Дизајн на внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé

ВОЗАЧОТ ВО ЦЕНТАРОТ.

Дизајн на внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé.

ВОЗАЧОТ ВО ЦЕНТАРОТ.

Дизајн на внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé.

Во BMW Серија 4 Coupé вие сте повеќе од возач. Вие сте центарот. Ова е поради тоа што внатрешноста е дизајнирана да биде целосно насочена кон возачот за да се добие максимална ергономија и нуди еден спортски амбиент со маскимален фокус на возачот. За да се постигне ова, се користат само ексклузивни материјали при дизајнирање на внатрешноста, вклучувајќи ја најфината кожа Dakota или атрактивните внатрешни декоративни алуминиумски лајсни. Накусо: во BMW Серија 4 Coupé вие го доживувате префинетиот квалитет и врвната возна динамика во една совршена форма.

ВОЗАЧОТ ВО ЦЕНТАРОТ.Дизајн на внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé.

Во BMW Серија 4 Coupé вие сте повеќе од возач. Вие сте центарот. Ова е поради тоа што внатрешноста е дизајнирана да биде целосно насочена кон возачот за да се добие максимална ергономија и нуди еден спортски амбиент со маскимален фокус на возачот. За да се постигне ова, се користат само ексклузивни материјали при дизајнирање на внатрешноста, вклучувајќи ја најфината кожа Dakota или атрактивните внатрешни декоративни алуминиумски лајсни. Накусо: во BMW Серија 4 Coupé вие го доживувате префинетиот квалитет и врвната возна динамика во една совршена форма.

МЕСТО ЗА ЧЕТВОРИЦА. ДИЗАЈНИРАН ЗА ЕДЕН.

Внатре во BMW Серија 4 Coupé се е насочено кон една личност: кон вас. Сите контроли се ергономично групирани околу возачот, со што добивате брз и интуитивен пристап кон сите функции. Главниот дизајнер во BMW Карим Хабиб дава преглед на впечатливиот дизајн на внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé.  

СЕДНЕТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Седнете и доживејте едно сосема ново чувство на дизајн на простор. Новиот BMW Серија 4 Coupé е опремен со спортски седишта изработени од чиста кожа која го претвора агилното возење во чисто задоволство. Седиштата и наслоните може посебно да се регулираат за висина и агол, со што се добива извонредна потпора на телото дури и за најспортски стил на возење. Во споредба со стандардните седишта, повисоките страни на седиштето и наслоните заедно со потпорите за бедрата обезбедуваат извонредна ергономија и странична потпора дури и при брзо влегување во свијоци.
Во задниот дел, исто така, патниците ги очекува чувство на спортско возење благодарение на интегрираните потпирачи за глава и удобните седишта.

НАЈВОЗБУДЛИВО МЕСТО. БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА КАДЕ СТЕ.

Внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé импресионира со изработка од врвен квалитет и пријатни текстурни квалитети. Со тоа се добива уникатен амбиент со спортски карактер и ексклузивност. Инспиративна, удобна – исто така подготвена да биде стилизирана според вашите желби. Ексклузивни материјали и атмосферските дизајнерски елемeнти како што се чиста Dakota кожа во корално црвена боја, атрактивни акцентирани опшивки или сложени внатрешни декоративни лајсни се достапни како опција.

ИЗОБИЛСТВО СТИЛ. НО БЕЗ ПРОСТОР ЗА КОМПРОМИСИ.

Дизајнот на внатрешноста на BMW Серија 4 Coupé му дава на возачот и на сите патници пријатно чувство на безбедност – додека одржува целосна спортска агилност. Благодарение на иновативниот дизајн и долгите ретровизори на вратите, сите патници имаат чувство на пријатен и удобен простор. Безбедноста никогаш не била толку ексклузивна: лајсните со висок квалитет што се поставени на вратите обезбедуваат спортски амбиент, овозможувајќи му на дизајнот на кабината елегантно да продолжи и до патниците во задните седишта.