Дизајнот на BMW Серија 7

ЕСТЕТИКА. ЗА ВИЗИОНЕРИТЕ.

Дизајнот на BMW Серија 7.

ЕСТЕТИКА. ЗА ВИЗИОНЕРИТЕ.

Дизајнот на BMW Серија 7.

„Новата BMW Серија 7 го претствува нашиот концепт за современ луксуз. Ние ги сметаме техничката иновација и високиот квалитет на сите детали неопходни како емотивна форма на еден јазик и атмосферата на благодетите на внатрешноста. Во текот на процесот на дизајнирање, ние работевме со една идеја за „Технолошка поезија“ – чувство на совршена интеракција меѓу една напредна технологија и нејзиното претворање во дизајн“


Карим Хабиб, главен дизајнер на BMW автомобилите

ЕСТЕТИКА. ЗА ВИЗИОНЕРИТЕ.Дизајнот на BMW Серија 7.

„Новата BMW Серија 7 го претствува нашиот концепт за современ луксуз. Ние ги сметаме техничката иновација и високиот квалитет на сите детали неопходни како емотивна форма на еден јазик и атмосферата на благодетите на внатрешноста. Во текот на процесот на дизајнирање, ние работевме со една идеја за „Технолошка поезија“ – чувство на совршена интеракција меѓу една напредна технологија и нејзиното претворање во дизајн“


Карим Хабиб, главен дизајнер на BMW автомобилите

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Динамични пропорции, прецизни линии и извајани површини: BMW Серијата 7 го покажува типичниот дизајн на BMW во својата најелегантна форма. Дали е тоа со предницата која се истакнува, проширените странични делови или моќниот заден дел, BMW Серија 7 зрачи со својата природна и авторитативна присутност од секој агол.

  • Самоуверен преден изглед

    Предниот дел, со својата широка рамка на големата и исправена предна маска во полукружна форма јасно се истакнува, давајќи му на BMW Серија 7 динамичен и истакнат карактер. Отворот за воздух што се наоѓа под неа, оптички поделен на три дела, се протега по целата предна преграда, давајќи му на возилото исклучително авторитативен и карактеристичен изглед. Опремен со LED технологија како стандардна опрема, внатрешните цевки во опционалните адаптивни LED предни светла се поврзани со полукружната маска со хоризонтална лента.
    Една технологија за светла која, буквално, го осветлува патот нанапред е BMW Laserlight, која е препознатлива по хоризонталните ленти во сина боја кои се наоѓаат во средина на цевките.

  • Елегантен страничен поглед

    Од страните, покривната линија која благо се спушта создава особено елегантна силуета. Периферните хромирани лајсни на прозорците хомогено се слеваат во „Хофмајстер-Кинк“. Двоен преклоп со интегрирани рачки на вратите се протега од предните до задните светла во две прецизни линии. Тие создаваат тесен простор меѓу нив кој изгледа како константна линија на светлина поради взаемното дејство на светлината и сенката врз страничната површина на возилото, нагласувајќи ги должината и страничната висина на BMW Серијата 7. Балансираниот изглед и оптички нискиот центар на гравитација на овој седан се нагласени со хромираната лајсна која се протега од отворот за воздух по целата должина на страничниот дел од возилото.

  • Моќен заден дел

    Хоризонталното порамнување на сите задни елементи ја нагласува ширината и авторитетот на BMW Серија 7. Хоризонтална хромирана лајсна смело се протега преку целата должина на возилото, со што се создава оптичка конекција меѓу светлата. За прв пат, L-обликот на светлата исто така ја продолжува геометријата на стаклото, што на задните светла им дава дури и повпечатлив изглед. Украсните делови на крајот од издувната цевка се опкружени со впечатлива хромирана рамка. Во комбинација со големото меѓуоскино растојание и посебно обликуваните поткрила, тие го прават центарот на гравитацијата понизок, со што BMW Серија 7 добива уникатен изглед и кога ќе се набљудува од задната страна.

МАСКА ВО ПОЛУКРУЖНА ФОРМА СО АКТИВЕН ПРОТОК НА ВОЗДУХ.

Еден исклучително карактеристичен детаљ во дизајнот на предниот дел од BMW Серијата 7 е маската во полукружна форма со активен проток на воздух. Отворите за воздух со нивните хромирани крилца се видливи и активно го регулираат протокот на воздух. Доколку се зголеми потребата за ладење на моторот, се отвораат отворите за воздух. Кога се затворени, тие ја подобруваат аеродинамиката и обезбедуваат впечатливо присуство поради вертикалните крилца кои се хромирани.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Во кое било седиште да седите во BMW Серија 7, ја чувствувате современата и футуристичката атмосфера на луксузната благодет. Виртуозната композиција на материјалите, светлината, формата, бојата и иновативните технологии се наменети за оние личности кои сакаат да ги придвижуваат работите – дали е тоа од задните седишта или од возачкото седиште.

