ПРАКТИЧНА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Удобност и сигурност во BMW Серија 4 Coupé.

Практични системи за помош и сеопфатна сигурност: BMW Серија 4 Coupé Ве заштитува и помага секогаш кога тоа е потребно.

ИНТЕГРИРАНИ ПОТПИРАЧИ ЗА ГЛАВА И ДРЖАЧИ ЗА СИГУРНОСНИ ПОЈАСИ.

Потпирачите за глава, вградени во потпирачите за грб на задните седишта го истакнуваат спортскиот дух на Coupé возилото и ја зголемуваат удобноста на седењето како и сигурноста за патниците на задните седишта.
За удобноста на патниците на предните седишта придонесува автоматскиот држач за појаси. Тој автоматски го додава сигурносниот појас од средниот носач на возачот и патникот на предното седиште, веднаш штом ќе се затворат вратите и клучот ќе се стави во бравата за вклучување на моторот.

СИСТЕМ НА ТОВАРЕЊЕ ДОЛГИ ПРЕДМЕТИ.

Систем на товарење долги предмети

СИСТЕМ НА ТОВАРЕЊЕ ДОЛГИ ПРЕДМЕТИ.

Поголеми можности за товарање.

Системот за превоз на долги предмети ја проширува сестраноста за превоз во Вашиот BMW автомобил. Благодарение на потпирачите за грб на задните седишта кои се делат во однос 40:20:40, можни се различни индивидуални конфигурации за седење и простор за багаж за да задоволат голем број потреби.
На пример, на располагање има доволен простор за превоз на четири пара скии, со доволно место за четири патници. Дополнителна предност на системот за превоз на долги предмети е тоа што сите предмети кои се превезуваат во автомобилот се одржуваат чисти и сигурни од кражба, за разлика од превозот на покривот кога тие се изложени на временските прилики и неовластен пристап. Исто така, системот не влијае врз аеродинамиката, ниту врз динамиката при возење.
Во опремата, исто така, е вклучен и средишен потпирач за раце со два држачи за чаша. Во оригиналните BMW додатоци достапна е соодветна торба за даска за скијање.

ИНОВАТИВЕН ЛЕСЕН/УДОБЕН ПРИСТАП.

Иновативен лесен/удобен пристап

ИНОВАТИВЕН ЛЕСЕН/УДОБЕН ПРИСТАП.

Бесконтактно отворање на задната врата.

Бесконтактно отворање и затворање е дел од Системот за удобно/лесно влегување. Во ситуации кога Вашите раце се полни, сè што е потребно е да се постави стапалото под задниот браник и багажникот автоматски ќе се отвори. Вие треба само да го носите клучот со Вас. Се враќате од пазарување, стоите крај својот автомобил со раце преполни со работи кои сакате да ги ставите во багажникот и последната работа што Ви е потребна се наоѓа во Вашиот џеб. Во такви ситуации, иновативниот удобен пристап доаѓа да Ве спаси, овозможувајќи бесконтактно отворање на задната врата: Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање. Сè што треба е да го носите клучот со себе. Вратата тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат просторот за багаж. Оваа иновативна карактеристика од BMW ConnectedDrive го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и полесно.

КОНЦЕПТ НА СКЛАДИРАЊЕ.

Различните прегради за сместување ќе ги задоволи сите Ваши потреби: преградите во вратите со доволно простор за шише од 1 литар, преградата со капак во предната централна конзола, отворената преграда под предниот централен потпирач за раце и во задната централна конзола, како и двата држачи за чаша во предниот и задниот дел, полицата за сместување предмети и предната преграда нудат доволно простор за сместување.

Пасивна безбедност

ПАСИВНА БЕЗБЕДНОСТ.

Пакет интелигентни мерки на безбедност во BMW Серија 4 Coupé помага да се минимизира ризикот од незгода – за да бидете секогаш во сигурни раце.
Многу отпорни, големи попречни делови и интелигентното користење на цврстите и ултра-цврстите мултифазни челици обезбедуваат максимална стабилност за безбедност на каросеријата додека, истовремено, таа се карактеризира со мала тежина. Силите што се создаваат при судир се спроведуваат подалеку од патничката кабина до другите делови од каросеријата на возилото, како што е подвозјето, страничните рамки, преградата за просторот на моторот и покривот, каде се апсорбираат по пат на зони на деформации на предниот и задниот дел. Во случај на страничен судир, патниците се заштитени со засилени структури во B-столбовите и страничните прагови, многу цврстата заштита во вратите, како и стабилните попречни делови во седиштата.

BMW сервисен пакет

BMW СЕРВИСЕН ПАКЕТ.

BMW сервисниот пакет е првиот чекор кон неограничено задоволство при возењето. Тоа е сервисен пакет кој ги вклучува сите најважни сервисирања и одржување. За определен период на време или помината километража, BMW сервисниот пакет ги опфаќа сите сервиси што му се потребни на Вашето BMW возило, без оглед колку се тие чести. А, може да се спроведат насекаде во светот.
Тука е опфатено: промена или дополнување моторно масло (потребно е: редовно одржување во некој од овластените BMW сервиси), замена на микрофилтери, филтер за гориво, филтер за воздух и свеќички, промена на течност за сопирачка, проверка на автомобилот и други сервиси според сервисната книшка.