Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 7

ЕЛЕГАНЦИЈА. ПРЕНЕСЕНА НА ПАТОТ.

Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 7.

ЕЛЕГАНЦИЈА. ПРЕНЕСЕНА НА ПАТОТ.

Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 7.

Иновативната лесна конструкција, напредните мотори или високо-интелигентното управување со енергија се најдобрите примери. Со иновациите на инженерите на BMW EfficientDynamics се поставија нови стандарди. Во BMW Серија 7, тие се соединија во мајсторско совршенство. Резултатот е оптимална комбинација на удобно возење, динамика и ефикасност.

ЕЛЕГАНЦИЈА. ПРЕНЕСЕНА НА ПАТОТ.Динамика и ефикасност при возење на BMW Серија 7.

Иновативната лесна конструкција, напредните мотори или високо-интелигентното управување со енергија се најдобрите примери. Со иновациите на инженерите на BMW EfficientDynamics се поставија нови стандарди. Во BMW Серија 7, тие се соединија во мајсторско совршенство. Резултатот е оптимална комбинација на удобно возење, динамика и ефикасност.

BMW СЕРИЈА 7 12-ЦИЛИНДРИЧНИ СЕДАНИ.

Со моделите BMW M760Li xDrive и BMW M760Li xDrive Model V12 Excellence, BMW M GmbH ги создаде првите M Performance автомобили што се темелат врз BMW Серија 7 Седан. Двата врвни модели од оваа серија имаат M Performance TwinPower Turbo 12-цилиндричен бензински мотор. Јасно е дека BMW M760Li xDrive е најдинамичната варијанта, додека фокусот за моделот V12 Excellence е повеќе насочен кон луксузниот карактер на возилото. Двата модели имаат првокласни надворешни и внатрешни компоненти од линијата на BMW Individual. Двата автомобили се создадени за да импресионираат со врвна квалитетна комбинација на чиста динамика, удобност и иновации. BMW M GmbH инженерите повторно ја докажаа својата исклучителна стручност во развојот на ексклузивни, спортски автомобили.

  • Надворешност и внатрешност на BMW M760Li xDrive

    Надворешна опрема за BMW M760Li xDrive:

    • BMW маска со ексклузивно дизајнирани предни страни на вертикалните ребра со Cerium Grey боја, страни со црна боја со висок сјај и рамка за маската со Cerium Grey боја.
    • Преден браник со посебни елементи на дизајн во Cerium Grey боја и зголемен раб на отворите за воздух, без светла за магла
    • 20-инчни M тркала од лесна легура со двојни краци од типот 760 M* со комбинирани гуми, Cerium Grey боја, мат, полирани, достапни се и други тркала
    • M Sport стега на сопирачката, сина боја
    • Странична ознака со логото М, боја Cerium Grey
    • Куќишта за ретровизор со Cerium Grey боја
    • Одвод за воздух, декоративни елементи на вратите и лајсни на рачките од вратите со Cerium Grey боја
    • Декорација на багажникот во Cerium Grey боја
    • M спортски издувен систем со декорација на издувната цевка во форма на дијамант и со разделник кој дава изглед на двојна издувна цевка во Cerium Grey боја
    • Капак на моторот со ознака BMW M Performance
    • M заден спојлер во боја на каросеријата**
    • ,,V12” ознака во Cerium Grey боја на C-столбовите
    • ,, M760Li" и ,,xDrive" ознаки во Cerium Grey боја на задниот дел
    • Металик кафена Frozen Dark*** боја на каросеријата од линијата BMW Individual, достапни се и други бои на каросерија

    * 20-инчни М тркала од лесна легура опремени со гуми со високи перформанси.
    ** М заден спојлер во боја на каросеријата е достапен опционално.
    *** Металик кафена Frozen Dark боја на каросеријата од линијата BMW Individual е достапна опционално.

