Динамика при возење во BMW Серија 4 Coupé. Испорачува максимални перформанси и оптимална удобност

СОЗДАДЕН ЗА ПАТОТ. И ЗА ВОЗАЧОТ.

Динамика при возење во BMW Серија 4 Coupé. Испорачува максимални перформанси и оптимална удобност.

СОЗДАДЕН ЗА ПАТОТ. И ЗА ВОЗАЧОТ.

Динамика при возење во BMW Серија 4 Coupé. Испорачува максимални перформанси и оптимална удобност.

СОЗДАДЕН ЗА ПАТОТ. И ЗА ВОЗАЧОТ.Динамика при возење во BMW Серија 4 Coupé. Испорачува максимални перформанси и оптимална удобност.
Совршено приспособен. За вас

СОВРШЕНО ПРИСПОСОБЕН. ЗА ВАС.

На секое патување, на секоја патна површина, во секоја прилика: BMW Серија 4 Coupé нуди неверојатна динамика на возење, и тоа го прави со приспособување на карактеристиките индивидуално на Вашите потреби. Во следниов филм може да уживате во одличната динамика на возење на BMW Серија 4 Coupé.

ДОСТИГНЕТЕ НОВИ ВИСОЧИНИ. А, СЕПАК ОСТАНЕТЕ НА ЗЕМЈА.

Извонредните возни карактеристики и држење на патот, без ограничување на удобноста и задоволството при возење. Адаптивното М потпирање на BMW Серија 4 Coupé нуди оптимално управување со уште поголема агилност, додека електронски контролираните амортизери, во секој момент се приспособуваат на Вашиот начин на возење и на условите на патот. Врз нивните карактеристики може да се влијае преку Контролата на доживување при возење. Со активирање на SPORT и SPORT+ режимите преку Контролата на доживување на при возење, се активира значително потврда поставка на амортизерите.

Подобри перформанси со притискање копче

ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ СО ПРИТИСКАЊЕ КОПЧЕ.

Без оглед дали возите брзо по планински свиоци или претекнувате на спореден пат, постојат многу прилики што бараат максимални перформанси од Вашето возило. Токму затоа BMW Серија 4 Coupé располага со SPORT режим. Со само еден притисок на копче, возилото реагира подиректно и моторот реагира побрзо со поспонтани реакции. А, тоа чувство што го имате? Тоа е чист адреналин.

ОДВЕЗЕТЕ СЕ КАДЕ ШТО САКАТЕ. И КАКО ШТО САКАТЕ.

Автомобилот треба да се приспособи на потребите и желбите на возачот, а не обратно. Токму затоа, Контролата на доживување при возење го остава изборот на Вас: преку копчето лоцирано на централната конзола може да го активирате саканиот режим на возење. Може да смените од COMFORT режимот со стандарден мотор и поставки на преносот во ECO PRO режимот, наменет за поголема ефикасност, или SPORT режимот, наменет за поспортски начин на возење.
Во SPORT режимот, промените на степените на пренос во однос на 8-степениот Steptronic Sport пренос имаат поспортски карактер, а адаптивното потпирање му дава на возилото целосно спортско чувство.

BMW 306 hp

ЗВУКОТ НА МОТОРОТ ДО 306 HP.

Претворете се во диригент, со педалот за гас како Ваша диригентска палка. Звукот на моторот на BMW Серија 4 Coupé посебно е развиен од инженерите за аудио звук за најдобро да ја изразува динамиката на возилото.

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степен steptronic пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

Осум брзини, максимално задоволство при возење.

Ги менува степените на пренос и тоа без да забележите: 8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди на удобност и динамички перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Необично малите распони помеѓу брзините ја олеснуваат оптималната испорака на снага при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво, а истовремено се овозможува возачот да ужива во подобри спортски и динамички перформанси. Вртежите на моторот се намалени, особено при големи брзини, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот. Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Во комбинација со брзиот премин на степените на пренос и прецизно приспособените брзини, таа обезбедува неверојатно лесно менување и значително ја намалува бучавата. Со малите распони на степените и прецизното приспособување на преносот се постигнува удобна промена на степените на пренос и значително намалување на заднинската бучава. Меѓутоа, снагата и агилноста кои ги нуди BMW Серија 4 Coupé не се менуваат.

Активно подобрени перформанси.

Благодарение на 8-степениот Steptronic пренос од BMW EfficientDynamics, со Предиктивниот погонски склоп, сега може активно да се подобрат перформансите во возилото со Контролата на доживување при возење. Во Sport режимот, управувањето на преносот ги користи податоците од навигацискиот систем за да испорача ниво на реакција што е уште подинамична и спонтана врз база на карактеристиките на рутата. Како што кажува и самото име, ,Comfort’ режимот нуди програм на удобно менување степени на пренос со помалку менувања.