Линии и опрема за BMW Серија 3 седан

СЕСТРАН ИЗГЛЕД. УНИКАТЕН КАРАКТЕР.

Линии и опрема за BMW Серија 3 седан.

СЕСТРАН ИЗГЛЕД. УНИКАТЕН КАРАКТЕР.

Линии и опрема за BMW Серија 3 седан.

Екстра динамичен со Sport линијата. Ексклузивен и елегантен со Luxury линијата. Или екстремно атлетски со М Спорт пакетот. Секоја BMW линија му помага на BMW Серија 3 седан да го покаже својот непогрешлив карактер. BMW Individual опремата и оригиналните BMW додатоци ви овозможуваат дополнително подобрување на дизајнот, комфорот и функционалноста на вашиот BMW Серија 3 седан.

СЕСТРАН ИЗГЛЕД. УНИКАТЕН КАРАКТЕР. Линии и опрема за BMW Серија 3 седан.

Екстра динамичен со Sport линијата. Ексклузивен и елегантен со Luxury линијата. Или екстремно атлетски со М Спорт пакетот. Секоја BMW линија му помага на BMW Серија 3 седан да го покаже својот непогрешлив карактер. BMW Individual опремата и оригиналните BMW додатоци ви овозможуваат дополнително подобрување на дизајнот, комфорот и функционалноста на вашиот BMW Серија 3 седан.

ЛИНИЈА SPORT.

BMW Серија 3 седан со линија Sport зрачи со чиста динамика. Впечатливи дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај го заокружуваат моќниот изглед на надворешноста. А во внатрешноста, бројните детали создаваат дури и еден поатлетски профил.

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со осум ексклузивно дизајнирани лајсни во црна боја со висок сјај
    • Преден браник со специфични дизајнерски елементи во алуминиум и детали во црна боја со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со двојни краци тип 392, или како алтернатива 18-инчни тркала со двојни краци тип 397 двобојни, достапни и други типови тркала
    • „Sport Line“ лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во боја на каросерија, како алтернатива во црна боја со висок сјај
    • Водилки за прозорите и Б столб во црна боја со висок сјај
    • Браници со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај
    • Црно хромиран завршеток на издувната цевка

  • Внатрешност

    • Алуминиумски газишта на праговите, со „BMW“ натпис
    • Спортски седишта во платно „Corner“ антрацит со црвен акцент, или како алтернатива кожа Dakota корално црвена со црни детали, достапен и друг вид тапацир
    • Спортски кожен управувач со црвена контрастна опшивка, како алтернатива достапна и црна опшивка
    • Клуч со црвени детали
    • Инструмент табла со брзиномер и мерач на вртежи со хроноскала и уникатен дизајн на мерачите
    • Клима уредот и радиото со бисерно хромирани детали
    • Хромирани рамки на отворите за вентилација во предниот дел
    • Декоративни внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со акцент во корално црвена боја, или како алтернатива внатрешни декоративни елементи во алуминиум со надолжни резби со акцентирани бисерно хромирани детали, овие детали се протегаат до вратите, достапни и други украсни лајсни
    • Портокалово или бело амбиент светло  

LUXURY ЛИНИЈА.

Luxury линијата ја истакнува ексклузивната аура на BMW Серија 3 седан, како надвор така и внатре. Бројните хромирани апликации со врвен квалитет, ексклузивни кожни прекривки, внатрешни декорации од чисто дрво и многу други дизајнерски детали му даваат на возилото еден луксузен изглед.  

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со единаесет ексклузивно дизајнирани хромирани лајсни со висок сјај
    • Преден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со повеќе краци тип 414, или како алтернатива 18-инчни тркала со повеќе краци тип 416 двобојни, достапни и други типови тркала
    • „Luxury Line“ лого од страните на возилото
    • Рамки на страничните прозорци и вдлабнатини во прозорците во хром, Б столб во црна боја со висок сјај
    • Браници со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • Хромиран завршеток на издувната цевка

  • Внатрешност

    • Алуминиумски газишта на праговите, со „BMW“ натпис
    • Кожни седишта „Dakota“ со Saddle кафена боја со детали во кафена боја и кафени нијанси, достапен и друг вид тапацир
    • Кожен спортски управувач
    • Клуч со хромирани детали
    • Клима уредот и радиото со бисерно хромирани детали
    • Хромирани рамки на отворите за вентилација во предниот дел
    • Декоративни внатрешни лајсни од чисто дрво „Fineline“ антрацит со акцент во хромирана бисерна боја, тие се протегаат до вратите, достапни и други украсни лајсни
    • Портокалово или бело амбиент светло
    • Осветлен Б столб  

М СПОРТ ПАКЕТ.

