Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 3 седан

РОДЕН СПОРТИСТ. СО ГОЛЕМА СНАГА ВО РЕЗЕРВА.

Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 3 седан.

РОДЕН СПОРТИСТ. СО ГОЛЕМА СНАГА ВО РЕЗЕРВА.

Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 3 седан.

BMW Серија 3 седан нуди динамика на многу начини. Опционалното адаптивно М потпирање или варијабилното спортско управување гарантираат крајна агилност и Ви обезбедуваат максимално ниво на управување и прецизност, дури и во текот на спортското возење. BMW TwinPower турбо моторите и опционалниот 8-степен Steptronic Sport пренос обезбедуваат неверојатно уживање во текот на возењето. Овие и останатите BMW EfficientDynamics технологии овозможуваат импресивни перформанси и, истовремено помагаат при намалување на потрошувачката на гориво.

РОДЕН СПОРТИСТ. СО ГОЛЕМА СНАГА ВО РЕЗЕРВА.Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 3 седан.

BMW Серија 3 седан нуди динамика на многу начини. Опционалното адаптивно М потпирање или варијабилното спортско управување гарантираат крајна агилност и Ви обезбедуваат максимално ниво на управување и прецизност, дури и во текот на спортското возење. BMW TwinPower турбо моторите и опционалниот 8-степен Steptronic Sport пренос обезбедуваат неверојатно уживање во текот на возењето. Овие и останатите BMW EfficientDynamics технологии овозможуваат импресивни перформанси и, истовремено помагаат при намалување на потрошувачката на гориво.

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

BMW Efficient Dynamics

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

Технологијата BMW EfficientDynamics овозможува подобра искористеност на секој литар гориво: подобри перформанси, подобра ефикасност и поголемо задоволство при возењето. Техничките иновации што придонесуваат за намалување на потрошувачката, а истовремено за зголемување на задоволството при возење означуваат дека чистата динамика е стандарден дел во секој BMW автомобил.

Динамика при возење на BMW Серија 3

СПОРТИСТ ВО ВРВНА ФОРМА.

Динамика при возење на BMW Серија 3.

СПОРТИСТ ВО ВРВНА ФОРМА.

Динамика при возење на BMW Серија 3.

8-СТЕПЕН STEPTRONIC SPORT ПРЕНОС.

8-степен steptronic sport пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC SPORT ПРЕНОС.

Автоматскиот 8-степен Steptronic Sport пренос се адаптира за да соодветствува на индивидуалните стилови на возење. Совршен е за се: од удобно крстарење до многу динамично возење. Освен автоматското избирање брзини, во секое време може рачно да се менуваат степените на пренос – опциски, со помош на Индикаторот за оптимални промени на степените. Возачот може да менува степени на пренос преку скратената рачка на менувачот или преку копчињата за менување степени на пренос на спортскиот кожен управувач.
Во SPORT режимот, промените на степените на пренос се конфигурирани за најдобри можни перформанси. Брзите промени на вртежите на моторот помеѓу степените на пренос овозможуваат моќно забрзување. Моторот секогаш ги одржува вртежите на моторот при кои, во секое време, може да испорача многу моќна снага. Функцијата на тргнување од место (Launch Control) го регулира идеалниот број вртежи и овозможува максимално забрзување при тргнување од место. При големи брзини, осмиот степен на пренос ја намалува брзината на моторот и, со тоа и потрошувачката на гориво, за што придонесува и новоразвиената конвертерска спојка. 8-степениот Steptronic Sport пренос функционира усогласено со моторот за да понуди непречени промени, врвна ефикасност и испорака на снага.

  • 8-степен Steptronic пренос

    8-степенскиот Steptronic пренос поставува нови стандарди во удобност и динамички перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Необично малите распони помеѓу степените на пренос ја олеснуваат оптималната испорака на снага при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво, а истовремено се овозможува возачот да ужива во подобри спортски и динамички перформанси. Вртежите на моторот се намалени, особено при големи брзини, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.
    Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Брзото менување степени на пренос и прецизно подесените брзини гарантираат неверојатно лесно менување.
    Интегрираните функции како што се предиктивниот погонски склоп, постојаното следење на движењето на возилото и сообраќајната ситуација значително влијаат врз начинот на работа на менувачот. Без разлика на тековниот режим на возење, системот секогаш ќе го селектира најсоодветниот степен на пренос. Единицата за контрола на преносот е поврзана со навигацискиот систем, па во зависност од рутата, предиктивниот погонски склоп менува помеѓу спортски режим на работа (SPORT) со брзи реакции и режим за поудобно возење со помалку промени (COMFORT).

BMW 340i седан.

BMW 340i седан

BMW 340i седан.