    Внатрешна опрема за моделот BMW M760Li xDrive:

    • Осветлени алуминиумски прагови , со ознака ,,V12"
    • Удобни седишта од ,,Nappa” кожа, алтернативно во опремата BMW Individual, целосно обложени со најфина кожа ,,Merino”, боја Cashmere Beige, а достапни се и други навлаки
    • М кожен управувач со мултифункциски копчиња, а достапни се и други типови управувачи
    • BMW обложување на покривниот дел во Alcantara антрацит боја, а достапни се и други типови на обложување на покривниот дел
    • Ексклузивна инструмент плоча со ознака ,, M760Li xDrive" и мерач за брзина до 330 км/час
    • Внатрешни декоративни делови од чисто дрво ,,Fineline” со сјаен метален ефект, достапни се и други типови на декоративни делови
    • ,,V12” ознака на централната конзола и на Touch Command
  • Надворешност и внатрешност на BMW M760Li xDrive Model V12 Excellence

    Надворешната опрема за BMW M760Li xDrive Model V12 Excellence ги опфаќа следниве карактеристики од пакетот Pure Excellence:

    • Преден браник со хромирани делови со специфичен дизајн и единствена геометриска решетка за доводите за воздух
    • Заден браник со хромирани делови со специфичен дизајн
    • Други карактеристики на дизајнот за надворешниот дел:
    • Металик црна Ruby Black* боја на каросеријата од линијата на BMW Individual, достапни се и други бои на каросерија
    • 20-инчни тркала од лесна легура со W краци од типот 646 s со комбинирани гуми, со висок сјај, достапни се и други тркала
    • Предни и задни стегачи на диск сопирачките во црна боја со висок сјај
    • Капак од просторот за моторот со ознака BMW M Performance
    • Хромирана ознака ,,V12” на C-столбовите и во задниот дел
    • Дискретно дизајнирана задна издувна цевка со лајсна во форма на дијамант и со хромиран разделник кој дава изглед на двојна издувна цевка
    • Светло хромирана ознака ,,xDrive” на задниот дел

    * Бојата на каросеријата, металик црна Ruby од линијата BMW Individual е опционално достапна. Внатрешната опрема за BMW M760Li xDrive модел V12 Excellence ги опфаќа следниве карактеристики од дизајнот на пакетот Pure Excellence:

    • Голем број делови од дрво: држачи за раце на покривниот дел со вметнати дрвени елементи, декорација на држачот за чаша во централниот дел од потпирачот за рака и декорација на отворите за сигурносните појаси во задниот дел од возилото
    • Меки патосници во задниот дел од возилото

    Други карактеристики на дизајнот во внатрешноста:

    • Осветлени алуминиумски прагови , со ознака ,,V12"
    • Удобни седишта од ,,Nappa” кожа, алтернативно во опремата BMW Individual, целосно обложени со најфина кожа ,,Merino”, боја Smoke бела со темни Viola детали, а достапни се и други навлаки
    • М кожен управувач со вметнати дрвени елементи, а достапни се и други типови управувачи
    • BMW обложување на покривниот дел во Alcantara Smoke бела боја, а достапни се и други типови на обложување на покривниот дел
    • Инструмент плоча со ознака ,, V12"
    • ,,V12” ознака на централната конзола и на Touch Command
    • BMW Individual внатрешни декоративни делови во пијано црна боја, а достапни се и други типови декорации
  • M Performance TwinPower Turbo 12-цилиндричен бензински мотор

    M Performance TwinPower Turbo 12-цилиндричинот бензински мотор ги поврзува извонредните перформанси со снагата која не запира ни при големиот број вртежи, и со тоа поставува нови стандарди во својот сегмент на возилото. Погонскиот склоп импресионира со снагата на вртежи, типично за M Performance: максимален вртежен момент од 800* Nm достапен веќе од 1,500* 1/min. 6.6-литарскиот мотор генерира максимална вкупна снага од 448* kW (610* hp) при 5,250* до 6.000* 1/min. BMW Серија 7 Седан со 12-цилиндари забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3.7* секунди. Електронски ограничената најголема брзина изнесува 250 км/ч. Овие неверојатни перформанси во комбинација со потрошувачката на гориво од 12.6* литри на 100 км и CO2 емисии од 299* г/км ја докажуваат исклучителната поврзаност на динамиката и ефикасноста и повторно ја нагласуваат извонредната стручност на инженерите на BMW.

