BMW Линии и опрема за BMW Серија 4 Coupé

СПОРТСКИ, ЛУКСУЗЕН. И МНОГУ ПОВЕЌЕ.

BMW Линии и опрема за BMW Серија 4 Coupé.

СПОРТСКИ, ЛУКСУЗЕН. И МНОГУ ПОВЕЌЕ.

BMW Линии и опрема за BMW Серија 4 Coupé.

Адаптирајте го BMW Серија 4 Coupé да одговара на вашите лични потреби: со BMW линии и oprema. BMW Серија 4 Coupé е достапен со BMW линии Sport и Luxury. Исто така можете да се одлучите за пакети опрема М Спорт, дополнителни пакети опрема и оригинални BMW додатоци.

СПОРТСКИ, ЛУКСУЗЕН. И МНОГУ ПОВЕЌЕ.BMW Линии и опрема за BMW Серија 4 Coupé.

Адаптирајте го BMW Серија 4 Coupé да одговара на вашите лични потреби: со BMW линии и oprema. BMW Серија 4 Coupé е достапен со BMW линии Sport и Luxury. Исто така можете да се одлучите за пакети опрема М Спорт, дополнителни пакети опрема и оригинални BMW додатоци.

BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ СО ЛИНИЈА SPORT.

BMW Серија 4 Coupé со линија Sport одразува една динамика во своја најдобра форма. Дизајнерски елементи во црна боја со висок сјај се карактеристични за спортската верзија на BMW Серија 4 Coupé.  

  • Надворешност

    Пакетот опрема Sport Line со 18-инчни тркала од лесни легури со двојни краци двобојни во железно сива боја пренесуваат спортска динамика. Впечатливи дизајнерски елементи како што се отворот за воздух и предниот и задниот браник со специфични елементи, како што се вметнатата лајсна во централниот преден отвор за вентилација, создаваат еден елегантен акцент во црна боја со висок сјај. Девет лајсни во BMW полукружната маска со преден дел во висок сјај обезбедуваат еден спортски изглед. Надворешните ретровизори исто така опционално се достапни во црна боја со висок сјај. Рамките и обработ на страничните прозорци се во спортска мат црна боја. Издувната цевка црно хромирана и „Sport“ логото го истакнуваат висококвалитетниот изглед.
    Како алтернатива во линијата Sport, можете да одберете 19-инчни тркала од лесни легури двобојни со двојни краци и разни димензии на гуми и отвор за воздух во боја на каросерија.

  • Внатрешност

    Пакетот Sport Line претставува контрастни внатрешни елементи во црна и црвена боја, инспирирани од класичната BMW динамика на возење и ги пречекува патниците со алуминиумски газишта на праговите со „BMW Sport“ натпис. Возачот и патникот на предното седиште уживаат во контурите на спортските седишта во платно „Track“ антрацит со црвени или сиви елементи, кожа „Dakota“ црна со црвени акценти, или кожа „Dakota“ корално црвена со црни акценти. Втората варијанта исто така има и долен дел на инструмент таблата во корално црвена боја. Ексклузивните црни внатрешни лајсни со висок сјај со мат корално црвени детали или фино брусени алуминиумски лајсни со мат корално црвени акценти совршено го нагласуваат спортскиот амбиент на возилото.


    Спортскиот кожен управувач со црвена контрастна опшивка алтернативно е достапен и со црна опшивка. Внатрешните декоративни лајсни и ексклузивните лајсни на вратите во црна боја со висок сјај и црвени детали пренесуваат атлетска нота, како и лајсните на централната конзола во црна боја со висок сјај. Други детали се амбиент светлината и светлото Welcome за добредојде, брзиномерот и мерачот на вртежи со црвени хроноскали и црвен контрастен прстен, како и хромираните рамки на автоматскиот клима уред и радио контролата. Активиран преку контролата на задоволството при возење, SPORT+ режимот на работа ја зголемува агилноста и се добиваат значително подинамични перформанси. Клучот со црвени детали исто така го одразува исклучителниот карактер на пакетот опрема Sport Line.


