Линии и опрема за BMW Серија 3 Touring

СЕСТРАН ИЗГЛЕД. УНИКАТЕН КАРАКТЕР.

Линии и опрема за BMW Серија 3 Touring.

СЕСТРАН ИЗГЛЕД. УНИКАТЕН КАРАКТЕР.

Линии и опрема за BMW Серија 3 Touring.

Екстра динамичен со Sport линијата. Ексклузивен и елегантен со Luxury линијата. Или екстремно атлетски со М Спорт пакетот. Секоја BMW линија му помага на BMW Серија 3 Touring да го покаже својот непогрешлив карактер. BMW Individual опремата и оригиналните BMW додатоци ви овозможуваат дополнително подобрување на дизајнот, комфорот и функционалноста на вашиот BMW Серија 3 Touring.

СЕСТРАН ИЗГЛЕД. УНИКАТЕН КАРАКТЕР. Линии и опрема за BMW Серија 3 Touring.

Екстра динамичен со Sport линијата. Ексклузивен и елегантен со Luxury линијата. Или екстремно атлетски со М Спорт пакетот. Секоја BMW линија му помага на BMW Серија 3 Touring да го покаже својот непогрешлив карактер. BMW Individual опремата и оригиналните BMW додатоци ви овозможуваат дополнително подобрување на дизајнот, комфорот и функционалноста на вашиот BMW Серија 3 Touring.

ЛИНИЈА SPORT.

BMW Серија 3 Touring со линија Sport зрачи со чиста динамика. Впечатливи дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај го заокружуваат моќниот изглед на надворешноста. А во внатрешноста, бројните детали создаваат дури и еден поатлетски профил.

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со осум ексклузивно дизајнирани лајсни во црна боја со висок сјај
    • Преден браник со специфични дизајнерски елементи во алуминиум и детали во црна боја со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со двојни краци тип 392, или како алтернатива 18-инчни тркала со двојни краци тип 397 двобојни, достапни и други типови тркала
    • „Sport Line“ лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во боја на каросерија, како алтернатива во црна боја со висок сјај
    • Водилки за прозорите и Б столб во црна боја со висок сјај
    • Браници со специфични дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај
    • Црно хромиран завршеток на издувната цевка

  • Внатрешност

    • Алуминиумски газишта на праговите, со „BMW“ натпис
    • Спортски седишта во платно „Corner“ антрацит со црвен акцент, или како алтернатива кожа Dakota корално црвена со црни детали, достапен и друг вид тапацир
    • Спортски кожен управувач со црвена контрастна опшивка, како алтернатива достапна и црна опшивка
    • Клуч со црвени детали
    • Инструмент табла со брзиномер и мерач на вртежи со хроноскала и уникатен дизајн на мерачите
    • Клима уредот и радиото со бисерно хромирани детали
    • Хромирани рамки на отворите за вентилација во предниот дел
    • Декоративни внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со акцент во корално црвена боја, или како алтернатива внатрешни декоративни елементи во алуминиум со надолжни резби со акцентирани бисерно хромирани детали, овие детали се протегаат до вратите, достапни и други украсни лајсни
    • Портокалово или бело амбиент светло

LUXURY ЛИНИЈА.

Luxury линијата ја истакнува ексклузивната аура на BMW Серија 3 Touring, како надвор така и внатре. Бројните хромирани апликации со врвен квалитет, ексклузивни кожни прекривки, внатрешни декорации од чисто дрво и многу други дизајнерски детали му даваат на возилото еден луксузен изглед.

  • Надворешност

    • BMW полукружна маска со единаесет ексклузивно дизајнирани хромирани лајсни со висок сјај
    • Преден браник со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • 17-инчни тркала од лесни легури со повеќе краци тип 414, или како алтернатива 18-инчни тркала со повеќе краци тип 416 двобојни, достапни и други типови тркала
    • „Luxury Line“ лого од страните на возилото
    • Хромирани рамки на страничните прозорци и вдлабнатини во прозорците, Б столб во црна боја со висок сјај
    • Браници со специфични хромирани дизајнерски елементи со висок сјај
    • Хромиран завршеток на издувната цевка

  • Внатрешност

    • Алуминиумски газишта на праговите, со „BMW“ натпис
    • Кожни седишта „Dakota“ со Saddle кафена боја со детали во кафена боја и кафени нијанси, достапен и друг вид тапацир
    • Кожен спортски управувач
    • Клуч со хромирани детали
    • Клима уредот и радиото со бисерно хромирани детали
    • Хромирани рамки на отворите за вентилација во предниот дел
    • Декоративни внатрешни лајсни од чисто дрво „Fineline“ антрацит со акцент во хромирана бисерна боја, тие се протегаат до вратите, достапни и други украсни лајсни
    • Портокалово или бело амбиент светло
    • Осветлен Б столб

М СПОРТ ПАКЕТ.

