ПРЕПУШТЕТЕ СЕ. НА СИГУРНИ СИСТЕМИ.

Системи за помош при возење на BMW ConnectedDrive во моделите на BMW Серија 7.

Бројни иновативни технологии за време на возењето на различен начин Ви помагаат и гарантираат врвна удобност и безбедност. Ова значи дека може да се фокусирате на она што е важно – непречено задоволство при возење.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL СО ДИСПЛЕЈ НА ДОПИР.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со префинет дизајн и супериорна палета услуги: тој испорачува едноставен и лесен за употреба навигациски систем што е целосно вграден во BMW, вклучувајќи iDrive оперативен концепт со iDrive Touch Controller и дисплеј на допир. Системот се состои со гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон, како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, тој ја олеснува употребата на Сообраќајните информации во реално време (RTTI). Вградениот 10.25" LCD дисплеј во боја со функција на поделен екран (главен и дополнителен прозорец) е дизајниран за најдобра видливост и преглед.
Системот овозможува непречено префрлање помеѓу внесените опции со iDrive Touch Controller, чија површина, чувствителна на допир, овозможува лесно да се внесат дестинации во навигацискиот систем со рачно пишување, преку дисплејот со екран на допир, преку Контролата со гестикулации и Гласовната контрола, како и со седум обележувачи.
Системот автоматски ги ажурира своите мапи до четирипати годишно, три години во избраните европски земји како дел од BMW услугите ConnectedDrive на домашниот пазар.
Прикажаните илустрации подлежат на промени.

  • Автоматско ажурирање мапи

    Последната генерација на навигацискиот систем Professional автоматски ги ажурира своите навигациски мапи до четирипати годишно со BMW системот ConnectedDrive. Веднаш штом ќе стане достапна некоја нова мапа за претходно селектиран регион, ажурирањето безжично ќе се пренесе преку мрежата на мобилниот телефон до вградената SIM картичка од возилото.
    За автоматското ажурирање на мапите не е потребна посебна лиценца или дополнително плаќање за префрлање, ниту пак е потребна регистрација. Рачните ажурирања со употреба на уредот за складирање податоци или преку сервисниот партнер на BMW не се потребни. Навигацискиот систем останува целосно функционален до целосно завршување на постапката на ажурирање.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ ПЛУС И ПОМОШ ПРИ УПРАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ЛЕНТА.

Опремата за Помош при возење плус нуди удобност на делумно автономно возење благодарение на Активниот темпомат со функциите Stop&Go и Помош при управување и одржување лента. Освен функциите на Помош при возење, подобрена е и активната безбедност со Предупредување за промена на лента, Помош за одржување лента со активна странична заштита од судир, предупредување за растојание од возилото пред Вашето и предупредување за пешаци со функција на сопирање и предупредување за спречен сообраќај.
Активниот темпомат ја одржува саканата брзина (со 210 км/ч) како и растојанието од возилото пред Вашето. Практичното управување и помошта за одржување лента се достапни во истиот опсег на брзини. Системот го презема управувањето и автоматски го одржува BMW возилото во средина од лентата. При сообраќај што бавно се движи и сообраќајни метежи, возилото го одржува саканото растојание до возилото пред Вашето со автоматско сопирање и забрзување.
Прикажаните илустрации подлежат на измени.

  • Помош при управување и одржување лента, и помош во сообраќаен метеж

    Помошта при управување и одржување лента со вклучена помош при сообраќаен метеж може да се активира за да му помогне на возачот при монотони сообраќајни ситуации. При брзини до 210 км/час на сите патни површини, системот го помага управувањето и го одржува возилото во средниот дел од лентата.
    Напреден систем за поддршка на управувањето е можен со и без Активен темпомат. Тој користи повеќе радарски системи за преглед и стерео камера. Системот се позиционира со употреба на ознаките на лентите и според возилото пред Вашето, доколку има. Тој автоматски го одржува саканото растојание од возилото пред Вашето и ја регулира брзината на возилото до запирање, и обезбедува активна поддршка на управувањето. Помошта на управувањето и одржувањето лента претставува важно достигнување на патот до постигнување високо-автоматизирано возење.
    Иако системот е во состојба независно да го вози возилото, законот го обврзува возачот да ги држи двете раце на управувачот. Доколку возачот не се придржува кон тоа барање, сензорите на системот во управувачот ќе го препознаат тој факт и акустично ќе го предупредат возачот после определен период на време. Потоа системот ќе се исклучи од активната работа. Ист е случајот ако се вклучи индикаторот за менување лента или, доколку барањата на системот не се веќе задоволени, односно лентата е премногу тесна.