Благодет и комфор.

Новата ера на комфор во возењето во BMW Серијата 7.

  • За патниците на задните седишта

    На задните седишта, се е концентрирано кон создавање луксузен амбиент за патување. Патниците уживаат во просторен комфор и палета на ексклузивни опции за забава. Touch Command таблет кој може да се вади, обезбедува целосно интегрирана опција за контрола на функциите за забава и комфор.
    Со специјалната опрема „Executive Lounge“, патникот на задното седиште кој е од истата страна со патникот во предното седиште може да ужива во патувањето во исклучително удобна положба. Масата која е интегрирана во средишниот наслон за раце е покриена со црна кожа Nappa и има изглед и чувство на кожа со висок квалитет. Покрај тоа, панорамскиот стаклен покрив Sky Lounge во долга верзија создава чувство на отворен и светол простор и, доколку има потреба, може да се осветли во боите на амбиентното светло. Ова е идеална атмосфера во која може да се ужива во звукот со студиски квалитет на системот Bowers & Wilkins surround sound со излезна моќ од 1400 вати.

  • За возачот и патникот на предното седиште

    Инструмент таблата која е насочена кон возачот во BMW Серијата 7 е приказ на технолошки иновации. BMW е прв производител кој нуди контрола со гестикулации така што основните команди може да се дадат со движењето на рацете. Слично функционираат и интелигентната гласовна контрола, iDrive Touch Controller и, како алтернатива, Touch Display, со кој, поврзан со системот за навигација Professional, може директно да се ракува преку 10.25-инчниот LCD дисплеј во боја.
    Во зависност од избраниот режим на возење, дисплеите на инструмент таблата зад кожниот управувач се поврзани со различни графички симболи. Мултифункционалните клучеви се прикажуваат тродимензионално за да овозможат пријатно чувство и се вградени во сјајната хромирана површина. Елегантниот состав со хоризонталните површини го привлекува погледот на тие што го гледаат и го задржува со визуелни акценти поставени во амбиенталното светло.

ОТМЕНОСТ.

BMW Серија 7 претставува една прецизна и квалитетна изработка на исклучително ниво. Доказ за ова е Floating Design Mirror: страничните ретровизори се чинат како органски да растат од линијата на прозорците. Модерни и елегантни со овој ефект, тие исто така ја подобруваат аеродинамиката. Други примери на оригинални отмени детали се предна маска во полукружна форма со активен проток на воздух со вертикални хромирани крилца, моќен карактеристичен изглед на дизајнот на тркалата со висока прецизност и хомогено инкорпориран делот „Хофмајстер-Кинк“.
Во внатрешноста, високо квалитетните материјали како што се хром со внатрешните украси во Poplar Grain сива боја на првокласно дрво и седишта со тапацир како што е ексклузивната „Nappa“ кожа во Ivory бела боја создаваат хармонична комбинација. Исто така, со високо ниво на изработка, тука е и инструмент таблата декорирана со хомогена рамка. Дрвените декоративни украси и галванизираната лајсна се комбинираат индивидуално во текот на производниот процес за да се добие една хомогена целосна слика.
BMW Individual Collection со палета на ексклузивни бои и материјали нуди дополнителни разновидни опции за дизајнирање на BMW Серијата 7. Тие вклучуваат боја на тапацир со меко структуирана вистинска Merino кожа во Mediterranean Tartufo кафена боја со рачно изработени детали како што се шевови со проткаен изглед, рачно плетени гајтани и пораби во контрастни бои.  

СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ „MONTBLANC ЗА BMW“.

Избрани материјали, генијален дизајн и извонредни функции – современ луксуз кој има многу аспекти. Специјалното издание „Montblanc за BMW“ ја дели страста со нас за врвен квалитет и изработка. За да го одбележи ова, Montblanc создаде колекција на избрани додатоци ексклузивно за BMW Серија 7.


Кожните креации и прибори за пишување се совршени содружници – за секојдневна употреба или за долги, луксузни патувања. Сите предмети имаат рафинирана гравура во стилот на BMW Серија 7 како и потпис „Montblanc за BMW“. Од пролет 2016 година, ексклузивните серии ќе бидат достапни насекаде во светот како дел од Lifestyle колекцијата во определени BMW продавници и во бутиците на Montblanc.

Изјава за ограничување одговорност за CO2.

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за моделите на BMW Серија 7 со бензински или дизел мотори*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 12.6 до 4.5
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 299 до 119

 

Потрошувачка на гориво, емисии на CO2 за моделите на BMW Серија 7 iPerformance**:

 

Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 2.3 до 2.1
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 53 до 49
Потрошувачка на енергија во kW/100км (комбинирана): 13.0 до 12.5

 

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за BMW 750Li xDrive:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.5 до 8.3
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 197 до 192

 

*За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

 

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

 

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од избраните димензии на тркала и гуми.

 

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.