НАЈДОБРИ ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА ЗА ВАШЕТО ПАТУВАЊЕ.

Услуги и апликации во BMW Серија 4 Coupé.

Дозволете да Ви помогнеме: BMW ConnectedDrive услугите и апликациите отвораат целосно нов свет на удобни патувања. Со нашите информации и функции на забава, секое Ваше патување ќе стане задоволство.

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Услуги на поврзано возење

УСЛУГИ НА ПОВРЗАНО ВОЗЕЊЕ.

Опремата за ConnectedDrive услуги Ви обезбедуваат цела палета информации, забава и услуги на патувањето.
Понудата опфаќа BMW Online, со што се обезбедува пристап до тековните локализирани информации како временски услови, вести, како и онлајн пребарување и, исто така, функции на подвижна канцеларија. Исто така, може да се состави индивидуализирана палета услуги како што се веб камери, паркинг информации и водичи за патувања и хотели.
Опцијата, исто така, опфаќа безбеден и неограничен пристап до апликациите на смарт телефонот како BMW Connected. Во BMW ConnectedDrive продавницата ќе најдете многу корисни апликации, а секојдневно се додаваат сè повеќе апликации.

ОНЛАЈН ЗАБАВА.

Совршена музика за секоја ситуација, секој пат и секое расположение. Онлајн забавата нуди директен и неограничен пристап до 12 милиони музички наслови и сето тоа без смарт телефон или други уреди. На располагање се многу музички нумери за секој вкус. Со пакетот на Онлајн забавата, може да се отвори сметка со паушален износ и без дополнително плаќање кај кој било BMW музички партнер.
Згора на сè, музиката не е само во Вашиот BMW автомобил: може да ја користите Вашата сметка на Вашиот смарт телефон и на друг уред поддржан од релевантни BMW музички партнери. И нема дополнително плаќање во вкупно шест земји во Европа: Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Холандија. За да ја користите оваа функција потребни се ConnectedDrive услугите.

BLUETOOTH OFFICE.

Bluetooth Office

BLUETOOTH OFFICE.

Искористете го поефикасно времето минато во возилото.

Bluetooth Office Ви овозможува подобро да го искористите времето минато во возилото. Поврзувањето за Bluetooth и USB уредите значи дека може да го организирате секојдневниот живот кога сте на пат. Електронска пошта, состаноци, задачи и текстуални пораки да се прикажуваат на контролниот дисплеј и може да бидат прочитани гласно преку аудио звучниците.
Списокот на сите компатибилни мобилни уреди и смарт телефони е достапен на: www.bmw.com/bluetooth.

ИНТЕРНЕТ.

Интернет

ИНТЕРНЕТ.

Интернетот Ви дава пристап до мрежата на контролниот дисплеј во Вашето BMW возило. URL се внесува едноставно и практично со употреба на iDrive Controller или се избира од листата со означувачи за брз пристап. Контролниот дисплеј може да се користи за да се сурфа низ интернетот додека патувате со брзина до 7 км/час.
Достапно е само со опциската опрема на ConnectedDrive услугите.

СООБРАЌАЈНИ ИНФОРМАЦИИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ.

Сообраќајните информации во реално време (RTTI) ги обезбедуваат најновите сообраќајни информации во секое време. Прецизните детали за локацијата и времетраењето на доцнењата се пренесуваат за возачот да биде информиран, практично во реално време. Податоците се влечат од такви извори како профили на движење од мрежите на мобилните телефони, од GPS податоците на возните паркови, апликации на смарт телефони и полициски известувања. Овие податоци прецизно се анализираат за да може точно да се локализира сообраќајниот метеж до 500 метри. Ова овозможува RTTI да обезбеди информации во реално време за тековната состојба во сообраќајот на автопатиштата, главните патишта, регионалните патишта и бројни урбани рути и да препорача сигурни алтернативни патишта.
Достапно е само со опциската опрема на ConnectedDrive услугите.

Консиерж услуги

КОНСИЕРЖ УСЛУГИ.

Дали некогаш сте посакале да знаете како изгледа да имате личен батлер? Еве ја можноста: со Уживајте во посебната услуга - Консиерж услугата од BMW ConnectedDrive.
Со притискање копче ќе бидет поврзани со нашите агенти од BMW кол центарот кои се на располагање како ,лични асистенти” додека сте на пат. Без оглед на тоа дали се бара одреден ресторан, најблизок банкомат или дежурна аптека - агентот од кол-центарот на BMW е тука да помогне и може дури и да испрати информација директно до навигацискиот систем. Дури може да резервира маса во ресторан или да направи резервација на хотелска соба за Вас. Консиерж услугата работи независно од мобилниот телефон на возачот, и е достапна и во земјата и во странство, 24 часа дневно, седум дена неделно без дополнителен надоместок.
Достапно е само со опциската опрема на ConnectedDrive услугите.

ИНТЕЛИГЕНТЕН ПОВИК ЗА ИТЕН СЛУЧАЈ.

Интелигентниот повик за итен случај гарантира 24 часа брза, таргетирана помош како поддршка од обучен персонал, на мајчиниот јазик на возачот, дури и кога е во странство. Доколку се случила незгода со активирање на воздушните перничиња и затегнувачите на сигурносните појаси, системот автоматски упатува итен повик. Релевантните детали како што е точната позиција на возилото, сериозноста на незгодата и можниот ризик од повреди на патниците се пренесуваат до BMW кол-центарот преку вградената во возилото SIM картичка, односно независно од приватниот мобилен телефон. Кол-центарот на BMW ќе го информира најблискиот центар за спасување и ќе обезбеди помош преку телефон сè додека не пристигне помошта. Итниот повик може, исто така, да се активира рачно, во случај кога на други корисници на патот им е потребна помош.

Далечински услуги

ДАЛЕЧИНСКИ УСЛУГИ.

Со далечинските услуги и бесплатната апликација My BMW Remote (достапна во Apple App Store и Google Play продавницата), од далечина може да се управуваат различните функции поврзани со возилото, како што се заклучување и отклучување на возилото. Исто така, адресите на дестинациите може директно да се пренесат со употреба на Google™ пребарувачката машина во навигацискиот систем, доколку е достапен. Исто така, може да се прикаже и локацијата на возилото. За да се користи оваа карактеристика, клиентите едноставно треба да ги активираат далечинските услуги во My BMW ConnectedDrive корисничкиот портал на www.bmw-connecteddrive.com.