ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ИНТЕЛИГЕНТЕН НАЧИН ЗА ПОГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW ConnectedDrive Driver системи за помош при возење во BMW Серија 3 Touring.

Колку повеќе се фокусирате на возењето, повеќе ќе уживате во истото. Заради тоа, BMW Серија 3 Touring Ве ослободува од многу обврски. Системот за помош при возење Ве предупредува за претстојни опасности. Professional навигацискиот систем гарантира дека нема да имате непријатни изненадувања, дури и по непознатите патишта. Со помош на останатите системи во возилото, паркирањето е поудобно од кога и да било порано.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање.
Предупредувањето за напуштање лента на брзина над 70 км/час ги регистрира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со лесно градско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на лесно градско сопирање регистрира пешаци. Ако возилото пред Вашето ненадечно закочи, BMW Серија 3 веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за контролата на приближување. Системот функционира во чекори. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, кој ќе почне да трепка во следната фаза, а потоа се слуша акустичен звук и на крај системот самиот почнува лесно да сопира (при брзини до 60 км/час). При брзини од приближно 10 и 60 км/час, Предупредувањето за лица емитува предупредување во случај на непосредна опасност. Доколку системот треба да интервенира, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција. Во случај на опасност, системот ги активира сопирачките. Оваа функција може да биде ограничена поради темнина и магла.

АКТИВЕН ТЕМПОМАТ (КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА) СО STOP&GO ФУНКЦИЈА.

Активен темпомат (контрола на брзината) со Stop&Go функција.

АКТИВЕН ТЕМПОМАТ (КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА) СО STOP&GO ФУНКЦИЈА.

Темпоматот(контрола на брзината) со функција Stop&Go, вклучувајќи и контрола на приближување со радар и функција на сопирање нуди поголема удобност и безбедност во сообраќаен метеж. Системот одржува брзина која возачот ја избрал, како и оддалеченост од возилото пред Вашето. Возилото го контролира забрзувањето и сопирањето и ја одржува претходно определената оддалеченост до возилото пред Вашето, дури и при бавно движечи сообраќај до целосно запирање во сообраќаен метеж. Доколку Вашето возило се приближи до тоа пред Вашето, или ако друго возило се престрои пред Вашето, системот прецизно ја приспособува брзината за да го земе предвид возилото пред Вашето. Системот може да се активира при брзини до 210 км/час.
Stop&Go функцијата не само што автоматски ја регулира брзината до целосно запирање, туку и автоматски повторно забрзува до саканата брзина во рамките на ограничен временски период, веднаш штом условите во сообраќајот тоа ќе го дозволат.
Ако возилото пред Вашето нагло закочи, Вашето BMW возило веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето. Системот функционира во фази. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, потоа симболот почнува да трепка и се слуша звучен сигнал, а на крај сопирачките нагло се активираат.

BMW Head-Up дисплеј

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е моменталната брзина -во зависност од опремата- инструкциите од навигацискиот систем, информациите за ограничување на брзината, вклучувајќи го индикаторот за забрана за претекнување, телефонските листи и листите со забава се прикажуваат заедно со информациите и предупредувањата од другите системи за помош при возење.
Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа приближно 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат и без одземање на вниманието.
Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен ноќен и дневен дисплеј, а висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере, покрај моменталната брзина и предупредувањата од системите за помош, кои информации да се прикажат.

ПАРКИРАЊЕ.

Интелигентни системи за полесно маневрирање при паркирање се достапни како дополнителна опрема за BMW Серија 3 Touring. Корисни системи за помош како што е задната камера, системот за помош при паркирање и системот за поглед на околината ја зголемуваат удобноста при паркирање-особено при тесни паркинг места и околности во кои прегледноста е ограничена.

  • Задна камера

    Задната камера му овозможува на возачот при маневрирање и паркирање на Контролниот дисплеј да го следи просторот зад возилото. Задната камера ја подобрува видливоста при движење наназад и брзина под 15 км/час, на пример при паркирање.
    Линиите водилки и обоените препреки што се прикажуваат на Контролниот дисплеј прикажуваат дали избраниот паркинг простор е доволно голем за возилото што го прави паркирањето полесно. Кога управувачот е свртен докрај, системот прикажува црвени кружни линии и зелени линии водилки што се приспособуваат на вртењето на управувачот.
    Задната камера автоматски се исклучува по десет метри или кога брзината ќе надмине 15 км/час. Со кука за влечење, благодарение на практичната функција на зумирање, задната камера го олеснува приближувањето до приколката.

  • Помош при паркирање

    Системот за помош при паркирање го олеснува паралелното паркирање. Без оглед дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори додека возилото поминува крај нив со мала брзина (под 35 км/час) на максимално растојание од 1.5 метри од редот на паркирани возила.
    Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи трепкачот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да ракува со гасот, брзините и сопирачката. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни звучни сигнали. На овој начин возачот може да биде релаксиран и да ужива во поголема безбедност при паркирање.
    Кога возилото полека ќе се приближи до пречката, помошта при паркирање автоматски ќе се активира преку функцијата ,,Auto PDC” (автоматска контрола на оддалеченост при паркирање). Подобрената функционалност на системот вклучува поддршка на возачот при паркирање на места што се нормални со патот. PDC, исто така, емитува сигнал за предупредување, доколку возилото премногу се приближи до пречки на двете страни.
    При паркирање без системот за помош при паркирање, помошта при латерално паркирање користи дополнителни сензори за да ја следи површината покрај автомобилот и прикажува пречки на контролниот дисплеј. На тој начин возачот може да се релаксира и да ужива во поголема безбедност при паркирање.

