СОВРШЕНО УСОГЛАСЕНИ ДИНАМИКА И ЕФИКАСНОСТ.

BMW TwinPower турбо мотори во BMW Серија 4 Coupé.

Динамиката и ефикасноста во концентрирана форма: Со BMW TwinPower турбо моторите, BMW Серија 4 Coupé се карактеризира со незамисливо забрзување, и останува импресивно економичен.

BMW Twinpower турбо бензински мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација бензински мотори BMW TwinPower турбо се карактеризираат со извонредна испорака на агилна снага и одлична брза реакција, дури и на ниски вртежи на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помалку емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат пресвртница во развојната стратегија на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасниот погонски склоп, кој ги нагласува познатите можности на BMW моторите. BMW TwinPower турбо линискиот 6-цилиндричен бензински мотор многупати е добитник на наградата ,Мотор на годината’, и секогаш одново ја потврдува репутацијата за динамична испорака на снага, исклучително непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од палетата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт кој се докажа како многу успешен и се имплементира во скоро сите бензински мотори.

  • BMW 440i xDrive Coupé
  • BMW 440i Coupé
  • BMW 430i xDrive Coupé
  • BMW 430i Coupé
  • BMW 420i xDrive Coupé
  • BMW 420i Coupé
BMW Twinpower турбо дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација BMW TwinPower турбо дизел мотори е доказ за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата, која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниската потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати за нивната одлична брза реакција и агилна испорака на снага на сите вртежи на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по својата ненадмината ефикасност и динамика, произведуваат многи мали емисии и внатрешен отпор за да гарантираат максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Тие, исто така, се карактеризираат и со најновото директно инјектирање со заеднички вод CommonRail, што гарантира оптимално согорување за уште поголемо намалување на потрошувачката на гориво и на CO2 емисии.

  • BMW 435d xDrive Coupé
  • BMW 430d xDrive Coupé
  • BMW 430d Coupé
  • BMW 425d Coupé
  • BMW 420d xDrive Coupé
  • BMW 420d Coupé
  • BMW 418d Coupé