    М спортскиот систем на издувни гасови на M760Li xDrive (не е достапен кај моделот V12 Excellence) е оптимизиран во однос на спортскиот харизматичен звук и повратниот притисок во издувниот систем.

    * Наведените вредности се прелиминарни и сè уште не се потврдени.

  • M Performance типична динамика на возење

    BMW Серија 7 12-цилиндри седаните се опремени со активен систем за надзор на потпирањето Executive Drive Pro со воздушно потпирање со 2 оски, динамичен надзор на амортизерите, интегрално активно управување и интелигентен xDrive погон на сите тркала. Благодарение на посебната M Performance калибрација, тој систем обезбедува исклучителна спортска динамика на возење и највисок степен на удобност при возење.

    Иновативниот систем на потпирање Executive Drive Pro вклучува и редизајниран систем на динамично возење наменет за намалување на нишањето. Овој електромеханички систем брзо и прецизно се приспособува за да ја надомести силата на нишање при брзо возење низ свијоци и посебно е калибриран за новите 12-цилиндрични седани на BMW Серија 7 за да се усогласи со динамичниот карактер на возилото.

    Динамиката на возење, исто така, е унапредено со интегралното активно управување кое прави приспособување, што зависи од брзината, на аголот на управување на предните и задните тркала, и со тоа го зголемува управувањето и ја одржува насоката. Дизајниран со акцент на задните тркала, интелигентниот систем на BMW xDrive погон на сите тркала ја распоредува силата на сите четири тркала, во зависност од коефициентот на триење и ситуацијата на возење и со тоа обезбедува посебно оптимална погонска сила и динамика на возење.

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

BMW Efficient Dynamics

BMW EFFICIENT DYNAMICS.

Без разлика дали целта се максималните перформанси или минималната потрошувачка на гориво, за BMW најважно е секогаш да го испорача вистинското BMW задоволство при возењето. BMW EfficientDynamics е стратегија развиена од BMW за да ја минимизира потрошувачката на гориво и CO2 емисиите и истовремено да ја зголеми динамиката и задоволството при возење. Тоа е сеопфатен технолошки пакет што ги вклучува моторот, управувањето со енергијата и концептот на возилото, а претставува дел од секој BMW.
Новата генерација бензински и дизел мотори во BMW TwinPower Turbo семејството се заслужни за подобрените перформанси и ниската потрошувачка на гориво. Оптизимираната аеродинамичност придонесува за зголемување на ефикасноста, како и BMW EfficientLightweight кој со употреба на најсоодветните материјали за секој дел од возилото истовремено ја намалува тежината и ја зголемува цврстината. Тоа е наследство на импресивната работа на иновациите во BMW, единствениот голем производител на автомобили кој употребува ултра-лесно и исклучително цврсто јаглеродно влакно (CFRP) како најважен материјал. Станува збор за сеопфатна збирка на технологии, вклучувајќи го и интелигентниот систем за управување со енергија и опционалниот ECO PRO режим на работа кој подржува возење со коешто се оптимизира потрошувачката на гориво. BMW се фокусира на напредните концепти на погонот како што е BMW eDrive технологијата со 100% електричен погон и plug-in хибридите.

BMW EFFICIENT LIGHTWEIGHT.

BMW Efficient Lightweight

BMW EFFICIENT LIGHTWEIGHT.

