НЕПОБЕДЛИВ СПОРТСКИ ДУХ СО ФАКТОР НА УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Удобност и сигурност во BMW Серија 3 седан.

BMW Серија 3 Ви нуди сè што Ви е потребно за да се потпрете во седиштето и да се релаксирате. Пространата внатрешност со многу можности за сместување го претвора секое патување во неверојатно удобно искуство. Флексибилниот простор за багаж обезбедува неверојатна функционалност. Одличната заштита на патниците овозможува безгрижно патување на сите патници.

Бесконтактно отворање на задната врата

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ЗАДНАТА ВРАТА.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу кеси од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Тоа повеќе не е потребно, благодарение на иновативниот систем за удобен (лесен) пристап кој овозможува бесконтактно отворање на задната врата: Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање.
Вратата тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат просторот за багаж. Оваа иновативна карактеристика го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и полесно. Пристапот е овозможен кога системот ќе го регистрира присуството на авторизиран клуч од возилото.

КОНЦЕПТ НА СМЕСТУВАЊЕ.

Без оглед дали се работи за смарт телефон, пијалак или мали предмети – BMW Серија 3 седан има доволно простор за сите Ваши работи. Централната конзола содржи држач за два пијалака, а лизгачкиот капак кога е затворен може да се користи како дополнителна површина за сместување предмети. Во предните врати може да се сместат шишиња до еден литар.
Опцискиот пакет со прегради нуди уште повеќе можности за сместување. На инструмент таблата од страната на возачот има преграда, мрежи на задниот дел од предните седишта како и две куки за кеси. Исто така, има и мрежа во просторот за багаж и лента за прицврстување. Пакетот, исто така, вклучува и корисна мрежа на подот од багажникот, преграда за сместување под подниот дел од багажникот и 12 V приклучок во задниот дел.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

Со капацитет од 480 литри, просторот за багаж на BMW Серија 3 седан е доволно простран за да ги задоволи Вашите секојдневни потреби. Опцискиот систем за товарање со потпирачот за грб на задните седишта кој може да се превитка во однос 40:20:40 се обезбедуваат зголемени можности за транспорт, затоа што седиштата во просторот за багаж може да се модификуваат за да одговараат на Вашите потреби. Средниот дел на задната клупа и делот зад седиштето на патникот на предното седиште може посебно да се превиткаат. Седиштето зад седиштето на возачот се превиткува заедно со средниот дел. На овој начин, BMW Серија 3 седан може да се натовари и истовари со неверојатна флексибилност. Двата патника може удобно да седат на задните седишта, и истовремено може да се транспортираат и долги предмети (на пример, торби за скии и даска за скијање).

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Пасивна безбедност

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Секој BMW автомобил доаѓа со пакет интелигентни мерки на безбедност кои имаат за цел минимизирање на ризикот од незгода – за да бидете секогаш во сигурни раце. Со робусна структура, поддршката со голем капацитет и интелигентната употреба на специјализираниот челик со голема јачина гарантираат максимална ригидност на одделот со патници, додека целокупната тежина се одржува на минимум.
Силите што се создаваат при судир се спроведуваат подалеку од патничката кабина до другите делови од каросеријата на возилото, како што е подвозјето, страничните рамки, преградата за просторот на моторот и покривот, каде се апсорбираат по пат на зони на деформации на предниот и задниот дел. Во случај на страничен судир, патниците се заштитени со засилени структури во B-столбовите и страничните прагови, многу цврстата заштита во вратите, како и стабилните пречки од седиштата.
На предниот дел од возилото многу карактеристики се наменети за заштита на пешаците. Помеѓу браникот и каросеријата вграден е амортизер кој го намалува ризикот од повреди во случај ако браникот удри во нога од пешак. Капакот од моторот е опремен со деформациски елементи кои ја апсорбираат силата на ударот и формираат зона на гужвање.