СЀ ПРЕГЛЕДНО. СЀ ПОД КОНТРОЛА.

Системи за помош при возење во BMW Серија 4 Coupé.

Сигурна забава: патување во BMW Серија 4 Coupé. Нашите системи за помош при возење Ви нудат иновативна и паметна поддршка и поставуваат нови стандарди на сигурност и удобност.

BMW Head-Up дисплеј

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето, директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е моменталната брзина -во зависност од опремата- инструкциите од навигацискиот систем, информациите за ограничување на брзината вклучувајќи го индикаторот за забрана за претекнување, телефонските листи и листите со забава се прикажуваат заедно со информациите и предупредувањата од другите системи за помош при возење. Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа на приближно 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат и без одземање на вниманието.

  • Автоматско приспособување

    Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен ноќен и дневен дисплеј, а висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере, покрај моменталната брзина и предупредувањата од системите за помош, кои информации да се прикажат.

СИСТЕМИ НА КАМЕРА.

PDC систем (помош при паркирање), Систем за поглед на околината (Surround View), задна камера: Уживајте во јасен поглед на областа околу возилото при паркирање. PDC на предниот и задниот дел од возилото Ви овозможуваат да паркирате безбедно и удобно, благодарение на оптичките и звучните сигнали.
Погледот на околината го прикажува возилото на контролниот дисплеј со проектирање одозгора. Системот за страничен поглед гарантира подобар поглед кога е слаба видливост на патот. Задната камера обезбедува поддршка кога се паркирате наназад, при брзини помали од 20 км/час.

BMW АКТИВЕН ТЕМПОМАТ(КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА) СО STOP&GO ФУНКЦИЈА.

BMW активен темпомат(контрола на брзината) со Stop&Go функција

BMW АКТИВЕН ТЕМПОМАТ(КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА) СО STOP&GO ФУНКЦИЈА.

Подобрување на удобноста и сигурноста.

Активниот темпомат со стоп/старт функција вклучувајќи контрола на приоѓање со радар и функција на сопирање Ви овозможува поголема удобност, поголема безбедност и ефективна поддршка во секој поглед. Понатаму, системот ја мери оддалеченоста до возилото пред Вашето и го одржува претходно селектираното растојание.

Регулирана брзина.

Функцијата Stop&Go не само што автоматски ја регулира брзината до потполно запирање, туку и автоматски повторно забрзува до саканата брзина, веднаш штом состојбата во сообраќајот тоа ќе го дозволи.

Активирање на предупредување при судир.

Ако возилото пред Вашето почне нагло да сопира, Вашето BMW веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за судир. Во првата фаза Ве предупредува со визуелен сигнал, во втората фаза, доколку не реагирате, емитува звучен сигнал. Доколку и тогаш не реагирате и не почнете да сопирате, BMW возилото тоа ќе го направи наместо Вас и системот ќе почне да сопира со максимално намалување на брзината.

BMW АКТИВНА ЗАШТИТА.

BMW активна заштита

BMW АКТИВНА ЗАШТИТА.

BMW ConnectedDrive заштита на патниците.

Активната заштита од BMW ConnectedDrive услугите претставува превентивен заштитен систем на патниците.
Откако ќе се прицврстат сигурносните појаси на предните седишта, тие автоматски се затегнуваат кога возилото ќе почне да се движи. Доколку дојде до критична ситуација на патот, сигурносните појаси на предните седишта реверзибилно се затегнуваат, доколку е потребно, страничните прозорци се затвораат, а и лизгачкиот покрив, доколку има. Критичната ситуација може да опфати итно запирање спроведено од возачот или, доколку автомобилот покаже недоволно вртење или нагло свртување.

Систем за следење на вниманието.

Кога возилото опремено со предупредување за приближување или предупредување за приближување со функција на сопирање, потенцијалните судири со подвижни или статични возила пред Вашето може однапред да се препознаат (во рамките на ограничувањата на системот).
Во определени незгоди, системот може целосно да го запре возилото без интервенирање на возачот. Овој систем помага при намалување на веројатноста од судир и минимизирање на штетата. Освен тоа, Помошта за внимателност го следи однесувањето на возачот за знаци на умор. Овој систем го анализира вртењето на управувачот и реагира на необичното однесување при возење со прикажување порака на контролниот дисплеј и му предлага на возачот да направи пауза.

BMW систем на селективни светла

BMW СИСТЕМ НА СЕЛЕКТИВНИ СВЕТЛА.

Системот на селективни светла го прават возењето ноќе поудобно и безбедно. Тој обезбедува одлична видливост во темнината без да ги заслепи останатите возачи.
Системот регистрира други корисници на патот и селективно ги исклучува од досегот на долгото предно светло. Светлосниот сноп од 400 м обезбедува рано регистрирање на ризици и го олеснува следењето на насоката.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА БРЗИНАТА.

Безбедност на прво место: Информациите за ограничувањето на брзината вклучувајќи и индикатор за забрането претекнување Ве информираат за моменталната дозволена брзина како и забраните за претекнување. Ова се прикажува на контролниот дисплеј на инструмент таблата и на Head-Up дисплејот. Посебна камера ги регистрира сообраќајните знаци. Контролната единица потоа ја процесира оваа информација заедно со податоците од навигацискиот систем. Компоненти, како сензорот за дожд, се инкорпорирани во возилото, па варијабилните ограничувања на брзината во текот на влажни услови, исто така, се регистрираат. Ова значи дека ќе бидете информирани за патот што Ви претстои. Потребни се навигацискиот систем Business или Professional .

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење ги комбинира системите кои користат камера: системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за пешаци со функција на лесно градско сопирање.
Предупредувањето за напуштање лента на брзина над приближно 70 км/час ги регистрира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со лесно градско сопирање регистрира возила, предупредувањето за лица со функција на лесно градско сопирање регистрира пешаци. Ако возилото пред Вашето ненадечно закочи, BMW возилото веднаш реагира кога ќе се активира предупредувањето за контролата на приближување. Системот функционира во чекори. Најпрво се прикажува симбол за предупредување, кој ќе почне да трепка во следната фаза, а потоа се слуша звучен сигнал и на крај системот самиот почнува лесно да сопира (при брзини до 60 км/час). При брзини од приближно 10 и 60 км/час, Предупредувањето за лица емитува предупредување во случај на непосредна опасност. Доколку системот треба да интервенира, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција. Во случај на опасност, системот ги активира сопирачките. Оваа функција може да биде ограничена поради темнина и магла.

iDrive touch

iDRIVE TOUCH.

iDrive Touch Controller Ви овозможува практична контрола на iDrive системот со една рака. Благодарение на површината на допир интегрирана во контролорот, возачот лесно може да внесува информации како дестинации во навигацискиот систем, користејќи рачно внесување адреси. Исто така, може да се користи за пристап и конфигурирање бројни функции и пребарување низ листите. Ракувањето со системот е многу едноставно и интуитивно врз база на чувството на допир. Со ова се олеснува работата на возачот, бидејќи минимално го одзема вниманието од сообраќајот. Сите функции со кои ракувате преку контролорот може да се видат на Контролниот дисплеј.