ЕНЕРГИЈА. ПРОИЗВЕДЕНА СО ИНЖЕНЕРСКА СТРУЧНОСТ.

BMW TwinPower Turbo мотори во BMW Серија 7.

Надмоќни перформанси и првокласна ефикасност, секоја електрична единица вградена во BMW Серија 7 е доказ на посветеноста на инженерите вклучени во развитокот на технологијата BMW EfficientDynamics. Нивната тимска работа подеднакво е впечатлива. BMW 740e/Le претставува пример на иновативни, одржливи и ефикасни технологии на изработка на мотори.

M Performance TwinPower Turbo 12-цилиндричен бензински мотор

M PERFORMANCE TWINPOWER TURBO 12-ЦИЛИНДРИЧЕН БЕНЗИНСКИ МОТОР.

Пресвртница во уметноста на автомобилскиот инженеринг, 12-цилиндричниот M Performance TwinPower Turbo кај BMW M760Li xDrive и BMW M760Li xDrive Model V12 Excellence обезбедува софистицирана енергија што гарантира стабилно и сигурно задоволство при возењето. Неговите неспоредливи карактеристики на непречена работа и агилна испорака на енергија го претвора секое возење во искуство кое го одзема здивот и на возачот, но и на патниците.
V12-моторот комбинира два турбополначи со Double-VANOS систем на варијабилна контрола на брегастото вратило и инјектирање гориво со голема прецизност. 12 цилиндари обезбедуваат моќен максимален вртежен момент од 800* Nm при брзини на моторот помеѓу 1,500* и 5,000* rpm како и максимален снага од 448* kW (610*hp) при брзина на моторот помеѓу 5,250* и 6,000* rpm, и на тој начин го придвижуваат возилото од 0 до 100 км/час за само 3.7* секунди. Овој мотор е неверојатно економичен благодарение на инјектирањето гориво со голема прецизност, додека Функцијата на автоматско стартување и стопирање уште повеќе ја намалува потрошувачката на гориво со автоматското исклучување на моторот кога возилото привремено ќе застане. Благодарение на овие иновативни технологии, моторот постигнува комбинирана стапка од 12.6* литри гориво на 100 километри со CO2 емисии од само 299* г/км, дури и кога се применуваат исклучителните перформанси при возењето.
Така, интелигентниот BMW xDrive систем со погон на сите тркала непречено и варијабилно дистрибуира снага до предните и задните тркала за максимално влечење, стабилност при движење и безбедност во скоро секоја ситуација.

*Овие бројки се прелиминарни вредности и сè уште не се потврдени.

BMW TwinPower Turbo бензински мотори

BMW TWINPOWER TURBO БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.

Последната генерација BMW TwinPower Turbo бензински мотори се карактеризираат со единствена агилна испорака на енергија и одлична реакција, дури и при ниски брзини на моторот. Истовремено тие се и поефикасни, со помали емисии и подобра работа од своите претходници. Овие иновативни мотори ја комбинираат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS со најсовремената технологија на турбополнач и претставуваат пресвртница во стратегијата на развој на BMW EfficientDynamics.
Резултат е исклучително ефикасен погонски склоп кој ја нагласува познатата вештина на BMW во изработката на мотори. BMW TwinPower турбо моторот со 6 цилиндари во линија, повеќекратно е наградуван за мотор на годината со што се потврдува неговиот светски углед за динамична испорака на снага, карактеристики на непречена работа и импресивна ефикасност. Моторите од асортиманот на BMW EfficientDynamics се одликуваат со технолошки концепт со докажан успех и е вграден во скоро сите бензински мотори.

  • BMW 750i Седан
  • BMW 750Li Седан
  • BMW 750i xDrive Седан
  • BMW 750Li xDrive Седан
  • BMW 740i Седан
  • BMW 740Li Седан
  • BMW 740e iPerformance Седан
  • BMW 740Le iPerformance Седан
  • BMW 740Le xDrive iPerformance Седан
BMW TwinPower турбо дизел мотори

BMW TWINPOWER ТУРБО ДИЗЕЛ МОТОРИ.

Новата генерација BMW TwinPower Turbo дизел мотори е потврда за ригорозната примена на BMW EfficientDynamics филозофијата на поврзување на врвните оценки за генерирање енергија со работата со мала потрошувачка на гориво. Дизел моторите се истакнуваат со нивната одлична реакција и агилна испорака на енергија при сите брзини на моторот, како и со ниската потрошувачка на гориво. Тие се познати по неверојатната ефикасност и динамика, производството на ниски емисии и фрикција за да се гарантира максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори во асортиманот на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со вариабилна турбинска геометрија. Исто така, тие се карактеризираат со најновиот CommonRail со директно инјектирање гориво што гарантира оптимално согорување за уште повеќе да се намали потрошувачката на гориво и CO2 емисиите.

  • BMW 730d Седан
  • BMW 730Ld Седан
  • BMW 730d xDrive Седан
  • BMW 730Ld xDrive Седан
  • BMW 740d xDrive Седан
  • BMW 740Ld xDrive Седан

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од димензиите на избраните тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатствата за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите кај новите патнички возила” што се достапни бесплатно на сите продажни места од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.

Максималната брзина електронски е ограничена за BMW Серија 7 моделите (освен за BMW 740e, BMW 740Le и BMW 740Le xDrive).

Сите мотори го задоволуваат EU6 стандардот за емисии. Потрошувачката на гориво се определува во согласност со ECE циклусот на возење (93/116/EC) составен од приближно една третина возење во градска средина и две третини возење надвор од градска средина (пресметано врз основа на покриеното растојание). CO2 емисиите се мерат како дополнување на потрошувачката на гориво. Нивоата на потрошувачка на гориво се пресметуваат врз основа на возила со стандардна опрема. Посебната опрема (на пример, пошироки гуми) може да има значително влијание врз потрошувачката на гориво и врз нивоата на работа при возење.

Наведените технички податоци се однесуваат за возила на германскиот пазар. Прикажаните модели може делумно да вклучат опционална опрема и дополнителна опрема што не е стандардна опрема на возилата. Според посебните барања на другите пазари, може да настанат измени поврзани со моделите, стандардната и опционалната опрема, како што е опишано во текстот и илустрациите. За прецизни информации, Ве молиме контактирајте го Вашиот BMW партнер. Подлежи на промени во дизајнот и опремата. Подлежи на грешка. Опремата специфична за националните пазари не е претставена овде.

Тежината на неоптоварено возило (EU) во килограми: наведената вредност опфаќа 90 проценти полн резервоар, 68 килограми за возачот и 7 килограми за багаж. Тежината на неоптоварено возило се однесува на возила со стандардна опрема. Опционалната опрема може да ја зголеми вредноста.

Номинална излезна снага: BMW препорачува употреба на супер безоловен 95 RON гориво. Безоловното RON 91 или повеќе со максимална граница на етанол од 10 проценти (Е10) е, исто така, дозволено. Перформансите и количествата на потрошувачка на гориво што се наведени се базирани врз употребата на RON 98 гориво.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 со бензински и дизел мотор*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12.6 до 4.5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 299 до 119

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии и потрошувачка на енергија за моделите од BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2.3 до 2.1
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 53 до 49
Потрошувачка на енергија kWh/100 км (комбинирано): 13.0 до 12.5

*: За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**: Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од димензиите на избраните тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.