помине 40 километри во целосно електричен погон – без локални емисии и без потрошувачка на гориво. Високонапонскиот акумулатор е сместен под просторот за багаж, со капацитет од приближно 370 литри, и е идеален за секојдневни потреби без негативни последици по удобноста, практичноста или чувството на пространост. Натписот ,, eDrive” на C-столбовите укажуваат на иновативната погонска технологија. Покрај тоа, plug-in хибридот нуди оптимално прилепување и агилност благодарение на спортско приспособеното потпирање и гарантира неверојатна динамика во сите режими на возење. Како резултат, BMW 330e седан ги надминува сите очекување во однос на динамиката на возење. Концепт насочен кон иднината без конкуренција.

BMW iPerformance.

ИНДИВИДУАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ВОЗЕЊЕ.

BMW 330e седан е plug-in хибридното возило и има различни режими на возење што му овозможува на возачот во значителна мерка да влијае врз реалната потрошувачка на гориво. Ова зависи од избраниот режим на возење и личниот стил на возење. Кога акумулаторот е целосно наполнет, може да возите до 40 километри без да потрошите една капка гориво. Во AUTO eDrive режимот на возење, оптималната комбинација на електромотор и мотор со внатрешно согорување овозможуваат фокусот да се насочи кон врвна ефикасност.  

  • Градско возење

    BMW 330e седан при градско возење максимално ги искористува предностите на електричниот погон. Со полн акумулатор може да поминете кратки растојанија (до 40 км) без локални емисии – низ градот без да потрошите една капка гориво.  

  • Секојдневно возење

    При секојдневно возење, во plug-in хибридот доаѓа до израз меѓусебното делување на двата системи. Во AUTO eDrive режимот, интелигентната комбинација на моторот со внатрешно согорување и електричниот мотор гарантира значително помала потрошувачка во споредба со бензинските и дизел возилата во оваа класа. Накратко: уживајте во луксузноста на BMW Серија 3 седан со дополнителен бонус на извонредна економичност на потрошувачката на гориво.

  • Возење долги релации

    Почувствувајте го задоволството на ефикасното возење – на долги растојанија. Овој хибрид има извонредни можности за возење долги релации без компромис во опсегот или функционалноста на возилото.

ПОГОНСКИ СКЛОП.

Силниот BMW TwinPower турбо 4-цилиндричен бензински мотор и високоефикасниот eDrive електричен мотор се движечките сили на BMW 330e седан. Комбинацијата на овие EfficientDynamics технологии создадоа иновативно возило кое не само што се карактеризира со мала потрошувачка, туку и со одлична динамика на возење и стабилност во сите ситуации.

Интелигентно управување со енергија

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Интелигентното управување со енергија е еден од главните носители на BMW eDrive концептот. Овој систем управува со меѓусебното делување на сите BMW погонски компоненти за да ја поврзе најдобрата можна ефикасност со исклучителна динамика при возење. Интелигентното управување со енергија ја оптимизира ефикасноста на енергијата на хибридниот погон со предикативно избирање на најсоодветниот погон. На пример, достапните навигациски податоци се користат за однапред да ги идентификуваат деловите на рутата и ситуациите на возење што се најсоодветни за електричниот мотор или за полнење на високо-напонскиот акумулатор.
Во ситуации кога моторот со внатрешно согорување има низок фактор на ефикасност, системот избира подобар режим со подобар фактор на ефикасност. Ова значи дека моторот со внатрешно согорување произведува дополнителна снага. Оваа снага се користи за да се произведе електрична енергија за акумулаторот преку електричниот мотор/генератор која подоцна може да се користи за електрично возење или ефикасно да го поддржи моторот со внатрешно согорување. Исто така, системот го контролира електричниот мотор/генераторот, така што кинетичката енергија се трансформира во електрична енергија за време на празниот од и при сопирање. Во комбинација со ECO PRO режимот на работа, интелигентното управување со енергија ги приспособува сите системи на возилото, вклучувајќи ги сите помошни компоненти и функции за удобност, да бидат штедливи и високоефикасни.
eDrive копчето му овозможува на возачот да избере помеѓу три различни електрични режими на возење: AUTO eDrive (хибрид) режим, целосно електричен MAX eDrive режим и SAVE BATTERY режим, кои го одржува статусот на полнење на константно ниво.  

  • AUTO eDrive режим

    Во AUTO eDrive режимот, интелигентниот BMW EfficientDynamics систем ја определува најефикасната комбинација на електричен мотор и мотор со внатрешно согорување- во зависност од брзината на возење и статусот на наполнетост на акумулаторот. Овој режим е поделен во две фази: Доколку статусот на наполнетост на акумулаторот е помеѓу 12% и 100%, може да уживате во целосно електрично возење до 80 км/час. При повисоки брзини или при потешки услови, бензинскиот мотор автоматски се вклучува. Доколку статусот на наполнетост на акумулаторот падне под 12%, BMW 330e седан може да се вози во целосно електричен режим со умерена брзина до 20 км/час и со лесно забрзување и постојано при брзини до 55 км/час.

  • MAX eDrive режим

    Максимално уживање при возење на електрична енергија: во MAX eDRIVE режимот, може да уживате во возење на електрична енергија при брзини до 120 км/час. При повисоки брзини или кога е потребно поголемо забрзување, моторот со внатрешно согорување автоматски се вклучува.

  • SAVE BATTERY режим

    Кога статусот на наполнетост на акумулаторот е низок, SAVE BATTERY режимот овозможува акумулаторот да се полни преку моторот за внатрешно согорување или да се одржува наполнетоста . На овој начин, возачот може да го зачува капацитетот на акумулаторот за подоцнежно возење со целосно електричен погон.

