НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА. ЗАДОВОЛСТВОТО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

BMW EfficientDynamics во BMW Серија 4 Coupé.

BMW Серија 4 Coupé располага со сеопфатен пакет на мерки и технологии од BMW EfficientDynamics за поголемо задоволство при возењето и пониски емисии.

АЕРОДИНАМИКА.

Целокупниот дизајн на возилото е усогласен со филозофијата BMW EfficientDynamics. Оптимизираната аеродинамична предна маска и подвозјето се карактеризираат со иновативните подобрувања што го намалуваат отпорот на воздух и потрошувачката на гориво.
Предната маска има впечатливо обележје на дизајнот што ја отелотворува филозофијата BMW EfficientDynamics. Интегрираната воздушна завеса ја насочува воздушната струја низ двата вертикални воздушни доводи и поминува покрај предните калници. Забрзаниот проток на воздух создава еден вид на завеса на надворешната страна од тркалата. Потоа, тука е одводот за воздух кој ја насочува воздушната струја кон предните тркала. Овие иновативни технологии ја намалуваат турбуленцијата и отпорот на воздух, така што потрошувачката на гориво во значителна мерка се намалува.
Рамното подвозје кој истовремено го штити просторот на моторот е дополнителен детаљ кој значително ја подобрува аеродинамиката на возилото. Овие нови елементи не само што во голема мерка придонесуваат за аеродинамичностa, туку и ја подобруваат звучната изолација и обезбедуваат поголема заштита од ‘рѓосување.

ECO PRO РЕЖИМ.

Веднаш штом ќе го вклучите режимот ECO PRO, сè е подредено на зголемена ефикасност и во зависност од индивидуалниот стил на возење, тој резултира со намалување на потрошувачката на гориво до 20 проценти (според интерната студија за потрошувачката на гориво на BMW). Уште пет проценти може да се заштедат со дополнителните функции на празен од (само со Steptronic пренос), помошта за препознавање на патот и функцијата ECO PRO Route. Овој режим ги оптимизира реакциите на гасот и преносот како и точките на менување степени на пренос и интелигентно го приспособува начинот на работа на греењето и клима уредот. На контролниот дисплеј се прикажува кои мерки на EfficientDynamics технологијата моментално ја намалуваат потрошувачката на гориво. Исто така, ќе добиете ECO PRO совети во согласност на моменталната ситуација за поголема ефикасност при возење.

Уште една карактеристика на ECO PRO режимот е функцијата ,празен од’ во комбинација со Steptronic пренос: Доколку не е потребна моторна снага во рамките на брзини помеѓу 50 и 160 км/час, системот го одделува моторот и возилото се движи во празен од.

  • Помош за препознавање пат

    Системот за препознавање на патот, во соработка со навигацискиот систем Professional, претставува многу иновативен систем во склоп на ECO PRO режимот. Врз основа на навигациските податоци, системот регистрира свиоци, населени места, кружни текови, Т раскрсници, ограничување на брзината и излези од автопат и однапред Ви дава совети за да се намали брзината.

  • ECO PRO Route

    ECO PRO режимот, исто така, ја вклучува ECO PRO Route функцијата, која ја комбинира новата генерација на навигациски систем Professional за да се користат разните параметри како што е индивидуалниот начин на возење како и моменталната сообраќајна ситуација и условите на патот за да ја пресмета најефикасната рута. Патниот компјутер прикажува колку се зголемил опсегот поради заштедата, односно колку дополнителни километри на возење овозможил ECO PRO режимот.

BMW TWINPOWER ТУРБО МОТОРИ.

Во бензинските мотори, BMW TwinPower турбо технологијата го комбинира TwinScroll турбополначот со Valvetronic, Double-VANOS и високопрецизното инјектирање. Во дизел моторите, вклучени се директното инјектирање гориво со заеднички вод CommonRail и турбополнач со варијабилна турбинска геометрија. На овој начин BMW TwinPower турбо значително ја намалува потрошувачката кај бензинските и дизел моторите, додека, истовремено ја зголемува излезната снага во широкиот опсег на вртежи.

АВТОМАТСКА СТАРТ/СТОП ФУНКЦИЈА.

Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот на спојката (рачен пренос), или кога возачот сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
Сигналот на информацискиот дисплеј покажува дека Автоматската функција старт/стоп е активна. Веднаш штом возачот ќе префрли во брзина (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува и Вие може да продолжите со патувањето без доцнење.

  • Безбедност и удобност

    Вашата удобност и безбедност остануваат непроменети затоа што функцијата не е активирана ако моторот не ја постигнал оптималната работна температура, температурата во кабината не е на саканото ниво, напонот на акумулаторот е пренизок или го вртите управувачот. Доколку е потребно, централната контролна единица го стартува моторот, дури и ако возилото стои во место (на пример, ако Вашето возило почне да се движи или прозорците се замаглат). Автоматската функција старт/стоп може во секое време да се исклучи со притискање на копче.

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Обновување на енергијата на сопирање

ОБНОВУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈАТА НА СОПИРАЊЕ.

Ја намалува потрошувачката на гориво.

Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во електрична енергија. Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Системот на интелигентно управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

ИНДИКАТОР ЗА ОПТИМАЛНА ПРОМЕНА НА СТЕПЕНИТЕ НА ПРЕНОС.

Најефикасен степен на пренос.

Навременото менување на степените на пренос може во голема мерка да помогне за заштеда на гориво, особено во урбани средини, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се прикажува осветлена стрелка, секогаш кога возилото може да се управува поефикасно во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Интерните компаративни тестови на BMW покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ.

Управувањето со електричниот серво управувач обезбедува оптимално чувство над управувачот. Помалку е чувствителен на удари, додека пак активниот стабилизатор сигурно ги придушува несаканите вибрации. Со опцискиот прекинувач, работните карактеристики на управувачот може да се зацврстат.
За разлика од вообичаените серво управувачи, во системите со електричен серво управувач нема хидраулични елементи, туку системот го движи електромотор. Предност: моторот работи само кога помошта од серво управувањето е навистина потребна, односно само кога управувачот се врти. При возење по прави делови од патот, што статистички го прави 90 проценти од секое патување, системот не е активен, па воопшто не троши енергија. Резултат: управувањето со електрична поддршка ја намалува просечната потрошувачка на гориво на возилото за околу 0.3 литри/100 километри споредено со возила со хидраулични системи, и со тоа придонесува за поефикасно возење. Бидејќи нема хидраулично масло, одржувањето и загадувањето на средината, исто така, се намалени.

  • Servotronic

    Кај некои модели може да го комбинирате управувачкиот систем со Servotronic. Со ова перманентно се приспособува управувањето со брзината на возилото. За да се направи ова, се пресметува поддршката потребна за мерење на брзината на возење, и моторот на електричниот серво управувач соодветно се снабдува со енергија. Така, при возење со ниски брзини, на пример низ тесни и кривулести улици, потребна е само мала снага. Како што се зголемува брзината, потребната поддршка за управување континуирано се намалува за да се овозможат подиректни реакции и со тоа да се обезбеди најдобро одржување на насоката на возење и контакт со патот.