BMW Серија 3 седан го има спортскиот дух во своите гени. Во комбинација со М Спорт пакетот, возилото не импресионира со дури и поголем атлетски изглед – благодарение на Аеродинамичниот М пакет, цврстото М Спорт потпирање, ексклузивните 18 или 19-инчни тркала од лесни легури и многу други додатоци како за внатрешноста така и за надворешноста.  

  • Надворешност

    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови, рамка на калникот и металик темен Shadow додаток на дифузорот на задниот браник
    • BMW полукружна маска со седум ексклузивно дизајнирани лајсни во црна боја со висок сјај
    • LED светла за магла
    • 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 400 М или 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 441 М во железно сива боја, 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 403 М двобојни железно сиви, полирани до висок сјај, 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 442 М двобојни Orbit сива боја, полирани до висок сјај
    • М Спорт потпирање, како алтернатива стандардна опрема или адаптивно М потпирање
    • Детали во BMW Individual Shadow Line со висок сјај како алтернатива брусен алуминиум
    • М лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во боја на каросерија
    • Хромиран завршеток на издувната цевка со висок сјај
    • Каросерија во ексклузивна сина металик боја „Estoril“, достапни се и други бои на каросерија

  • Внатрешност

    • М газиште на праговите
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на платно /алкантара „Hexagon“ антрацит со сини детали и М опшивка, достапен и друг вид тапацир
    • М кожен спортски управувач со мултифункционални копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Инструмент табла со брзиномер и мерач на вртежи со црвена хроноскала и црвен контрастен прстен
    • Клима уред и радио со хромирани детали
    • Декоративни внатрешни лајсни во алуминиум Hexagon со детали во мат сина боја или црна боја со висок сјај, овие детали се протегаат до вратите, достапни и други украсни лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Контрола Driving Experience со дополнителен SPORT+ режим на работа
    • М потпирач за стапалото на возачот
    • Портокалово или бело амбиент светло
    • Клуч со сини детали

BMW INDIVIDUAL.

Како и кај дијамантите, ексклузивноста не се мери со големината, туку со совршенството на секој детаљ. Оваа ексклузивност треба самите да ја откриете во BMW Individual изборот за BMW Серија 3 седан – заедно со уникатната можност да ја изразите сопствената личност.  

Израз на личноста.

  • BMW Individual боја на каросерија

    Најсветлата ѕвезда во својата класа: BMW Individual нуди широка палета на уникатни бои на каросерија за BMW Серија 3 седан. Еден светол пример е шампањ Quartz металик боја, со совршено нијансирана сива боја. Според тоа како паѓа светлината, оваа фасцинантна боја се менува од кафено-златна до сино виолетова, со што уште повеќе се нагласува ексклузивната естетика на возилото.

  • BMW Individual Merino кожа

    Повеќе простор за слободен израз: обемниот избор на кожна опрема од BMW Individual е достапна во пет бои за BMW Серија 3 седан и ја обложуваат внатрешноста во чист луксуз. Привлечноста е уникатна, благодарение на неспоредливиот квалитет на фино гранулираната кожа Merino, специјалните бои, сложените текстури како и милиметарски прецизните опшивки и совршени, рачно изработени пораби во контрастни нијанси. Инструмент таблата обложена со кожа е единствен начин уште повеќе да се издигне целокупниот впечаток на квалитет.
    Една посебна препорака, прикажана тука, е фино гранулирана кожа Merino во Amaro кафена боја со светли акценти усогласени со лајсните од чисто дрво. Изборот, секако, е ваш и фасцинантниот спектар на бои се движи од опално бела до кашмир беж и изразито црна боја.