Освен развојот на концептот на лесна конструкција и интелигентната комбинација на материјали, BMW EfficientLightweight програмот се занимава и со постојано оптимизирање на деталите во сите компоненти на возилото.
Употребата на алуминиум, многу крут челик, магнезиум и пластична маса засилени со јаглеродни влакна од кои е сочинето јаглеродното јадро (Carbon Core) придонесува за големо намалување на тежината на возилото, додека истовремено за зголемување на стабилноста на возилото. Тоа се гледа со намалување на тежината до 130 килограми во споредба со моделите од претходната генерација, наспроти поголемата удобност и унапредените безбедносни функции. Исто така, интелигентната хибридна конструкција и тежински оптимизираните технологии на поврзување гарантираат балансирана дистрибуција на масата и дополнително го снижуваат тежиштето на автомобилот.
Со ова, BMW EfficientLightweight поставува нови стандарди на интелигентната лесна конструкција. Во споредба со соодветниот модел од претходната генерација, новиот BMW Серија 7 намалува дополнителни 25% на CO2 емисии. Тоа намалување се одвива низ целиот синџир на вредности (од екстракцијата на суровината до производството, од превозот до рециклирање на материјалите), преку оптимизирани производствени процеси (оптимизирана употреба на материјали, обновливи енергии во BMW производството) и одржливи карактеристики на производите (секундарен алуминиум, рециклирани термопластични синтетички материјали).

Јаглеродно јадро

ЈАГЛЕРОДНО ЈАДРО.

Главниот елемент на BMW EfficientLightweight каj BMW Серија 7 e употребата на иновативната комбинирана конструкција на каросеријата. Со употреба на челик, алуминиум, а особено иновативното јаглеродно влакно (пластична маса засилена со јаглеродни влакна) не само што се задоволуваат сите барања на динамиката и удобноста на возењето, туку, исто така, се поставуваат целосно нови стандарди во луксузната класа.
Центарот на целиот концепт е јаглеродното јадро (Carbon Core), што ја прикажува предноста на тежината во споредба со челикот кога станува збор за торзиската цврстина на каросеријата. Заедно со конзистентното намалување на тежината сè до најмалиот детаљ, се постигнува скоро совршено распоредување на тежината на оската 50:50 и уште повеќе се спушта центарот на тежиштето на возилото. Накратко, станува збор за совршени елементи за максимална удобност при возењето, додека истовремено се подобрува управувањето и агилноста како и ниската потрошувачка на гориво и емисиите.
На овој начин, BMW EfficientDynamics на интелигентен начин ја поврзува врвната ефикасност со максималната динамика на возење и ја прикажува технолошката способност во областа на иновативната лесна конструкција.

АЕРОДИНАМИКА.

Аеродинамиката е исклучително важно подрачје и игра клучна улога во оптимизирање на бројните потреби поставени пред возилото како воздушен отпор, стабилност при возењето и акустика.
Кога станува збор за BMW EfficientDynamics, најважна улога има отпорот на воздухот, односно таканаречениот коефициент на отпор, како мерка на аеродинамичност. Тој се определува до 40% преку пропорциите на каросеријата, 20% преку подвозјето, 30% преку тркалата и калниците и 10% преку функционалните отвори за воздух на каросеријата. Најмногу можности за оптимизирање нудат калниците и функционалните отвори затоа што основната форма е определена, во голема мерка, од дизајнот на возилото, а подвозјето е веќе целосно обложено.
Отпорот на воздухот најмногу е намален со одводот за воздух и воздушната завеса во предните калници како и со активната маска за проток на воздушна струја со своите видливи отвори за воздух помеѓу ребрата кои според потреба електрично се отвораат и се затвораат пред ладилникот. Понатаму, воздушното потпирање со 2 оски автоматски го спушта возилото за 10 мм при брзини над 120 км/час, и на тој начин уште повеќе го намалуваат отпорот на воздух. Благодарение на унапредувањето направено кај претходниот модел, отпорот на воздух кај ова возило е намалено за 10%.

  • Активна маска за проток на воздушна струја

    Активната маска за проток на воздушна струја претставува врв на аеродинамичните перформанси. Кога не е потребен проток на ладен воздух, на маската електронски се затвораат отворите за воздух и со тоа се намалува количеството воздух што минува до просторот за моторот. На тој начин се оптимизира аеродинамиката и потрошувачката на гориво.

