Дизајнот на BMW Серија 3 Touring

СПОРТСКИ ОДНАДВОР. ПРОСТОРЕН ОДВНАТРЕ.

Дизајнот на BMW Серија 3 Touring.

СПОРТСКИ ОДНАДВОР. ПРОСТОРЕН ОДВНАТРЕ.

Дизајнот на BMW Серија 3 Touring.

СПОРТСКИ ОДНАДВОР. ПРОСТОРЕН ОДВНАТРЕ.Дизајнот на BMW Серија 3 Touring.

Непогрешливата комбинација на динамика, елеганција и сестраност го прават BMW Серија 3 Touring најспортски член во својата класа. Со типичните карактеристики на семејството BMW Серија 3, возилото ја одржува дизајнерската традиција на BMW марката: долга хауба, кратки испусти, долго меѓуоскино растојание и патнички дел повлечен наназад. На овој начин, BMW серија 3 Touring на сите времиња продолжува да предводи во својата класа возила.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Спортско-елегантната надворешност е хармонично координирана, пренесувајќи естетика и динамика штом ќе го забележите. Со хоризонталните лајсни, комплексно дизајнираните отвори за воздух во предниот браник се комбинираат со предните светла за да го нагласат широкиот став на патиштата. Како опција, двојните тркалезни предни светла со интегрираните прстени се достапни во LED технологија.
Но не е само предницата привлечна. Впечатливо обликуваниот заден браник има две хоризонтални линии и задните светла со LED технологија се поставени широко, со што обезбедуваат BMW Серија 3 Touring да го задржи својот непогрешлив изглед и ноќе.
Верзијата со Luxury Line во платинесто сребрена металик боја и со 18-инчните тркала од лесни легури е само една од многуте можности што придонесуваат кон личната нота на BMW Серија 3 Touring – секоја од нив го нагласува уникатниот спортски карактер на возилото.

ДИЗАЈН НА LED СВЕТЛАТА.

Покрај стандардните задни светла во LED технологија, предните светла и светлата за магла на BMW Серија 3 Touring исто така се достапни со LED единици.

  • LED предни светла

    Сите светлосни функции во LED предните светла со светлата за дневно возење, паркинг светлата и трепкачите работат со LED технологија. Долгите и кратките светла се состојат од 10 силни LED диоди. Предните светла доаѓаат со автоматски прилагодување на должината на снопот светлина, одлично го осветлуваат патот пред вас и со тоа ја подобруваат безбедноста ноќе и при лоши временски услови.
    LED (диоди што емитуваат светлина) се карактеризираат со долг век на траење и трошат 50 проценти помалку енергија од конвенционалните светла. Тие исто така помагаат да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на штетните гасови. Покрај тоа, светлината што ја произведуваат е многу слична на дневната светлина и е пријатна за очите. Рамните надворешни контури на LED предните светла исто така го нагласуваат атлетскиот стил на автомобилот.

  • Адаптивни LED предни светла

    Адаптивните LED предни светла се карактеризираат со сноп светлина кој автоматски се прилагодува на брзината на возење, динамички осветлувајќи го патот пред вас. Покрај трепкачите и дневните светла, тие ја вклучуваат и функцијата на адаптивни предни светла со променлива распределба на светлината во градски услови и на отворен пат, аголните светла, како и BMW селективен зрак (спречува заслепување на возилата од спротивната насока), кој автоматски се менува меѓу кратки и долги светла. Ова му овозможува на системот да дава оптимално осветлување на патот во сите услови.
    Во темница, подвижните предни светла му помагаат на возачот да види подалеку во свијоците штом ќе се сврти управувачот. За да се подобри видливоста на кратки растојанија, аголните светла автоматски се активираат штом ќе се вклучат трепкачите или ќе се сврти управувачот – дури и кога возилото стои статично. Адаптивните предни светла обезбедуваат оптимално осветлување на патот и значително ја подобруваат безбедноста.
    BMW селективниот зрак му овозможува на возачот да ги остави долгите светла кога се потребни и да обезбеди оптимални визуелни услови ноќе. Системот ја набљудува присутноста на возилата пред вас или сообраќајот што доаѓа и ги прилагодува долгите светла за да избегне заслепување на другите учесници во сообраќајот.