  • Поглед на околината

    Погледот на околината ги вклучува функциите кои се потпираат врз камери: Поглед одозгора, Страничен поглед и Камера за заден поглед/задна камера. Камерите во надворешните ретровизори како и во задниот дел овозможуваат 360 o поглед околу возилото.
    Погледот одозгора ја прикажува површината на страните од возилото за полесно маневрирање. Камерата за страничен поглед ги прават просторите за маневрирање со ниска видливост, како излези или тешки раскрсници, побезбедни. Две дигитални камери на левата и десната страна во предниот дел на возилото ја снимаат ситуацијата во сообраќајот пред возилото. Функцијата за поглед од страна автоматски се исклучува кога возилото ќе постигне 15 км/час. Возачот може да избере дали сака да ја активира задната камера, погледот одозгора или страничниот поглед.
    Системите на камера се активираат кога ќе го ставите менувачот во рикверц или ќе го притиснете копчето PDC или копчето за страничен поглед. Сликите снимени од камерите се прикажуваат на контролниот екран.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со префинет дизајн и супериорна палета услуги: тој испорачува едноставен и лесен за употреба навигациски систем што е целосно интегриран во BMW возилото, вклучувајќи iDrive оперативен концепт и iDrive Touch Controller. Системот се состои од хендсфри (hands-free) уред со USB интерфејс и гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон, како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, тој ја олеснува употребата на Сообраќајните информации во реално време (RTTI). Вградениот 8.8" LCD дисплеј во боја со резолуција од 1,280 x 480 пиксели и функција на поделен екран (главен и дополнителен екран) е дизајниран за најдобра видливост и преглед.

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап до менито, осум функционални обележувачи и гласовна контрола ја олеснуваат работата со тоа што Ви овозможуваат да внесете адреси за Вашата дестинација и тоа рачно на површината чувствителна на допир. Благодарение на прикажувањето на тридимензионалната мапа со употреба на сателитски слики како позадина на мапата, со фотографски реални прикажувања на избраните објекти, навигацијата се претвора во возбудливо визуелно доживување.

  • Автоматско ажурирање мапи

    Мапите може да се ажурираат три години без дополнителен надоместок во салоните на BMW. Во рамките на BMW ConnectedDrive, во избрани европски земји, системот автоматски ги ажурира мапите во текот на три години, до четирипати годишно.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МЕНУВАЊЕ ЛЕНТА.

Предупредување за менување лента

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МЕНУВАЊЕ ЛЕНТА.

При брзини од 20 км/час или повеќе, системот за предупредување за промена на лента со радар регистрира возила кои се приближуваат на мртвата точка, како возила од соседната лента. Возачот е предупреден за присуството на возила во критичната зона со триаголен симбол за предупредување на надворешните ретровизори. Ако, покрај ова, возачот ја прикаже својата намера да ја смени лентата со активирање на трепкачот, тој е предупреден за опасната ситуација преку вибрации на управувачот и триаголниот симбол што трепка на надворешните ретровизори.

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВКЛУЧУВАЈЌИ ИНДИКАТОР НА ЗАБРАНА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ.

Ограничување на брзината вклучувајќи индикатор на забрана за претекнување

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВКЛУЧУВАЈЌИ ИНДИКАТОР НА ЗАБРАНА ЗА ПРЕТЕКНУВАЊЕ.

Безбедност на прво место: Информациите за ограничувањето на брзината вклучувајќи и индикатор за забрането претекнување го прикажуваат моменталното ограничување на брзината на инструмент таблата, како и информации за зоните во кои е забрането претекнување. Таквите информации се прикажуваат на информацискиот дисплеј на инструмент таблата. Камерата интегрирана во ретровизорот ги регистрира сообраќајните знаци. Контролната единица потоа ја процесира и ја прикажува оваа информација заедно со податоците од навигацискиот систем. Со употреба на останатите функции во автомобилот, понекогаш може да се прикажат, дури и варијабилни ограничувања на брзината- како тие кои се применуваат во текот на влажни услови или во одредени периоди во текот на денот.

СИСТЕМ НА СЕЛЕКТИВНИ СВЕТЛА.

Систем на селективни светла

СИСТЕМ НА СЕЛЕКТИВНИ СВЕТЛА.

Системот на селективни светла го прават возењето ноќе поудобно и безбедно. Тој обезбедува одлична видливост во темнината без да ги заслепи останатите возачи. Системот регистрира други корисници на патот и селективно ги исклучува од досегот на долгото предно светло. Светлосниот сноп од 400 м обезбедува рано регистрирање на ризици и го олеснува следењето на насоката.