  • BMW Individual внатрешни декоративни елементи

    BMW Individual нуди три рачно изработени внатрешни лајсни, секоја од нив впечатлива на прв поглед. Сложените шари во пепелно бело чисто дрво создаваат привлечен контраст, особено со темните бои на кожата. Овие лајсни рачно се избираат и се поставуваат со исклучителна вештина, додека суптилноста на природните шари се истакнува преку завршниот слој со висок сјај. Класична алтернатива е чисто дрво во темно кафена боја на чинар. Покрај овие карактерни избори, постои и варијанта на пиано црна боја, со површина со висок сјај која може да се спореди само со оние на пиано произведено од врвните производители.  

  • Повеќе BMW Individual опрема

    BMW Individual 19-инчни тркала од лесни легури со V краци тип 626 I веднаш прикажуваат еден убедлив динамичен став. Естетски детаљ: дискретен ласерски гравиран натпис BMW Individual. Уште една опција: BMW Individual 19-инчни тркала од лесни легури со V краци од типот 439 I.
    Чувство на задоволство при возење: BMW Individual кожен управувач инспирира со кожа од врвен квалитет и одлично држење во рацете. Друг важен елемент: дискретно вметната плочка со изгравиран BMW Individual натпис.
    Пријатно за очите: инструмент табла обложена со кожа од колекцијата на BMW Individual и дава на внатрешноста нова димензија на квалитет.  

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Со оригиналните BMW додатоци, можете да го истакнете индивидуалниот стил на вашиот BMW Серија 3 седан. И уште повеќе да го нагласите неговиот комфор и флексибилност. Тука ќе најдете избор на практични производи со висок квалитет.

  • Додатоци за внатрешност и надворешност

    Висококвалитетните 20-инчни тркала од лесни легури двобојни во Orbit сива боја, ковани, полирани до висок сјај и со привлечен, спортски изглед. Единечно предно тркало, големина 8Ј х 20, без гума.
    Совршено поставени и отпорни, елегантно дизајнирани патосници со испакнати рабови го штитат просторот за нозе од нечистотија и влага и ги чуваат нозете суви. Нивната црна боја совршено одговара со внатрешноста.
    Газиштата на праговите со осветлен знак „BMW“ автоматски емитуваат блага светлина кога се отвораат вратите. Нивните батерии за LED осветлување имаат рок на траење до три години. Менувањето батерии е лесно како и инсталирањето на газиштата на праговите.
    Дополнително греење со високи перформанси обезбедува пријатна температира во внатрешноста на возилото дури и пред да почнете да возите и тоа без смрзнати или замаглени прозорци. Може да се контролира со далечински управувач Т91 или Т100, или (без оглед на растојанието) преку компатибилен смарт телефон со BMW Thermo Call апликација.
    Закачалката за облека на Travel & Comfort системот во привлечен BMW дизајн ви дава можност да закачите облека на задниот дел од наслонот на седиштето. Благодарение на базниот држач, таа лесно се закачува и може да се користи и надвор од автомобилот (во хотел).
    Носачот се закачува меѓу прачките на потпирачот за глава и дава сигурна основа за сите компоненти на модуларниот Travel & Comfort систем. Закачалка за облека, масичка на преклоп, универзална кука, држач за Apple iPad™ или Samsung Galaxy Tab лесно може да се постават на држачот поради елементите за прикачување.  

  • Транспорт

    Покривниот носач може да се употреби со сите BMW системи на носачи и покривни багажници. Тој лесно се поставува и е усогласен со највисоките стандарди во поглед на квалитетот и безбедноста, благодарение на својата крута конструкција и системот за заклучување кое го заштитува од кражба.
    Носачот за тркачки велосипеди кој може да се заклучи со системот за брзо заклучување овозможува безбеден транспорт на тркачки велосипеди. Направен е од многу цврст алуминиум и располага со едноставен систем на брави за прицврстување на велосипедите. Достапен е и посебен држач за предно тркало.

  • Информации и комуникација

    Адаптерот за мобилни телефони Snap-in е сигурен и безбеден систем за приклучок и безбедно чување на мобилни телефони како што се Apple, Samsung, Nokia, Motorola и други. За оптимален прием на мрежа, мобилниот телефон е поврзан со надворешната антена преку адаптерот Snap-in. Во зависност од опремата во возилото, достапни се адаптери Basic, Music, Media, Connect и Connect Universal. Со овие адаптери, музиката што ја имате во мобилниот телефон може да се репродуцира преку звучниците од автомобилот. Тие исто така овозможуваат лесно ракување преку iDrive контролата, мултифункционалните копчиња на управувачот или на радиото.