BMW Серија 3 Touring го има спортскиот дух во своите гени. Во комбинација со М Спорт пакетот, возилото не импресионира со дури и поголем атлетски изглед – благодарение на Аеродинамичниот М пакет, цврстото М Спорт потпирање, ексклузивните 18 или 19-инчни тркала од лесни легури и многу други додатоци како за внатрешноста така и за надворешноста.

  • Надворешност

    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови, рамка на калникот и металик темен Shadow додаток на дифузорот на задниот браник
    • BMW полукружна маска со седум ексклузивно дизајнирани лајсни во црна боја со висок сјај
    • LED светла за магла
    • 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 400 М или 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 441 М во железно сива боја, 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 403 М двобојни железно сиви, полирани до висок сјај, 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци тип 442 М двобојни Orbit сива боја, полирани до висок сјај
    • М Спорт потпирање, како алтернатива стандардна опрема или адаптивно М потпирање
    • Детали во BMW Individual Shadow Line со висок сјај како алтернатива брусен алуминиум
    • М лого од страните на возилото
    • Куќишта на ретровизорите во боја на каросерија
    • Хромиран завршеток на издувната цевка со висок сјај
    • Каросерија во ексклузивна сина металик боја „Estoril“, достапни се и други бои на каросерија

  • Внатрешност

    • М газиште на праговите
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на платно /алкантара „Hexagon“ антрацит со сини детали и М опшивка, достапен и друг вид тапацир
    • М кожен спортски управувач со мултифункционални копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Инструмент табла со брзиномер и мерач на вртежи со црвена хроноскала и црвен контрастен прстен
    • Клима уред и радио со хромирани детали
    • Декоративни внатрешни лајсни во алуминиум Hexagon со детали во мат сина боја или црна боја со висок сјај, овие детали се протегаат до вратите, достапни и други украсни лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Контрола Driving Experience со дополнителен SPORT+ режим на работа
    • М потпирач за стапалото на возачот
    • Портокалово или бело амбиент светло
    • Клуч со сини детали

BMW INDIVIDUAL.

Спортска сестраност и ексклузивност не треба взаемно да се исклучуваат. Со BMW Individual за BMW Серија 3 Touring, имате избор од најквалитетни материјали и совршена изработка. Резултат: апсолутна ексклузивност и уникатна можност целосно да се изрази вашиот личен карактер.

Израз на личноста.

  • BMW Individual боја на каросерија

    Најсветлата ѕвезда во својата класа: BMW Individual нуди широка палета на уникатни бои на каросерија за BMW Серија 3 Touring. Еден светол пример е Tanzanite сина металик боја, која името го добила од скапоцениот кристал. Токму како кристалот, оваа уникатна боја импресионира со силината на сината боја. Под директна сончева светлина, бесконечниот тиркизен пигмент светка под површината, дополнително нагласувајќи ги совршените пропорции на BMW Серија 3 Touring.

  • BMW Individual Merino кожа

    Повеќе простор за слободен израз: обемниот избор на кожна опрема од BMW Individual е достапна во пет бои кои ја обложуваат внатрешноста во чист луксуз. Привлечноста е уникатна, благодарение на неспоредливиот квалитет на фино гранулираната кожа Merino, специјалните бои, сложените текстури како и милиметарски прецизните опшивки и совршени, рачно изработени пораби во контрастни нијанси. Инструмент таблата обложена со кожа е единствен начин уште повеќе да се издигне целокупниот впечаток на квалитет.
    Една посебна препорака, прикажана тука, е фино гранулирана кожа Merino во кашмир беж боја со темни акценти кои се во хармонија со лајсните во пиано црн завршен сјај. Изборот, секако, е ваш и фасцинантниот спектар на бои се движи од опално бела до Amaro црна и изразито црна боја.

