ВО СОПСТВЕНА КЛАСА. ВО СЕКОЈA КЛАСА НА ПЕРФОРМАНСИ.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW Серија 3 Touring.

Најновата технологија на инјектирање гориво, целосена варијабилна контрола на перформансите на вентилите и последната генерација на турбопоначи: Сите бензински и дизел мотори од семејството на BMW EfficientDynamics нудат импресивна снага и неверојатна ниска потрошувачка на гориво и емисии. Во BMW 340i Touring вграден е особено динамичен врвен мотор. Од друга страна, моторот BMW 320d Touring EfficientDynamics Edition е исклучително економичен и со мали емисии на гасови.

BMW TWINPOWER Турбо Бензински Мотори.

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW 340i
  • BMW 340i xDrive
  • BMW 330i
  • BMW 330i xDrive
  • BMW 320i
  • BMW 320i xDrive
  • BMW 318i
BMW TWINPOWER Турбо Дизел Мотори.

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Новата генерација на BMW TwinPower турбо дизел моторите е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниска потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.

  • BMW 335d xDrive
  • BMW 330d
  • BMW 330d xDrive
  • BMW 325d
  • BMW 320d
  • BMW 320d xDrive
  • BMW 318d
  • BMW 318d xDrive
  • BMW 316d