ДИЗАЈНИРАН ЗА ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.

BMW Серија 4 Coupé.

ДИЗАЈНИРАН ЗА ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО.BMW Серија 4 Coupé.

Моќност во kW (h.p.) при 1/мин (440i)

240 (326)/5,500

Забрзување од 0-100 км/час во с (440i)

5.2 [5.0]

Комбинирана потрошувачка во л/100км (440i)

7.7–7.4 (6.8–6.6)


Меѓуоскино растојание (во цм)

2,810

BMW Серија 4 Coupé го карактеризираат моќна естетика и спортска динамика. Нивното зголемување е уникатно возачко чувство благодарение на нискот центар на гравитација, идеално распределување на товарот меѓу оските, голема крутост на каросеријата и моторите со TwinPower турбо технологија. BMW линиите Sport, Luxury и Modern заедно со М Спорт пакетот нудат опции за персонализација на BMW Серија 4 Coupé. Еден важен момент, во вистинска смисла на зборот, се новите адаптивни предни светла со целосна LED технологија вклучувајќи го и BMW селективниот зрак. Иновативните отвори за воздух не само што поставуваат еден возбудлив дизајнерски акцент туку и ја намалуваат потрошувачката на горивото и СО2 емисиите. Дури и поголемо задоволство при возење ви овозможува Steptronic спортски пренос со 8 брзини и системите за помош при возење како што е BMW Head-Up дисплеј.

ТРКАЧКА ЛИНИЈА. СОСЕМА ВИ ОДГОВАРА.

BMW Серија 4 Coupé.

Спортските пропорции и изразената естетика на BMW Серија 4 Coupé привлекува погледи полни со восхит. А по нив следува ентузијазам. Еден спортист со динамичен дизајн кој зрачи со авторитет на секое патување.

Внатрешност

Внатрешност.

Во BMW Серија 4 Coupé вие сте повеќе од возач. Вие сте центарот. Ова е поради тоа што внатрешноста е дизајнирана да биде целосно насочена кон возачот за да се добие максимална ергономија и нуди еден спортски амбиент со маскимален фокус на возачот. За да се постигне ова, се користат само ексклузивни материјали при дизајнирање на внатрешноста, вклучувајќи ја најфината кожа Dakota или атрактивните внатрешни декоративни алуминиумски лајсни. Накусо: во BMW Серија 4 Coupé вие го доживувате префинетиот квалитет и врвната возна динамика во една совршена форма.
Надворешност

Надворешност.

Динамика која се движи – дури и кога стои статичен. Дизајнот на BMW Серија 4 Coupé зрачи со фасцинантен спортски карактер. Рамната покривна линија и агресивниот преден дел од возилото создаваат една моќна елеганција. И атлетскиот заден дел на BMW Серија 4 Coupé привлекува погледи кога поминува покрај набљудувачите. А широкиот, самоуверен став обележува едно чисто задоволство при возење. Ветување кое не само што се исполнува во текот на возењето. Далеку се надминува.
Динамика на возење

Динамика на возење.

На секое патување, на секоја површина и во секоја ситуација: BMW Серија 4 Coupé нуди извонредна динамика на возење. И тоа го прави со внимателно кроење на своите карактеристики за да одговараат на вашите потреби. Во филмот што следува можете да уживате во динамиката на возење на BMW Серија 4 Coupé.

240 KW.

BMW TwinPower линиски 6-цилиндричен бензински мотор со капацитет од 3 литри во BMW 440i создава импресивни перформанси: 240 kW (326 hp), максимална вртежна сила од 450 Nm и забрзување од 0 до 100 км/час за само 5,2 секунди (Steptronic пренос: 5.0 сек, xDrive: 5.0 сек., xDrive Steptronic пренос: 4.9 сек.). Максимална брзина е 250 км/час (ограничена). Просечна потрошувачка на гориво останува на скромни 7.2 до 7.4 л (Steptronic пренос: 6.8 до 6.6 л на 100 км, xDrive: 7.9 до 7.7 л, xDrive Steptronic пренос: 7.3 до 7.0 л), овозможувајќи ниска емисија на СО2 од 179 до 172 г/км (Steptronic пренос: 159 до 154 г/км, xDrive: 185 до 179 г/км, xDrive Steptronic пренос:169 до 162 г/км.)
Сите бензински мотори во BMW Серија 4 Coupé ги исполнуваат нормите за емисии на штетни гасови на ЕУ како стандардни.