  • Воздушна завеса

    Воздушната завеса го намалува отпорот на каросеријата на многу едноставен, но многу ефикасен начин. Два канали што се стеснуваат го водат воздушниот проток преку предното крило (калник) и покрај тркалата. Со ова се намалува воздушната турбуленција во куќиштата на тркалата со што се намалува потрошувачката на гориво и CO2 емисиите. Друга придобивка во однос на воздушната завеса е тоа што таа придонесува кон подобрување на ладењето на важните компоненти на возилото.

  • Одвод за воздух

    Одводот за воздух е сместен зад двата предни калници и е една од иновациите користени за подобрување на аеродинамиката на возилото. Заедно со воздушната завеса во предниот дел од возилото, одводот за воздух во голема мерка ја намалува турбуленцијата и прецизно го насочува протокот на воздух. Така се намалува отпорот на воздух, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и CO2 емисиите на возилото.

  • Аеро-тркала

    Совршената аеродинамика за подобрување на потрошувачката на гориво не започнува и не завршува со каросеријата. Кога станува збор за тркалата и бандажите, вртењето на краците често предизвикува воздушна турбуленција што спречува непречен проток на воздух. Новите аеро-тркала со оптимизиран турбински дизајн, развиени од BMW, успешно ја отстрануваат турбуленцијата и на тој начин го намалуваат отпорот затоа што ја насочуваат воздушната струја странично од возилото на најдобар можен начин. Со ова се намалува отпорот на воздушната струја и се намалуваат емисиите, а се зголемува задоволството при возењето.

BMW 730d/Ld.

BMW 730d со TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричниот дизел мотор од новата генерација на BMW EfficientDynamics моторите нуди извонредни перформанси на возење и ниска потрошувачка на гориво. Испорачува импресивен вртежен момент од 620 Nm и максимална снага од 195 kW (265 hp). Комбинираната потрошувачка на гориво изнесува само 4.9 до 4.5 литри на 100 км (5.2 до 4.8 литри на 100 км со xDrive), со ниски просечни CO2 емисии од 129 до 119 г/км (137 до 127 г/км со xDrive). Опремен со таков мотор, на BMW 730d му требаат само 6.1 секунди да забрза од 0 до 100 км/ч (5.8 секунди со xDrive) и постигнува максимална брзина од 250 км/ч. Алуминиумската лесна конструкција на дизел моторот од 3.0 литри инспирира со своите одлични перформанси, испорака на неверојатна сила и врвна реакција при сите брзини на моторот. Располага со CommonRail директно инјектирање гориво и двофазен турбо полнач со варијабилна турбинска геометрија.

8-СТЕПЕНСКИ STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степенски Steptronic пренос

8-СТЕПЕНСКИ STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степенскиот Steptronic пренос поставува нови стандарди на удобност и динамички перформанси и претставува клучен елемент на BMW EfficientDynamics. Необично малите распони помеѓу брзините ја олеснуваат оптималната испорака на сила при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво, а истовремено се овозможува возачот да ужива во подобри спортски и динамички перформанси. Брзината на моторот е намалена, особено при големи брзини, и со тоа се намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.
Конвертерката спојка, исто така, помага, дури и ако возилото се стави на рачен режим на работа. Брзото менување степени на пренос и прецизно подесените брзини гарантираат неверојатно лесно менување.
Интегрираните функции како што се интелигентниот погон, постојаното следење на движењето на возилото и сообраќајната ситуација значително влијаат врз начинот на работа на менувачот. Без разлика на тековниот режим на возење, системот секогаш ќе ја селектира најсоодветната брзина. Единицата за контрола на преносот е поврзана со навигацискиот систем, па во зависност од рутата, погонот избира помеѓу спортски режим на работа (SPORT) со брзи реакции и режим за поудобно возење со помалку промени (COMFORT).