    Достапни се разни варијанти на алтернативен Sport Line тапацир, вклучувајќи ја и комбинацијата на платно/кожа „Breeze“ Oyster, Sensatec црна, Veneto беж или црна боја со црвени детали, Dakota кожа Oyster или Dakota кожа во црна или Veneto беж боја (двете доаѓаат со или без ексклузивна опшивка). Додадете една нота на индивидуалност на внатрешноста со атрактивни декоративни алуминиумски лајсни надолжно брусени, со акцентирани бисерно хромирани детали или детали во црна боја, или лајсни од чисто дрво „Fineline“ антрацит, пепелно сива боја (со метални елементи) или ореово дрво, секоја од нив со бисерно хромирани декоративни елементи.

BMW СЕРИЈА 4 COUPÉ СО LUXURY LINE.

BMW Серија 4 Coupé со Luxury Line импресионира со својот посебен класичен и елегантен дизајн. Карактеристични обележја на линијата се квалитетните материјали и декоративните елементи направени од високо-сјаен хром.

  • Надворешност

    Пакетот опрема на Luxury Line ветува чиста елеганција: BMW полукружната маска е посебно привлечна со хромирани единаесет вертикални ребра и одводот за воздух со висок сјај. Висококвалитетните елементи на дизајнот, исто така, се комбинација на ексклузивност и спортски дух. Сјајно хромираните делови придонесуваат на атрактивниот изглед на предниот и задниот браник, на пример паралелно хромираната летвичка во делот на страничните предни отвори за воздух, рамките на страничните прозорци и крајниот дел од издувната цевка се привлечни детали на возилото. Кованите тркала од лесна легура од 18-инчи се посебно обележје на Luxury линијата, Елегантниот изглед на возилото дополнително се истакнува со написот ,,Luxury”.
    Како опциски обележја на линијата Luxury може да ги изберете 19-инчните тркала од лесна легура со повеќе краци како и одводот за воздух во боја на каросеријата.

  • Внатрешност

    Пакетот опрема од Luxury Line ветува листа елеганција и луксуз. Навлаките од кафена ,Dakota’ кожа со ексклузивни шевови продолжуваат и во долниот дел од инструмент таблата во Saddle кафена кожа. При влегување во возилото Ве дочекуваат декоративните алуминиумски газишта од праговите со натписот ,,BMW Luxury”. Внатрешноста ја краси лајсна од првокласно дрво ,Fineline’ Anthracite или лајсна од орев со декорација, двете имаат бисерно хромирани детали. На вратите се бисерно хромирани лајсни кои придонесуваат на луксузниот изглед. Сето ова е дополнето со варијабилно амбиентално осветлување и светло за приоѓање на предниот и задниот дел. Ексклузивната карактеристика на Luxury Line се хромираните порабувања на централната конзола и околу автоматскиот клима уред и радио контролите. Дури и клучевите со бисерно хромирани детали ја отсликуваат ексклузивната привлечност на овој луксузен пакет.


    Како опција на Luxury Line на располагање се седишта во Veneto беж боја или црна Sensatec, Veneto беж или црна кожа ,Dakota’, со или без ексклузивни шевови, и Oyster кожа 'Dakota' со Oyster темни детали. Внатрешните декоративни лајсни опфаќаат чист орев (без декорации) со бисерно хромирани детали, декорации од првокласно Ash Grain дрво (со метални детали) и со бисерно хромирани детали, декорации 'Fineline' Anthracite од првокласно дрво со бисерно хромирани детали и внатрешни декорации од надолжно брусени алуминиумски лајсни со бисерно хромирани или сјајни црни детали.

M SPORT ПАКЕТ.

Главно обележје на BMW Серија 4 Coupé е неговиот спортски дух. Со пакетот M Sport возилото е уште повеќе набиен со енергија што се гледа по неговиот изглед и динамиката при возење.

  • Надворешност

    Пакетот опрема М Sport со ексклузивна Estoril сина металик боја е екстремно динамичен уште на прв поглед. На впечатокот придонесуваат 18-инчните М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 400 М и М аеродинамичниот пакет со поголеми отвори за воздух на предниот браник, страничните прагови со дополнителен карактер на линијата и задниот браник со темна металик Shadow боја или брусена алуминиумска влошка на дифузерот. BMW заоблената маска со девет ребра и одвод за воздух се обработени во сјајна црна боја на BMW Individual на линијата Shadow за да одговараат на средината. Одводот за воздух е достапен во брусен алуминиум или во боја на каросеријата. М Sport потпирањето испорачува зголемено уживање при динамичното возење. М ознаката на страните од возилото и задната издувна цевка во контрастна хромирана боја со висок сјај го дополнува изгледот на возилото.

