ИМА СЀ. НИШТО НЕ НЕДОСТАСУВА.

BMW ConnectedDrive услуги и апликации во BMW Серија 3 седан.

Во BMW Серија 3 седан Ве очекува врвна удобност. Со услугите и апликациите од палетата BMW ConnectedDrive, дополнително ќе се засили чувството на задоволство. На пример, возилото може да се претвори во Ваша лична подвижна канцеларија. Исто така, сè што нуди интернетот директно е достапно во BMW Серија 3 седан, и, никогаш нема да бидете изненадени од неочекуваниот сообраќаен метеж. Но, ако тоа се случи, автоматски Ви е достапна брза поддршка.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услугите се основа за функциите BMW ConnectedDrive кои му овозможуваат на возачот широк опсег информации, забава и услуги додека патува.
Понудата опфаќа BMW Online со што се обезбедува пристап до тековната локација врз база на информација за локацијата како што се временски услови и вести, како и онлајн пребарување овозможено од GoogleTM и практични канцелариски функции. Во менито со апликации, исто така, може да се состави индивидуализирана палета услуги како што се веб камери, паркинг информации и водичи за патувања и хотели. Вклучен е и едноставен, безбеден и неограничен пристап до избраните апликации на смарт телефонот. ConnectedDrive услугите, исто така, овозможуваат пристап до BMW ConnectedDrive продавницата каде може да нарачате или да продолжите услуги и апликации во кое било време или место, според индивидуалните потреби. ConnectedDrive услугите нудат многу повеќе слични опции и го прават секое патување во BMW вистинско уживање.

ConnectedDrive услуги.

  • BMW ConnectedDrive продавница

    Во продавницата на BMW ConnectedDrive во секое време и место можете да купите услуги и апликации што одговараат на секоја потреба. Овие услуги може флексибилно да се изберат и нарачаат во секое време, по купувањето на BMW возилото. Со ова им се овозможува на клиентите да изберат од палетата на сите достапни BMW ConnectedDrive услуги и апликации директно од возилото, во секое време, врз база на нивните потреби.
    Услугите и апликациите што може да се нарачаат во BMW ConnectedDrive продавницата се посебно развиени за да одговараат на потребите и барањата на возачите на BMW возилото. Исто така, времетраењето на посебните услуги може да се избере. Со ова се овозможува клиентите да нарачаат услуги за определен период на време, на пример за време на нивниот одмор.
    До продавницата BMW ConnectedDrive може да се пристапи директно од возилото или преку My BMW ConnectedDrive онлајн корисничкиот портал. Новите нарачани услуги и апликации потоа се пристапни од возилото, кратко по нивното избирање и купување. BMW ConnectedDrive продавницата во секое време нуди ажурирани информации за изборот на достапни услуги и апликации.

  • Апликации

    Функцијата на апликации е платформа што овозможува едноставна употреба на апликациите на селектиран смарт телефон во BMW возилата. За да се направат достапни различните апликации за корисниците, BMW не само што разви сопствени апликации, како што се BMW Connected App и BMW M laptimer, туку и блиску соработува со партнери како Spotify, Napster, GoPro, Deezer и Audible, така што овие апликации може сигурно да се искористат во возилото.
    Едноставно поврзете компатибилен смарт телефон со возилото преку snap-in адаптер или USB кабел. Аудиото се репродуцира преку звучниот систем на возилото. Сите апликациски функции може практично да се управуваат преку iDrive Controller. Селекцијата на апликациите достапни за употреба во возилото постојано се проширува благодарение на блиската соработка помеѓу BMW и големиот број добавувачи. За повеќе информации видете на www.bmw.com/apps.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ПРИ ИТЕН СЛУЧАЈ.

Интелигентниот повик при итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку незгодата се случила со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси (на пример), системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.

Интелигентен повик при итен случај.

ФУНКЦИЈА НА КАНЦЕЛАРИЈА.

BMW ConnectedDrive го претвора вашиот BMW автомобил во канцеларија. Чувствувајте се удобно и приспособете ја Вашата канцеларија во вашето возило. Со BMW ConnectedDrive може да примате, читате и да одговарате на електронската пошта.

BMW Online Office и диктирање пораки.

  • Bluetooth Office

    Bluetooth Office системот Ви овозможува поефикасно да го минете времето во возилото. Преку уредите кои подржуваат Bluetooth, секојдневните обврски може едноставно да се организираат додека сте во движење. Најважните канцелариски функции на компатибилни смарт телефони, како што е електронска пошта, состаноци, задачи и текстуални пораки се прикажуваат на контролниот дисплеј и на барање може да бидат прочитани гласно, и преку аудио звучниците. Списокот на сите компатибилни уреди е достапен на www.bmw.com/bluetooth.