  • LED светла за магла

    LED светлата за магла ја зголемуваат видливоста на кратки растојанија во услови на магла или дожд, подобрувајќи ја безбедноста при возење ноќе. Покрај широкиот сноп светлина, тие се забележителни по бојата на нивната светлина – која е доста слична со дневната светлина – нивниот долг век на траење и мала потрошувачка на енергија.
    Во исто време, LED светлата за магла под предните светла создаваат еден технички напреден, модерен изглед за веќе впечатливиот преден дел на BMW Серија 3.


  • Задни светла со LED технологија

    Задните светла со светлински елементи во LED технологија се состојат од индивидуални LED светлински елементи со високи перформанси и имаат карактеристична L-форма. Тоа го зацврстува BMW идентитетот на задниот дел и го прави возилото препознатливо како BMW дури и во темница.
    Големите трепкачи и LED светла од сопирачката исто така имаат голема улога во безбедноста на BMW Серија 3.

ПАНОРАМСКИ СТАКЛЕН ПОКРИВ.

Панорамскиот стаклен покрив овозможува атрактивен поглед и пропушта многу светлина во внатрешноста, со што се добива еден особено просторен и отворен амбиент. Доколку сончевата светлина е многу јака, едноставно и лесно, електричната ролетна може да се затвори. Со своите функции на лизгање и подигање, панорамскиот стаклен покрив дава разни опции за одлична вентилација. Доколку стаклениот покрив е поставен во положба на проветрување, ролетната автоматски се повлекува за да овозможи соодветен проток на воздух. Интегрираниот штитник од ветер автоматски се подига за да ја сведе турбуленцијата при возење на минимум кога е отворен покривот.

ДИЗАЈН НА ВНАТРЕШНОСТА.

Штом ќе седнете во BMW Серија 3 Touring, веднаш ја забележувате ориентацијата на возачот и извонредниот квалитет на материјалите. Внатрешноста е просторна, со практични можности за складирање и функционална, отворена инструмент табла. Во исто време, со неа доминира елеганција и динамика. Бројните хромирани елементи како и површините во црна боја со висок сјај го нагласуваат извонредниот квалитет. Во типичен BMW стил, кабината е ориентирана систематски кон возачот со што станува лесна за управување.
Секој ергономски предизвик беше совладан со најголемо внимание и грижа. Најдобриот пример е 8.8-инчниот контролен дисплеј на опционалниот систем за навигација Professional: самостоен над ценралната конзола, тој оддава изглед и чувство на висок квалитет. Централната конзола има држач за два пијалака и може да се преврти и кога е затворен, може да се користи како површина за складирање. Само два од многуте детали во целосниот концепт кој совршено ги комбинира спортскиот карактер со флексибилноста.

МАТЕРИЈАЛИ СО ВИСОК КВАЛИТЕТ.

Префинетиот дизајн и врвната изработка на внатрешноста е очигледна уште на прв поглед. Опционалните спортски седишта се достапни, на пример, во кожа „Dakota Saddle“ во кафена боја со проширени елементи во кафена боја. Тие може да се надополнат со внатрешни декоративни лајсни во пепеласто гранулирани елементи со метални детали и акцентирани бисерно хромирани елементи кои се протегаат во внатрешноста на сите четири врати.
Кабината е збогатена со бројни хромирани детали, вклучувајќи ги оние на класичната инструмент табла и на отворите за вентилација. Лајсните околу клима уредот и единиците за контрола на радиото се во црна боја со висок сјај. Како дел од опционалниот пакет за осветлување, амбиент светлината ја осветлува внатрешноста сосема елегантно и стилски со комбинација на директна и индиректна светлина.
Врвната ексклузивност е обезбедена со BMW Individiual: внатрешни декоративни лајсни од чисто дрво пепелаво бела гранулирана боја или BMW Individual кожни декорации „Merino“ ситно структурирани во бои како што се кашмир беж или амаро кафена боја додаваат луксузна нота на внатрешноста и го зголемуваат квалитетот на едно повисоко ниво.