    Со М Sport пакетот достапни се и следниве типови тркала: 18-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 441 М во Ferric сива боја, 19-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 403 М, двобојни Ferric сива боја, полирани, 19-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 442 М, двобојни Ferric сива боја, полирани или 19-инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 442 М двобојни Orbit сива боја, полирани.

  • Внатрешност

    М Sport пакетот во внатрешноста привлекува со ексклузивниот спортски дух. Спортските седишта од ткаенина/Alcantara комбинација 'Hexagon' Anthracite со М шевови и сини детали обезбедуваат оптимална странична поддршка за возачот и за патникот на предното седиште. М кожниот управувач со мултифункциски копчиња и посебно оформениот потпирач за палецот овозможуваат врвна контрола при управувањето. Исто така, М Sport пакетот вклучува М газишта на праговите, Anthracite BMW Individual обложување на покривниот дел и внатрешни декоративни делови алуминиум Hexаgon со детали во мат Estoril сина боја и ексклузивни соодветни декорации на вратите во мат Estoril сина мат боја. М потпирачот за нога, скратената рачка од менувачот (само со 6-степениот пренос) со М логото и менувачот и рачната сопирачка во кожа 'Walknappa', исто така, придонесуваат на чувството на зголемена динамика на перформансите. Уште еден важен дел е варијабилното амбиентално осветлување, кое може да се приспособи во портокалова или бела боја. Некои од впечатливите детали во внатрешноста се и декорацијата на централната конзола во сјајна црна боја, брзинометарот и бројачот на вртежи со црвени хроноскали и црвен контрастен прстен, и хромираната површина на автоматскиот клима уред и контролите на радио уредот. Прекинувачот за Контролата на доживување при возење со SPORT+ режимот ја подобруваат агилноста за уште поголемо уживање прти возење. Клучот од автомобилот со сините детали, исто така, го рефлектираат исклучителниот карактер на M Sport пакетот.


    М Sport пакетот , исто така, е достапен со навлаки во Sensatec црна боја or Veneto беж боја, како и во кожа 'Dakota' Veneto беж, црна, Oyster боја или 'Dakota' кожа, корално црвена боја со црни детали и долен дел од инструмент табла во црвена боја.


    Во другите внатрешни декоративни детали што може да се изберат вклучени се лајсни од првокласно ореово дрво со сјајни хромирани детали, антрацитни лајсни од 'Fineline' првокласно дрво со бисерно хромирани детали, лајсни од првокласно дрво Ash Grain со метални декорации и бисерно хромирани детали, антрацитни лајсни од 'Fineline' првокласно дрво со бисерно хромирани декоративни делови и фино брусени алуминиумски лајсни со бисерно хромирани детали. Обложувањата и лајсните во внатрешноста може да бидат и црно сјајни, вклучувајќи фино брусени алуминиумски декоративни делови со сјајни црни детали.

BMW INDIVIDUAL.

Ви го одзема здивот и кога мирува: BMW Individual нуди широка палета ексклузивни бои на каросерија за BMW Серија 4 Coupé.

  • BMW Individual бои за каросерија

    Ви го одзема здивот и кога мирува: BMW Individual нуди широка палета ексклузивни бои на каросерија за BMW Серија 4 Coupé. Една од четирите експресивни бои е металик црна Citrine боја. Таа му дава на Coupé возилото нота на класична елеганција која го надополнува спортскиот изглед. Инспириран од полудрагоцениот камен citrine, бојата со Xiralic® пигментација во нијанси од златна до длабока и темна маслинесто црна боја.