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на BMW xDrive погонот на сите тркала совршено се адаптира дури и на најтешките услови на патиштата, обезбедувајќи во секое време оптимално лепење. xDrive и Системот за контрола на стабилноста на возилото (DSC) обезбедуваат BMW да остане безбеден и стабилен. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDDrive флексибилно и брзо ја дистрибуира погонската сила помеѓу оските за да спречи нагло вртење и недоволно вртење во свиоци, и со тоа се обезбедува извонредна стабилност на возилото. Уште повеќе, тој гарантира брзо, безбедно забрзување, дури и на лизгави или стрмни патишта. При критични услови на патот, DSC не мора многу да интервенира. Така, BMW xDrive ги поврзува сите предности на системот на погон на сите тркала – лепење на гумите, стабилност при следење насока и безбедност при возење со класична BMW агилност.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Стандардните карактеристики на интелигентното управување со енергија во BMW Серија 7 опфаќа технологии на BMW EfficientDynamics, како Автоматската функција старт/стоп, Обновување на енергијата на сопирање и електричен серво управувач. Овие технологии функционираат заедно и обезбедуваат одржлива мобилност и максимална ефикасност.
Прикажаните илустрации подлежат на промени.

  • Автоматска функција старт/стоп

    Автоматската функција старт/стоп обезбедува возилото да го користи горивото само кога возилото всушност се движи. Кога возилото привремено ќе запре, на пример на семафор или во сообраќај на застани-тргни, Автоматската функција стоп-старт штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возачот ќе притисне на сопирачката за целосно да го запре автомобилот. Со ова се намалува потрошувачката до 6%.
    Сигналот на информацискиот дисплеј покажува дека Автоматската функција старт/стоп е активна. Веднаш штом возачот ќе го отстрани стапалото од педалот од сопирачката, моторот автоматски повторно се стартува.
    Оваа функција не ги доведува во прашање удобноста и безбедноста при возењето бидејќи останува неактивна, доколку моторот не ја постигнал идеалната температура на работа, ако внатрешноста не е доволно загреана/оладена, доколку напонот на акумулаторот е премногу низок или ако се сврти управувачот. Доколку е потребно, централната контролна единица го рестартира моторот дури и кога возилото е запрено, на пример ако возилото се задвижи или ако ветробранското стакло се замагли. Со притискање копче, Автоматската функција старт/стоп може да се исклучи во секое време.

  • Обновување на енергијата на сопирање

    Секој процес на сопирање генерира кинетичка енергија и сè до неодамна оваа енергија остануваше неискористена. Обновувањето на енергија на сопирање го искористува овој занемарен потенцијал. Ја скротува енергијата што се генерира секогаш кога возачот сопира или го отстранува стапалото од педалот за гас и ја претвора во електрична енергија. Оваа електрична енергија потоа се користи за да го наполни акумулаторот од возилото. Интелигентниот систем за управување со енергија значи дека веќе нема потреба алтернаторот постојано да работи, со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е: намалена потрошувачка на гориво и зголемена погонска сила – класични предности на BMW EfficientDynamics.

  • Електричен серво управувач

    Електричниот серво управувач оптимално го приспособува управувањето на моменталната брзина. Резултатот е директно и прецизно однесување на возилото при големи брзини и маневрирање без напор при паркирање. Управувачот користи енергија само кога тоа реално е потребно. Со ова се заштедува гориво и се намалуваат емисиите.
    Наместо хидрауличната пумпа, тој е придвижуван од електромотор. Во конвенционалниот систем, оваа пумпа мора постојано да биде придвижувана од моторот, но оваа електрична поддршка работи само кога управувачот се движи. При возење право или при одржување на истиот агол на управување (на пример, на долги свиоци), електричниот мотор не е активен и не троши енергија. Со флексибилното подесување на управувачот, во согласност со ситуацијата на возење и брзината, се подобрува и удобноста при управување.

КОНТРОЛА НА ИСКУСТВОТО ПРИ ВОЗЕЊЕ СО ECO PRO ФУНКЦИЈАТА.