Неспоредлива испорака на снага и непречена работа се карактеристики на BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор од палетата BMW EfficientDynamics. Овој моќен трилитарски мотор ги комбинира Valvetronic целосно варијабилната контрола, вклучувајќи Double-VANOS, високопрецизното инјектирање и TwinScroll турбополначот за оптимално да ги наполни цилиндрите. Резултатот е: врвни перформанси од 240 kW (326 hp) и максимален вртежен момент од 450 Nm при 1,380–5,000 вртежи во минута.Тоа значи дека тој турбо бензински мотор го забрзува возилото од 0 до 100 км/час за неверојатни 5.2-5.1 секунди и ја постигнува максималната брзина од 250 км/час. Благодарение на различните интелигентни технолошки иновации, комбинираната потрошувачка е само 7.7 до 6.5 литри на 100 км, со CO2 емисии од само 179 до 152 г/км.
Погонскиот склоп ќе го израдува секој возач: оптимално ефикасен при испораката на високи перформанси на широк распон на вртежи со директна реакција, дури и на ниски вртежи на моторот, со други зборови типично за BMW мотор.

BMW 320d седан efficient dynamics edition

BMW 320d СЕДАН EFFICIENT DYNAMICS EDITION.

BMW 320d седан EfficientDynamics Edition со BMW TwinPower турбо 4-цилиндричен дизел мотор со капацитет од 2.0 литри поседува неверојатни вредности на потрошувачка на гориво и штедливост. Моторот генерира 120 kW (163 hp) при 4,000 вртежи во минута и испорачува максимален вртежен момент од 400 Nm помеѓу 1,750 и 2,500 вртежи во минута, овозможувајќи на BMW 320d седан EfficientDynamics Edition да достигне 100 км/час од место за 7.9 до 7.8 секунди. Комбинираната потрошувачка на гориво е само 4.3 до 3.8 литри на 100 км и CO2 емисиите изнесуваат само 113 до 99 г/км.
BMW TwinPower турбо 4-цилиндричен дизел мотор со капацитет од 2.0 литри има извонредни реакции, дури и при ниски вртежи на моторот, а за непречената работа опремен е со систем на инјектирање со заеднички вод (CommonRail) од новата генерација. Турбополначот со варијабилна геометрија нуди висок притисок и соодветно висок вртежен момент и моќен потисок на голем распон на вртежи.
Извонредната ефикасност на возилото делумно е последица на подобрениот пренос, приспособениот индикатор за оптимална промена на степените на пренос и бројни подобрувања на аеродинамиката.

Шасија

ШАСИЈА.

Кога се работи за динамиката на возење, BMW Серија 3 веќе со генерации поставува нови стандарди. Иновациите во технологијата на амортизери, редизајнираната шасија и софистицираното управување гарантираат значително поголемо задоволство при возење. Фино приспособеното потпирање ги подобри надолжните и попречните карактеристики. Тоа не се однесува само на стандардното потпирање,туку и на M Sport потпирањето и на Адаптивното М потпирање. Освен тоа, подобрена е прецизноста на управувањето, намалено е нишањето и оптимизирана е стабилност за одржување правец. BMW Серија 3 седан импресионира со своето извонредното прилепување на патот, совршено управување и неверојатна агилност и, истовремено нуди врвна удобност во секоја ситуација.

  • Адаптивно М потпирање

    Адаптивното М потпирање е поставено десет милиментри пониско и со тоа уште повеќе се зголемува целосниот динамички потенцијал на BMW Серија 3 возилото. Возачот може да ги приспособи карактеристиките на возење за да се овозможи начин на возење кој најмногу му одговара, од удобно возење до екстремно спортско возење. Без разлика кој режим ќе се избере, електрично контролираните амортизери на Адаптивното М потпирање за миг се приспособуваат за да одговараат на условите на патот. Системот користи бројни сензори кои ги мерат вибрациите на тркалата, како и брзината на возилото, за да се постигне оптимална амортизација и безбедност на возилото.
    За релаксирано возење предвиден е режимот COMFORT. Во режимот SPORT, потпирањето станува особено спортско со забележително потврди амортизери. За исклучително динамично возење, SPORT+ е најдобриот избор: ќе се активира DTC функцијата (Динамичка контрола на влечење), која овозможува поголемо пролизгување на погонските тркала за спортско возење за да се достигнат границите на динамиката на возилото. Сепак, DSC функцијата не е целосно исклучена, само интервенира подоцна, во рамките на границите на она што физички е возможно и безбедно, за да се стабилизира возилото.

  • Варијабилно спортско управување

    Варијабилното спортско управување со Servotronic овозможува директни агилни карактеристики на возење со минимален напор при вртење на управувачот. Системот реагира на аголот на управувачот со различни односи, независно од моменталната брзина. На тој начин, се намалува потребата за вртење на управувачот кога се врти при особено големи агли. Се карактеризира со варијабилно управување што зависи од брзината. Со ова, во голема мерка се подобрува агилноста и се подобрува управувањето при динамично возење низ остри свиоци и агли, или при скршнување заради избегнување пречки. Исто така, се олеснува паркирањето, вртењето и маневрирањето. Кај управување под мали агли, системот обезбедува одлична стабилност на одржување правец и многу висок степен на прецизност при управувањето.