  • Помош за одржување лента со активна заштита од страничен судир

    Помошта за одржување лента со активна заштита од страничен удар, која активно помага при управувањето за да се избегне ненамерно напуштање лента или судир со објекти странично од возилото. Доколку предупредувањето за премало растојание помеѓу возила се активира и ако возилото пред Вашето почне да сопира, BMW возилото веднаш реагира со сè погласно предупредување, лесно сопирање и на крај целосно сопирање.

BMW Head-Up Дисплеј

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е брзината се прикажуваат заедно со навигациските совети, информациите за ограничувањето на брзината, вклучувајќи предупредување за забрана за претекнување, телефонски именик и листи со забава, информации и предупредувања за различни системи за помош.
Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат и без одземање на вниманието.
Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различни дневни и ноќни дисплеи, и воедно висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере која информација да се прикаже заедно со тековната брзина и предупредувањата од системите за помош при возењето.

ПАРКИРАЊЕ.

Три совршено усогласени функции. Благодарение на Помошта за паркирање, Далечинското управување при паркирање и Активната контрола на растојанието при паркирање, маневрирањето во паркинг простор со BMW Серија 7 возилото е без напор. Дури и тесните гаражни простори не претставуваат проблем. Едноставно излезете и паркирајте го Вашето BMW Серија 7 возило со далечински управувач со само еден допир на копчето на BMW клучот со екран.
 

  • Далечинска контрола при паркирање

    Функцијата на паркирање со далечинско управување му овозможува на возачот да излезе од возилото пред паркирање преку далечинската контрола со движење на возилото напред, или враќање назад (излегување) од тесен паркинг простор или гаража. Возачот ја активира функцијата за паркирање што е далечински управувана надвор од возилото преку BMW клучот со дисплеј.
    Целата постапка на паркирање е следена од сензорите на Контролата на растојанието при паркирање (PDC), Помошта при паркирање и Преглед на средината. За да се употреби функцијата за паркирање со далечинско управување, возилото треба да биде исправено и центрирано, свртено кон паркинг просторот или гаражата. За време на постапката на паркирање, возачот може да го запре возилото, според потреба.
    Кога е паркирано возилото, моторот може да се исклучи преку клучот. Кога ќе дојде време за тргнување, моторот може, исто така, да се стартува преку клучот. За време на излегувањето од просторот што е далечински управувано, возилото автоматски се движи назад во права линија.
    Функцијата на паркирање со далечинско управување е достапна од март 2016 година за моделите 730d, 740d, 730i, 740i, 750i, 730Ld, 740Ld, 730Li, 740Li и 750Li.

  • Помош при паркирање

    Помошта при паркирање, вклучувајќи го линеарното водење, го паркира возилото целосно автоматски во паркинг простори што се паралелни или нормални на улицата. Без оглед на тоа дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори додека возите крај нив со мала брзина (под 35 км/час) и со максимално растојание од 1.5 м од редот на паркирани возила.
    Кога ќе пронајде простор со доволна големина, возачот треба само да го вклучи индикаторот и потоа Помошта при паркирање го презема управувањето, како и селектирањето на потребната брзина, забрзувањето и сопирањето. Возачот е одговорен само за следење на процесот на паркирање. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни акустични сигнали. Помошта при паркирање емитува звучен сигнал кога процесот на паркирање ќе заврши и ја менува брзината во P.
    При паркирање без функцијата Помош при паркирање, Помошта при странично паркирање користи дополнителни сензори за да ги следи површините странично од возилото и ги прикажува пречките на Контролниот дисплеј. Активната контрола на растојанието при паркирање (PDC) автоматски го сопира возилото, доколку забележи можност од судир со пречка при враќање назад во паркинг просторот. Така, возачот може да се релаксира со поголема сигурност при паркирање.

