ВО СОПСТВЕНА КЛАСА. ВО СЕКОЈА КЛАСА СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ.

BMW TwinPower турбо мотори на BMW Серија 3 седан.

Најнова технологија на вбризгување, целосно варијабилна контрола на перформансите на вентилите и најнова генерација на турбо полначи: сите бензински и дизел агрегати од BMW EfficientDynamics семејството мотори нудат импресивна снага – и исклучително ниска потрошувачка на гориво и емисии на штетни гасови. Особено динамичен: врвниот мотор во BMW 340i седан. Особено ниска емисија на гасови и потрошувачка на гориво: BMW 320d седан EfficientDynamics Edition и BMW 330e* седан – го претставуваат првиот хибрид во BMW Серија 3. (* Се очекува на пазарот во првата четвртина на 2016 година.)

BMW twinpower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на вбризгување гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линиски 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата „Мотор на годината“, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW 340i
  • BMW 340i xDrive
  • BMW 330i
  • BMW 330i xDrive
  • BMW 320i
  • BMW 320i xDrive
  • BMW 318i
BMW twinpower турбо дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати и по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисиите.  

  • BMW 335d xDrive
  • BMW 330d
  • BMW 330d xDrive
  • BMW 325d
  • BMW 320d
  • BMW 320d xDrive
  • BMW 320d EfficientDynamics Edition
  • BMW 318d
  • BMW 318d xDrive
  • BMW 316d