BMW серија 3 Touring

НЕСПОРЕДЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW серија 3 Touring.

НЕСПОРЕДЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW серија 3 Touring.

НЕСПОРЕДЛИВО ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ. BMW серија 3 Touring.

Багажен простор во л

496

Бесконтактно отворање и затворање на задна врата

да

Меѓуоскино растојание во цм

2,810

Наслон на задни седишта 40/20/40

Стандарна опрема

Со својата неодолива комбинација на спортски дизајн, динамика и извонредна функционалност, BMW Серија 3 Touring импресионира уште од почеток. Оптимална распределба на тежина, класичен погон на задни тркала и моќни, високо ефикасни бензински и дизел мотори со BMW EfficientDynamics технологија, гарантираат извонредна динамика и ниска потрошувачка на гориво. Интелигетниот BMW xDrive погон на сите тркала обезбедува најдобра влеча. И со Sport Line, Luxury Line или М Спорт пакетите, можете да го адаптирате BMW Серија 3 Touring според вашите лични потреби и желби.

ОТКРИЈТЕ ГО BMW СЕРИЈА 3 TOURING.

Дизајн

Дизајн.

Непогрешливата комбинација на динамика, елеганција и сестраност го прават BMW Серија 3 Touring најспортски член во својата класа. Со типичните карактеристики на семејството BMW Серија 3, возилото ја одржува дизајнерската традиција на BMW марката: долга хауба, кратки испусти, долго меѓуоскино растојание и патнички дел повлечен наназад. На овој начин, BMW серија 3 Touring на сите времиња продолжува да предводи во својата класа возила.
Динамика и ефикасност при возење

Динамика и ефикасност при возење.

BMW серија 3 Touring нуди динамика во многу различни сегменти. Опционалното адаптивно М потпирање или варијабилно спортско управување гарантира врвна агилност и ви обезбедува максимална контрола и прецизност дури и при спортски начин на возење. BMW TwinPower турбо мотори и опционалниот 8-брзински Steptronic спортски пренос обезбедуваат извонредно задоволство при возење. Овие, заедно со други BMW EfficientDynamics технологии овозможуваат впечатливи перформанси и, во исто време, помагаат да се намали потрошувачката на гориво.
Функционалност

Функционалност.

Багажникот на BMW Серија 3 Touring совршено е подготвен да одговори на секој предизвик – од лесен багаж до тешки, кабасти предмети. Дури и кога се исправени наслоните на задните седишта, тој има 495 литри капацитет на простор. Кога наслоните се целосно спуштени, овој капацитет се зголемува на импресивни 1500 литри. Со стандардната карактеристика на пренесување долги предмети, задните седишта може да се поделат во сооднос 40:20:40, овозможувајќи седиштата и багажникот да се модифицираат според вашите потреби. Средниот сегмент за седење и сегментот од истата страна на предното седиште може одделно да се преклопат. Сегментот за седење од страна на возачот се преклопува заедно со средното седиште. На овој начин, BMW Серија 3 Touring може да се товари и истовари со извонредна флексибилност. Двајца патници може да седат во задните седишта додека, во исто време, се превезуваат и долги предмети (како скии или даска за скијање). BMW Серија 3 Touring исто така е единственото возило во својата класа со заден прозорец кој одделно се отвора, со што товарењето е многу полесно.

240 KW.

Најнова технологија на вбризгување, целосно варијабилна контрола на перформансите на вентилите и најнова генерација на турбо полначи: сите бензински и дизел агрегати од BMW EfficientDynamics семејството мотори нудат импресивна снага – и исклучително ниска потрошувачка на гориво и емисии на штетни гасови. Особено динамичен: врвниот мотор во BMW 340i Touring. Особено ниска емисија на гасови и потрошувачка на гориво: BMW 320d Touring EfficientDynamics Edition.