  • Активна контрола на растојанието при паркирање (PDC)

    Функцијата на сопирање Активна контрола на растојанието при паркирање (PDC) му помага на возачот во ситуации на паркирање наназад за да избегне и да ја намали сериозноста на судирот. Така, возачот може да се релаксира со поголема сигурност при паркирање.
     

ПОГЛЕД НА ОКОЛИНАТА ВКЛУЧУВАЈЌИ 3D ПОГЛЕД, ПОГЛЕД ОДОЗГОРА И ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД.

Погледот на околината ги вклучува функциите кои се потпираат врз камери: Камера за заден поглед, Панорамски поглед, Поглед одозгора и 3D поглед. Камерите во надворешните ретровизори како и во предниот и задниот дел овозможуваат 360o поглед.
Со едноставен приказ на просторот за возење назад, Погледот одозгора му овозможува на возачот поглед преку вратата и на просторот странично од возилото за полесно маневрирање. Во 3D погледот, истовремено се прикажува компјутерски генериран 3D поглед за уште подобар поглед при паркирање. Панорамскиот поглед ја прави навигацијата во области со мала видливост, како што се пристапи или комплицирани раскрсници, побезбедна. Дигиталната камера на предниот централен дел од возилото ја регистрира ситуацијата во сообраќајот пред возилото. Со ова се овозможува регистрирање на возилата што приоѓаат за да може возачот соодветно да реагира. Функцијата на Страничен поглед автоматски се дезактивира кога возилото ќе постине 15 км/час.
Возачот може да избира помеѓу три функции Поглед одозгора, Панорамски поглед и 3D поглед. Последно селектираната функција автоматски ќе се дезактивира кога следниот пат системот ќе се употреби. Системите на камери се активираат кога возилото ќе се стави во рикверц или PDC копчето или копчето за Панорамскиот поглед ќе се притисне. Сликите прикажани од камерата се прикажани на Контролниот дисплеј.

Поглед на околината.

Погледнете филм за оваа функција.

BMW НОЌЕН ПОГЛЕД СО ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА.

Ноќниот поглед со препознавање лица на BMW му обезбедува на возачот видик што го надминува светлосниот сноп од предните светла на возилата и ноќе може да идентификува луѓе и големи животни од голема далечина. Тие, исто така, селективно се осветлуваат со функцијата на Динамичниот маркер на светло што не заслепува. Инфрацрвената камера поставена на маската на BMW возилото пренесува слики од предниот дел на возилото на Контролниот дисплеј. Со ова се овозможува возачот да идентификува луѓе и животни на оддалеченост до околу 300 метри.
Системот ги зема предвид брзината на возилото и аголот на управување и, исто така, пресметува дали идентификуваните објекти претставуваат реален ризик. Во случај на акутна опасност, на мултифункционалниот инструмент дисплеј и на Head-Up дисплејот ќе се прикаже црвена икона што трепка (животно или лице). Исто така, ќе се слушне и звучен аларм и сопирачките поминуваат во состојба на подготвеност за нагло сопирање.
Овој систем за предупредување автоматски се активира кога возилото е стартувано. Во случај на опасност, системот дава предупредување кога дисплејот не е активиран. BMW ноќниот поглед со препознавање лица е иновација од BMW ConnectedDrive.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 со бензински и дизел мотор*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12.6 до 4.5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 299 до 119

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2.3 до 2.1
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 53 до 49
Потрошувачка на енергија kWh/100 км (комбинирано): 13.0 до 12.5

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за BMW 750Li xDrive:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8.5 до 8.3
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 197 до 192

*: За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**: Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од димензиите на избраните тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.