Дизајн на надворешноста на BMW Серија 4 Coupé

ДИЗАЈН КОЈ ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ. И ПРЕДИЗВИКУВА СТРАСТ.

Дизајн на надворешноста на BMW Серија 4 Coupé.

ДИЗАЈН КОЈ ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ. И ПРЕДИЗВИКУВА СТРАСТ.

Дизајн на надворешноста на BMW Серија 4 Coupé.

Динамика која се движи – дури и кога стои статичен. Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé зрачи со фасцинантен спортски карактер. Рамната покривна линија и агресивниот преден дел од возилото создаваат една моќна елеганција. И атлетскиот заден дел на BMW Серија 4 Coupé привлекува погледи кога поминува покрај набљудувачите. А широкиот, самоуверен став обележува едно чисто задоволство при возење. Ветување кое не само што се исполнува во текот на возењето. Далеку се надминува.

ДИЗАЈН КОЈ ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ. И ПРЕДИЗВИКУВА СТРАСТ.Дизајн на надворешноста на BMW Серија 4 Coupé.

Динамика која се движи – дури и кога стои статичен. Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé зрачи со фасцинантен спортски карактер. Рамната покривна линија и агресивниот преден дел од возилото создаваат една моќна елеганција. И атлетскиот заден дел на BMW Серија 4 Coupé привлекува погледи кога поминува покрај набљудувачите. А широкиот, самоуверен став обележува едно чисто задоволство при возење. Ветување кое не само што се исполнува во текот на возењето. Далеку се надминува.

Тркачка линија

ТРКАЧКА ЛИНИЈА. СОСЕМА ВИ ОДГОВАРА.

ТРКАЧКА ЛИНИЈА. СОСЕМА ВИ ОДГОВАРА.

Можни противречности наметнуваат инспиративен дизајн: со долгото растојание меѓу оските и кратките испусти, BMW Серија 4 Coupé зрачи со самоуверен авторитет. Поставеноста на задниот дел го нагласува специфичниот стил на купе. А рамната линија на покривот која динамично се движи кон задниот дел и присутноста на возилото покажува концентриран атлетски дух, уште пред да почне патувањето. Возбудата на иновативниот карактер на BMW Серија 4 Coupé можете да ја видите во филмот што следува.

АЕРОДИНАМИЧЕН. СПЕКТАКУЛАРЕН.

Отворот за воздух е поставен зад задните тркала и го нагласува агресивниот карактер на BMW Серија 4 Coupé. Но не е само тоа. Заедно со воздушната завеса вградена во браниците, која го насочува воздухот околу предните калници преку два вертикални отвора, отворот за воздух обезбедува ефикасно намалување на воздушниот отпор околу калниците на тркалата и го канализира протокот на воздух преку предните тркала. Овие иновативни BMW EfficientDynamics мерки ја намалуваат турбуленцијата и создаваат оптимална аеродинамика на возилото, со што позитивно се влијае на потрошувачката на гориво и СО2 емисиите.  

Изглед кој кажува се. Особено за вас

ИЗГЛЕД КОЈ КАЖУВА СЕ. ОСОБЕНО ЗА ВАС.

ИЗГЛЕД КОЈ КАЖУВА СЕ. ОСОБЕНО ЗА ВАС.

Светлината ја пресретнува брзината: со најновата технологија на адаптивни предни светла со целосна LED технологија, никогаш повеќе нема да бидете оставени во темница туку ќе го препознавате секој детаљ. Благодарение на чисто белата боја на светлинскиот зрак, слична на дневната светлина, тие обезбедуваат оптимална и хомогена осветленост на патот. Ова ја подобрува видливоста и го овозможува возењето ноќе без некој посебен замор. Покрај тоа, распределбата на светлината автоматски се прилагодува на вашата брзина и го следи аголот на управувачот така да ништо не може да ви избега од поглед при вртење.  

ВЕ ТУРКА НАПРЕД. ДУРИ И КОГА МИРУВА.

Моќен. Агилен. Типичен BMW: прецизните контури на издолжената хауба му даваат на BMW Серија 4 Coupé аура на класичен, но сепак иновативен спортски дух. Сложено изработената двојна полукружна маска во црна боја со висок сјај претставува девет широки лајсни. Како и иновативните LED предни светла, тие се исклучително рамни и имаат карактеристичен широк дизајн.
Како последица, предниот дел на BMW Серија 4 Coupé создава еден дури повеќе фокусиран и моќен ефект. Или со други зборови: целиот стил на BMW Серија 4 Coupé има харизма која ветува чисто задоволство при возење.

Остава впечаток. И кога другите го следат

ОСТАВА ВПЕЧАТОК. И КОГА ДРУГИТЕ ГО СЛЕДАТ.

Моќен став од задниот и од предниот дел: со својата спортска, агилна ширина, задниот дел на BMW Серија 4 Coupé создава еден впечатлив израз. Широкиот став и рамната линија на покривот му даваат на возилото едно атлетско совршенство.

ЈА ОСВЕТЛУВА ТЕМНИНАТА. НЕ САМО ОДНАПРЕД.

Добро осмислениот дизајн на BMW Серија 4 Coupé се протега и на задните светла. Благодарение на нивната L-форма, тие хармонично се вклопуваат во стилот на возилото, со што ја нагласуваат моќната ширина на BMW Серија 4 Coupé. Динамичните светла од сопирачката додаваат уште еден бонус на безбедноста: тие благо се осветлуваат со лесно притискање на педалот, а посилно при појако притискање на сопирачката.