Контролата на искуството при возење му нуди на возачот избор помеѓу COMFORT режимот на возење, за стандарден мотор, поставки за потпирање и пренос, ECO PRO режимот на работа кој е опремен за поголема ефикасност и SPORT режимот на работа кој овозможува уште подинамично возење. Во интеракција со навигацискиот систем, новата интерактивна функција ADAPTIVE режим на работа постојано ја приспособува Динамичката контрола на амортизерите, управувачот и Steptronic преносот за најдобро приспособување кон моменталната ситуација на возење. Во ECO PRO режимот на работа, карактеристиките на гасот и преносот како и поставките на загревање/климатизација се приспособуваат за да го направат возењето колку што е можно поекономично. ECO PRO режимот на работа може да ја намали потрошувачката на гориво до 20 проценти. Понатаму, заштедата на гориво може да се постигне со употреба на режимот на ,,празен од”. Функцијата на преглед на рутата го користи навигациски систем за да ги процени локалните услови на патот и за однапред да даде совети. Доколку зад следниот свиок има промена на ограничувањето на брзината, системот го советува возачот да ја намали брзината пред свиокот. Со предлагање на најекономичниот пат, ECO PRO route, исто така, помага да се обезбеди најекономична употреба на горивото. Тој предлага најекономична рута земајќи ги предвид густината на сообраќајот, индивидуалниот стил на возење и локалните услови. Функцијата на ,,празен од” му овозможува на возилото да се движи во празен од со брзина до 160 км/ч кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, без притоа да притисне врз педалот од сопирачката. Во SPORT режимот на работа, возилото директно реагира и со тоа се постигнува подинамично искуство при возењето.

  • Празен од

    Функцијата на ,,празен од” му овозможува на возилото да се движи во празен од со брзина до 160 км/ч кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас без притоа да притисне врз педалот од сопирачката.

  • Преглед на рутата

    Функцијата на преглед на рутата го користи навигациски систем за да ги процени локалните услови на патот и за однапред да даде совети. Доколку зад следниот свиок има промена на ограничувањето на брзината, системот го советува возачот да ја намали брзината пред свиокот.

  • ECO PRO route

    ECO PRO route, исто така, помага да се обезбеди најекономична употреба на горивото. Тој предлага најекономична рута земајќи ги предвид густината на сообраќајот, индивидуалниот стил на возење и локалните услови.

  • Адаптивен режим на работа

    Адаптивниот режим на работа е интелигентна и интерактивна функција во Контролата на искуството при возење. Адаптивниот режим на работа влијае врз Динамичката контрола на амортизерите, системот на управување и Steptronic преносот и постојано ги приспособува параметрите за да соодветствуваат на моменталната ситуација на возење, независно од избраниот режим на возење (COMFORT/SPORT).
    Кога е во Адаптивен режим на работа, системот ги зема бројните индикатори како што се промената на степенот на пренос кај автоматскиот менувач со нагло притискање врз педалот за гас (kickdown), движењата на управувачот и автоматската контрола на брзината на движење, заедно со индивидуалниот стил на возење на возачот. Исто така, системот го користи навигацискиот систем за навреме да ја приспособи контролата на потпирање при возење низ свиоци, раскрсници или различни услови на патот. Освен Адаптивниот режим на работа, возачот може да ги избере SPORT, COMFORT или ECO PRO режимите на работа.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 со бензински и дизел мотор*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12.6 до 4.5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 299 до 119

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2.3 до 2.1
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 53 до 49
Потрошувачка на енергија kWh/100 км (комбинирано): 13.0 до 12.5

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за BMW 750Li xDrive:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8.5 до 8.3
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 197 до 192

Потрошувачка на гориво и CO2 емисиите за BMW M760Li xDrive и BMW M760Li xDrive модел V12 Excellence**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12.6
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 299

Потрошувачка на гориво и CO2 емисиите за BMW 730d:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 4.9 до 4.5
CO2 емисии во г/км (комбинирано):129 до 119

*: За индивидуални модели, прикажаните вредности се можните технички спецификации.
**: Прикажаните вредности се можните технички спецификации.

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

Податоците за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од избраните димензии на тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.