  • BMW Online Office

    Со помош на BMW Online Office, времето поминато во возилото може поефикасно да се искористи: овој систем Ви овозможува да примате, читате и да одговарате на електронската пошта додека сте на пат. Покрај сеопфатната функција за уредување и испраќање електронска пошта од контролниот дисплеј, електронската пошта може, исто така, да се прочита гласно преку функцијата текст–во-говор и може да биде диктирана со помош на системот за гласновно препознавање.
    Поштенското сандаче користи постојна адреса на електронската пошта и може да се приспособи само во неколку чекори од кој било персонален компјутер со употреба на ,, My BMW ConnectedDrive” корисничкиот портал. Избраните провајдери на електронска пошта, исто така, може да се приспособат како BMW Online Office поштенски сандачиња во возилото. Доколку поседувате неколку сметки на електронска пошта кај истиот провајдер, тие ќе бидат јасно прикажани во менито. Еднаш кога ќе се постави, целата електронска пошта ќе стигнува до возилото без доцнење или грешки.  

  • Диктирање пораки

    Понесете ја Вашата канцеларија со Вас: со канцелариските функции може да ја користите електронската пошта и функцијата на испраќање пораки на Вашиот Bluetooth смарт телефон во Вашето возило.
    Диктирањето порака ги претвора изговорените пораки во текст кој потоа може да го испратите со електронска пошта или како текстуална порака со употреба на смарт телефон поддржан од Bluetooth. Со навигацискиот систем Professional, Bluetooth поврзувањето и ConnectedDrive услугите, повеќе не мора да го држите телефонот во рака. За информации за Bluetooth компатибилноста на Вашиот смарт телефон и другите мобилни крајни уреди, погледнете на www.bmw.com/bluetooth.
    Диктирањето порака е достапно бесплатно првите 60 дена. За да продолжите со употреба на оваа функција, потребен е договор со Nuance®.

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI) ги обезбедуваат најновите сообраќајни информации во секое време. Прецизните детали за локацијата и времетраењето на доцнењата се пренесуваат за возачот да биде информиран, практично во реално време, за тековната состојба на сообраќајот на патиштата, споредните патишта или за многу рути во рамките на градот. Интелигентни совети во поглед на алтернативните патишта му помагаат на возачот да стигне до својата дестинација што е можно побрзо и со што помалку потрошено гориво. Податоците се влечат од такви извори како анонимни профили на движење од GPS податоците на возните паркови, апликации на смарт телефони и полициски известувања, и, исто така, се земаат предвид утврдените сообраќајни шеми во текот на најголемите сообраќајни гужви.
Сообраќајните информации јасно се прикажуваат со патиштата означени со зелена, жолта, портокалова и црвена боја.

Сообраќајни информации во реално време.

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Секој кој некогаш сакал да знае какво е чувството да се има личен батлер, еве ја можноста: со Консиерж услугите од BMW ConnectedDrive. Со притискање копче возачот е поврзан со агентот од кол-центарот на BMW кои има улога на ,,личен асистент”.
Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок.  

Консиерж услуга.

ОНЛАЈН ЗАБАВА.

Совршена музика за секоја ситуација, секој пат и секое расположение. Онлајн забавата нуди директен и неограничен пристап до милиони музички наслови во BMW Серија 3 возилото, сето тоа без смарт телефон или други уреди. На располагање се многу музички нумери за секој вкус. Веднаш штом ќе заврши одредена нумера или албум во возилото, тие автоматски се префрлаат на хард дискот од возилото. За гарантирано уживање при слушање музика без никакви пречки.
Со пакетот на Онлајн забавата, може да се отвори сметка со паушален износ и без дополнително плаќање кај кој било BMW музички партнер, на пример во Napster. Оваа услуга е достапна во шест различни европски држави: Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Холандија.  

Online забава.

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Со далечинските услуги и бесплатната апликација My BMW Remote (достапна во Apple App Store и Google Play продавницата), од далечина може да се управуваат различните функции поврзани со возилото, како што се заклучување и отклучување на возилото. Исто така, адресите на дестинациите може директно да се пренесат со употреба на Google™ пребарувачката машина во навигацискиот систем, доколку е достапен. Исто така, може да се прикаже и локацијата на возилото. За да се користи оваа карактеристика, клиентите едноставно треба да ги активираат далечинските услуги во My BMW ConnectedDrive корисничкиот портал на www.bmw-connecteddrive.com.

Далечински услуги.

ИНТЕРНЕТ.

Опцијата на интернет обезбедува пристап до мрежата на контролниот дисплеј со висока резолуција од BMW Серија 3 возилото. Возачот може да го користи интеренетот исто како на домашниот компјутер со целосна UMTS брзина. URL се внесува едноставно и практично со употреба на iDrive Controller или се избира од листата со означувачи за брз пристап.
Со паушален износ за интернетска употреба, корисниците може да сурфаат низ интернетот директно од возилото, во својата земја (нема роаминг). Веб страниците се прикажуват на Контролниот дисплеј. Во возила со забава за задните седишта Professional, патниците во задниот дел од возилото може да користат интернет преку рамните екрани вградени во предните седишта.