  • Внатрешни декорации на BMW Individual

    BMW Individual нуди три рачно изработени внатрешни лајсни, секоја од нив впечатлива на прв поглед. За оние кои претпочитаат естетска профинетост на концертно пиано, совршено изработените, внатрешни лајсни со пиано црн сјај, прикажан тука, ќе биде првиот избор. Кога зборуваме за изработка и квалитет на материјалот, двете карактерни лајсни од чисто дрво не се помалку импресивни. Без оглед на тоа дали е пепелно бела боја, со суптилни шари или класичната темно кафена боја на чинар, чистото дрво е избрано рачно и поставено со искусна вештина.

  • Повеќе BMW Individual опрема

    BMW Individual 19-инчните тркала од лесна легура со V краци од типот 439 I го зголемуваат динамичниот изглед. Естетските детали: дискретно вметнат BMW Individual натпис. Уште една стилска опција: BMW Individual 19-инчни тркала од лесна легура со V краци од типот 626 I.
    Чувство на уживање при возење: BMW Individual кожниот управувач инспирира со кожа од најдобар квалитет и одлично чувство во рацете. Уште еден детаљ: дискретно вметната плочка со знакот BMW Individual.
    Пријатен за гледање: инструмент таблата обложена со кожа од понудата на BMW Individual ѝ дава на внатрешноста нова димензија на квалитет.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Со оригиналните BMW додатоци, можете да го истакнете индивидуалниот стил на вашиот BMW Серија 3 Touring. И уште повеќе да го нагласите неговиот комфор и флексибилност. Тука ќе најдете избор на практични производи со висок квалитет

  • Додатоци за внатрешност и надворешност

    Висококвалитетните 20-инчни тркала од лесни легури двобојни железно сива боја, ковани, полирани до висок сјај од предната страна. Комплет тркала со ран-флет гуми со систем за контрола на притисок во гумите, предно тркало со димензии 8J x 20 со гуми димензии 225/35 R20 90W RSC, а задно тркало со димензии 8.5J x 20 со гуми 255/30 R20 92Y XL RSC.
    Совршено поставени и отпорни, елегантно дизајнирани патосници со испакнати рабови го штитат просторот за нозе од нечистотија и влага и ги чуваат нозете суви. Нивната црна боја совршено одговара со внатрешноста.
    Преносното детско седиште во црна/антрацит боја обезбедува највисоко ниво на безбедност за деца со приближно 30 кг (околу 15 месечна возраст). Може да се користи во комбинација со одделно достапна ISOFIX база или да се прицврсти со сигурносниот појас во три точки, а одобрено е за употреба и на седишта во авиони. Патентираните воздушни перничиња гарантираат зголемена заштита при странични удари во главата, а штитниците за сонце кои се вадат, обезбедуваат уште поголем комфор при патување.

  • Транспорт

    Мултифункционалниот покривен носач за монтирање без алат може да се употреби со сите BMW системи на носачи и покривни багажници. Тој лесно се поставува и е усогласен со највисоките стандарди во поглед на квалитетот и безбедноста.
    Модерниот покривен багажник во црна боја и антрацит има капацитет од 460 литри и е компатибилен со сите BMW покривни системи. Благодарение на иновативниот систем за двострано отворање и трите брави на секоја страна, багажникот лесно може да се наполни и заштитен е од кражба.
    Совршено поставени и отпорни, елегантно дизајнирани патосници со испакнати рабови го штитат просторот за нозе од нечистотија и влага. Тие се водоотпорни, не се лизгаат и имаат џебови за чување помали предмети.
    Држачот за велосипеди е лесен, но стабилен и може да пренесува до 60 кг тежина. Тој лесно и сигурно се монтира на куката за влечење и може да пренесува до два велосипеди или е-велосипеди (може да се прошири да собере и три велосипеди). Неговата функција на наведнување овозможува лесен пристап до багажниот простор во секое време.

  • Информации и комуникација

    Држачот лесно се поставува во основниот носач на Travel & Comfort системот (што е достапен како опција). Тој овозможува сигурна база за секој Apple iPad™ 2, 3 или 4 и може да се постави по желба од патниците на задните седишта благодарение на рамката што ротира 360° и прилагодувањето на аголот.