Комфор и функционалност на BMW Серија 3 Touring

МНОГУ ПРОСТОР ЗА ВАШИТЕ ИДЕИ.

Комфор и функционалност на BMW Серија 3 Touring.

МНОГУ ПРОСТОР ЗА ВАШИТЕ ИДЕИ.

Комфор и функционалност на BMW Серија 3 Touring.

МНОГУ ПРОСТОР ЗА ВАШИТЕ ИДЕИ.Комфор и функционалност на BMW Серија 3 Touring.

Без оглед на тоа дали го користите за секојдневни активности, викенд екскурзии или за вашиот годишен одмор - BMW Серија 3 Touring секогаш е идеално возило кое нуди врвен комфор. Просторната внатрешност со изобилство места за скалдирање го претвора секое патување во едно релаксирано искуство. Пространиот багажен простор има извонредна флексибилност. И интелигентната заштита на патниците гарантира смирувачко чувство каде и да седите.

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ.

Бесконтактно отворање и затворање на вратата од багажникот

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ И ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу кеси од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Ова станува непотребно со иновативниот систем за комфорен пристап, кој – заедно со автоматско управување на задната врата – овозможува бесконтактно отворање на вратата од багажникот. Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат багажникот. Оваа карактеристика овозможува полесно работење и товарење на багажникот. Системот дозволува пристап само откако ќе го идентификува соодветниот клуч за автомобилот.

КОНЦЕПТ НА СКЛАДИРАЊЕ.

Без оглед на тоа дали оставате смарт телефон, пијалаци или мал багаж – BMW Серија 3 Touring има доволно простор за складирање. Централната конзола содржи држач за два пијалака и кога капакот ќе се затвори, може да се користи како дополнителен простор за складирање. Во внатрешниот дел на предните врати може да се стават шишиња со капацитет до еден литар.
Опционалниот пакетот на просторот за складирање нуди уште повеќе можности за складирање. Тој го опфаќа просторот за складирање на страната на возачот кај инструмент таблата, мрежите на задниот дел од потпирачите за грб од предните седишта, како и две куки за торби. Исто така има и мрежа за складирање и лента за прицврстување во багажникот. Пакетот исто така вклучува различни мрежи за долниот дел на багажникот, преграда во багажникот под подот и 12V приклучок за напојување во задниот дел.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

Багажникот на BMW Серија 3 Touring совршено е подготвен да одговори на секој предизвик – од лесен багаж до тешки, кабасти предмети. Дури и кога се исправени наслоните на задните седишта, тој има 495 литри капацитет на простор. Кога наслоните се целосно спуштени, овој капацитет се зголемува на импресивни 1500 литри. Со стандардната карактеристика на пренесување долги предмети, задните седишта може да се поделат во сооднос 40:20:40, овозможувајќи седиштата и багажникот да се модифицираат според вашите потреби. Средниот сегмент за седење и сегментот од истата страна на предното седиште може одделно да се преклопат. Сегментот за седење од страна на возачот се преклопува заедно со средното седиште. На овој начин, BMW Серија 3 Touring може да се товари и истовари со извонредна флексибилност. Двајца патници може да седат во задните седишта додека, во исто време, се превезуваат и долги предмети (како скии или даска за скијање). BMW Серија 3 Touring исто така е единственото возило во својата класа со заден прозорец кој одделно се отвора, со што товарењето е многу полесно.

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Пасивна безбедност

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Секое BMW возило доаѓа со пакет на интелигентни безбедносни мерки наменети за намалување на ризикот од несреќи – и за добивање она прекрасно чувство дека сте во безбедни раце. Цврстата конструкција на кабината, големи потпорни структури и интелигентната употреба на специјализиран челик со голема цврстина обезбедуваат максимална крутост на сигурносната патничка кабина, додека целата тежина се сведува на минимум.
Силите на судирот се канализираат од патничката кабина во други делови од каросеријата на возилото, како што се подвозјето, страничните рамки, преградата на моторот и покривот, каде се апсорбираат со зоните на деформација во предниот и задниот дел. Во случај на страничен удар, патниците се заштитени со засилената конструкција на Б столбовите и страничните прагови, крутата странична заштита во вратите, како и со стабилната прачка во седиштата.
Во предниот дел од возилото може да се најдат разни елементи за заштита на пешаците. Во предниот дел меѓу браникот и каросеријата, вграден е амортизер кој ја намалува можноста за повреди во случај да се удри во нозете на пешакот со браникот. Хаубата е опремена со деформациски елементи кои ја апсорбираат силата на ударот, создавајќи зона на сплескување.