  • BMW Individual Merino кожа

    Опкружени со елеганција: Препознатливо мека, еластична структура со отворени пори, BMW Individual Merino ситно зрнестата кожа во златно кафена боја му дава на внатрешноста на Coupé возилото особено посебна елеганција. Прецизно изработените рабови и контрастни шевови ја врамуваат кожата и создаваат неверојатно добар впечаток кој другите може само да се обидат да го следат. Освен златно-кафената боја, на располагање е голема палета навлаки од опал бели до сиви и црни, па сигурно ќе ја пронајдете онаа која најмногу Ви одговара.

  • Декоративни лајсни од BMW Individual програмата

    Декоративните лајсни во темна Plane Auburn боја од првокласно дрво од колекцијата BMW Individual совршено се вклопуваат во внатрешноста обложена со златно-кафена Merino кожа. Погледот го привлекува структурата и единствената боја под сјајната површина. Првокласното дрво е рачно обработено и поставено со прецизна мајсторија. Алтернатива на двете карактеристични опции се декоративните лајсни во сјајна црна боја, чија обработка може да се спореди со работата на врвните мајстори.

  • BMW Individual тркала од лесна легура

    BMW Individual 19-инчните тркала од лесна легура со V краци од типот 626 I даваат посебно спортски дух. Посебен естетски детаљ е дискретниот, ласерски изгравиран натпис BMW Individual.

  • BMW Individual управувач обложен со Merino кожа

    Почувствувајте го задоволството при возење: BMW Individual кожниот управувач инспирира со квалитетот на кожата. Посебен е детаљот е дискретно вметната плоча со знакот BMW Individual.

  • BMW Individual инструмент табла обложена со кожа

    Го привлекува погледот: Инструмент таблата обложена со кожа од BMW Individual колекцијата ја носи внатрешноста во нова димензија, кога станува збор за квалитет.

Пакети

ПАКЕТИ.

Пакетите на BMW опрема се првиот избор кога станува збор за посебни додатоци за Вашиот BMW Серија 4 Coupé. Прашајте го Вашиот BMW трговец кои пакети се достапни во Вашата земја или пребарајте со конфигураторот на националните BMW страници.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Со оригиналните BMW додатоци може да го опремите Вашиот BMW Серија 4 Coupé според Вашите желби. Овде ќе пронајдете некои од висококвалитетни производи создадени посебно за BMW возилата.

  • Sport патосница за сите сезони

    Отпорна на нечистотија и отпорна на вода. BMW патосниците за сите сезони после употребата може да се рециклираат. Имаат динамичен дизајн во согласност со линијата Sport. Достапни се и други бои на линијата.

  • Помошно греење

    Пријатно ја загрева внатрешноста на возилото пред да тргнете на пат. Во текот на загревање, моторот е заштитен со загреаната течност за ладење, па така се штеди на гориво. Помошниот грејач може да се вклучи на контролниот дисплеј или со далечинскиот управувач. Контролите може да се користат за вклучување на независното проветрување на кабината.

  • Пакет на внатрешно осветлување

    Светла точка кога станува збор за енергетската ефикасност: LED светлата во внатрешноста импресионираат благодарение на особено ниската потрошувачка и многу долгиот рок на употреба. Светлост слична на дневната светлина создава современа атмосфера и е со пријатна јачина. Посебно обликуваните леќи создаваат сноп на светлина слична на онаа кај обичните сијалички. LED модулите може директно да се постават во постојните грла.

  • Snap-in /приклучен адаптер

    Snap-in/приклучниот адаптер е безбеден и стабилен систем за полнење мобилни телефони произведени од Apple, Nokia, Motorola, Samsung, Sony и RIM/BlackBerry. Бесконтактната врска со антената нуди подобрен прием, а истовремено го намалува зрачењето во возилото.
    Во зависност од опремата за возилото, употребениот мобилен телефон и посебниот приклучен адаптер, во смарт телефоните може да се инсталираат различни апликации.

  • Рачка од рачната сопирачка Sport

    Рачката од рачната сопирачка Sport е направена од високо-квалитетна кожа. Црвениот дел во централниот дел ѝ дава уште подинамичен и спортски изглед. Достапна е и во други бои на линијата.

  • Футрола за клуч, Sport

    Атрактивна кожна футрола за ID трансмитерот на Вашиот BMW автомобил. Достапна е во други бои на линијата.