  • Предвидување на потрошувачката на гориво

    Кога во навигацискиот систем ќе се внесе дестинацијата, системот за предвидување на потрошувачката на енергија ја анализира планираната рута со употреба на константни податоци како што се ограничувањето на брзината и информации во реално време за моменталната ситуација во сообраќајот. Системот потоа многу ефикасно го користи целосно електричниот погон, според ситуацијата и за оние делови од рутата за кои таквото возење најмногу се исплати (на пример при градско возење).

ПОЛНЕЊЕ.

Полнењето на високонапонскиот акумулатор не може да биде поедноставно, независно дали употребувате класичен домашен приклучок или BMW i Wallbox од сеопфатниот асортиман на производи и услуги 360° ELECTRIC. Може да го полните автомобилот и додека сте надвор на една од многуте ChargeNow јавни станици за полнење.

  • Полнење дома

    Возилото може лесно да се полни дома на приклучок преку опремениот стандарден кабел за полнење и потоа, по два до четири часа полнење, возилото е подготвено за возење со целосно наполнет акумулатор. Полнењето е уште побрзо и попрактично кога тоа го правите со посебно достапниот BMW i Wallbox: оваа станица за полнење вградена во ѕид за домашна употреба го зголемува капацитетот на полнење и го намалува времето на полнење што претставува идеален додаток за BMW возилата. Инсталацијата е флексибилна во зависност од Вашите индивидуални потреби. За дополнително зголемување на капацитетот, BMW i Wallbox Pro подржува и интелигентна интеграција во куќната мрежа и функции на паметни домови како и системи за управување со енергија.
    Приклучокот за полнење на возилото се наоѓа под капакот на предниот панел на левата страна од возилото. LED светлосниот прстен на приклучокот овозможува јасно следење на статусот на полнење.

  • Јавни станици за полнење

    Освен полнење на возилото дома, благодарение на развојот на BMW ChargeNow услугата на мобилност, овие BMW електрични и plug-in хибридни возила може да се полнат и на јавните станици за полнење. Голем број провајдери на јавни станици за полнење се здружени во голема мрежа.
    ChargeNow станиците за полнење може лесно да ги пронајдете во навигацискиот систем со помош на услугата BMW ConnectedDrive, апликацијата Remote на BMW или веб страницата ChargeNow. Приклучокот за полнење на возилото е лоциран под капакот на предниот страничен дел од возилото, а LED светлосниот прстен на приклучокот Ви дава информации за состојбата на наполнетост на возилото, дури и однадвор.
    ChargeNow картицата и апликациите за плаќање им овозможуваат на возачите да пристапат до станиците за полнење без потреба од готовина. Преглед на сите податоци достапен е на корисничкиот портал chargenow.com. ChargeNow, исто така, им овозможува на корисниците сеопфатен преглед на сите направени трошоци. На крајот од месецот на корисниците им се доставува попис на сите трошоци кои се плаќаат со кредитна картичка.

ПОВРЗУВАЊЕ.

Со Вашиот BMW секогаш сте поврзани: преку смарт телефоните (iOS или Android), освен BMW далечинските услуги како што е далечинско заклучување, достапни се и други функции специфични за хибридите возила. Со ова се обезбедува секогаш да имате преглед на потрошувачката на гориво и вредностите за ефикасност на Вашиот BMW 330e седан. BMW услугите, во секоја ситуација, може да се користат во возилото и надвор од него.

  • Апликација My BMW Remote

    Апликацијата My BMW Remote за plug-in хибридните возила за iOS и Android ги прикажува деталните информации за моменталниот статус на возилото, како што е неговата локација, наполнетоста на акумулаторот и преостанатиот досег.
    Постапката на полнење може да се регулира на далечина преку неделен тајмер, а температурата на возилото може на далечина и навреме да се приспособи за следното патување. Дестинациите, точките на интерес и локацијата на станиците за полнење може лесно да се испратат од апликацијата директно до возилото.
    My BMW Remote апликацијата за plug-in хибридните возила, исто така, ја мери ефикасноста на секое патување и може да помогне како поефикасно да го возите возилото и да го зголемите досегот.

  • Климатизација

    Влезете во удобно разладено возило во лето и загреано во зима, овозможено од стационарниот клима уред во BMW 330e plug-in хибридот. Благодарение на електричниот компресор за ладење и електричниот грејач без резервоар за гориво, автоматскиот клима уред функционира скоро бесшумно, дури и кога моторот е исклучен. За секој ден од неделата може однапред да се програмираат две времиња на поаѓање.
    Половина час пред планираното тргнување, интелигентниот контролен систем го вклучува загревањето, ладењето и вентилацијата на селектираната температура. Системот се управува од iDrive Controller во возилото или практично со компатибилен смарт телефон со употреба на апликацијата за услугата My BMW Remote.
    Доколку високонапонскиот акумулатор е доволно наполнет, стационарниот клима уред за загревање и ладење функционира без разлика дали возилото се полни од надворешен приклучок или не.

УДОБНОСТ.

Скоро и не треба да се спомене дека иновативниот автомобил како BMW 330e седан нуди врвна удобност. Високонапонскиот акумулатор е сместен на така компактен начин што багажникот со капацитет од 370 литри нуди доволно простор за секојдневни потреби. Стандардното потпирање обезбедува целосна динамика при возење, стабилност во секое време и исклучително пријатно чувство при возење, дури и при долги патувања и кога возилото превезува тежок товар.