  • BMW xDrive

    Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини, и во секој момент гарантира најдобро прилепување на гумите. xDrive и Динамичната контрола на стабилност (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распоредува погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло свртување или недоволно вртење во свиоци, а со тоа обезбедува неверојатно одржување правец. Уште повеќе, се гарантира брзо и сигурно забрзување дури и на лизгави или стрмни патишта. Во критични услови на патот, DSC не треба многу да интервенира. На тој начин, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала - прилепување, одржување правец и сигурно возење со класична BMW агилност.

Контрола на доживување при возење вклучувајќи ECO PRO режим

КОНТРОЛА НА ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ ВКЛУЧУВАЈЌИ ECO PRO РЕЖИМ.

Контролата на доживување при возење му нуди на возачот избор помеѓу COMFORT режимот на возење, за стандарден мотор, поставки за потпирање и пренос, ECO PRO режимот на работа кој е опремен за поголема ефикасност и SPORT режимот на работа кој овозможува уште подинамично возење или SPORT+ режимот кој ја поместува динамичноста до самите граници на возење. Во ECO PRO режимот на работа, карактеристиките на Steptronic преносот (ако има) како и поставките на загревање/климатизација се приспособуваат за да го направат возењето колку што е можно поекономично. ECO PRO режимот на работа ја намалува потрошувачката на гориво до 20 проценти. Понатаму, заштедата на гориво може да се постигне со употреба на режимот на ,,празен од” и ECO PRO Route, кој предлага ефикасна рута и го зема превид обемот на сообраќајот, како и индивидуалниот стил на возење и локалните услови за да предложи рута која ја оптимизира ефикасноста и ја намалува потрошувачката на гориво. Функцијата на ,,празен од” му овозможува на возилото да се движи во празен од со брзина до 160 км/час без работа на моторот кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас без сопирање.

 

Начинот на работа Comfort гарантира исклучителна удобност при возењето со соодветно приспособување на поставките на компонентите на потпирање. Во Sport и Sport+ начините на работа, сите поставки на погонскиот систем се приспособени за подинамично возење. Моторот е поспонтан во реакциите, степените на автоматскиот пренос се менуваат при повисоки брзини, точките кога треба да се промени степенот на пренос при рачниот пренос се прикажуваат подоцна и, општо земено, самото возило реагира подиректно и подинамично.

Интелигентно управување со енергија

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Интелигентното управување со енергија во BMW Серија 3 седан опфаќа технологии на BMW EfficientDynamics кои се дел од стандардната опрема, како Автоматската функција старт/стоп, Обновување на енергијата на сопирање, електричен серво управувач и Индикатор за оптимално менување степени на пренос. Овие технологии функционираат заедно и обезбедуваат одржлива мобилност и максимална ефикасност.

  • Автоматска старт/стоп функција

    Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возачот сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
    Сигнал на информацискиот дисплеј покажува кога Автоматската функција старт/стоп е активна. Веднаш штом возачот ќе го притисне на педалот од спојката (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува.
    Оваа функција не ги доведува во прашање удобноста и безбедноста при возењето бидејќи останува неактивна, доколку моторот не ја постигнал идеалната температура на работа, ако внатрешноста не е доволно загреана/оладена, доколку напонот на акумулаторот е премногу низок или ако се сврти управувачот. Доколку е потребно, централната контролна единица го рестартира моторот дури и кога возилото е запрено, на пример ако возилото се задвижи или ако ветробранското стакло се замагли. Со притискање копче, Автоматската функција старт/стоп може да се исклучи во секое време.

  • Обновување на енергијата на сопирање

    Обновување на енеријата на сопирање ја намалува потрошувачката на гориво и ја зголемува ефикасноста на погонскиот систем. Кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас или ќе го притисне педалот од сопирачката, електричниот мотор ја претвора кинетичката енергија на возилото во електрична енергија. Енергијата се складира во високонапонскиот акумулатор и може да се користи за напојување на електричниот мотор.

  • Електричен серво управувач

    Електричниот серво управувач оптимално го приспособува управувањето на моменталната брзина. Резултатот е директно и прецизно однесување на возилото при големи брзини и маневрирање без напор при паркирање. Управувачот користи енергија само кога тоа реално е потребно. Со ова се заштедува гориво и се намалуваат емисиите.
    Наместо хидрауличната пумпа, тој е придвижуван од електромотор. Во конвенционалниот систем, оваа пумпа мора постојано да биде придвижувана од моторот, но оваа електрична поддршка работи само кога управувачот се движи. При возење по прави патишта или при одржување на истиот агол на управување (на пример, на долги свиоци), електричниот мотор не е активен и не троши енергија. Со флексибилното подесување на управувачот, во согласност со ситуацијата на возење и брзината, се подобрува и удобноста при управување.

  • Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

    Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено при градско возење, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Компаративните тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.