Опрема на BMW Серија 7

КАРАКТЕР. ОД АТЛЕТСКИ ДО ЕЛЕГАНТЕН.

Опрема на BMW Серија 7.

КАРАКТЕР. ОД АТЛЕТСКИ ДО ЕЛЕГАНТЕН.

Опрема на BMW Серија 7.

Добро усогласен атлетизам или чиста елеганција – изберете помеѓу двата пакети опрема за Вашиот BMW Серија 7 со M Sport пакетот и Design Pure Excellence пакетот. Ексклузивниот асортиман од BMW Individual нуди уште поголема креативна слобода. Креирајте го Вашето лично ремек-дело од палетата на бои и материјали во BMW Individual колекцијата или самите станете дизајнер со BMW Individual работилницата. Освен тоа, асортиманот на оригиналната BMW дополнителна опрема нуди широк опсег решенија за транспорт, комуникација или за надворешноста и внатрешноста на моделите на BMW Серија 7.

КАРАКТЕР. ОД АТЛЕТСКИ ДО ЕЛЕГАНТЕН.Опрема на BMW Серија 7.

Добро усогласен атлетизам или чиста елеганција – изберете помеѓу двата пакети опрема за Вашиот BMW Серија 7 со M Sport пакетот и Design Pure Excellence пакетот. Ексклузивниот асортиман од BMW Individual нуди уште поголема креативна слобода. Креирајте го Вашето лично ремек-дело од палетата на бои и материјали во BMW Individual колекцијата или самите станете дизајнер со BMW Individual работилницата. Освен тоа, асортиманот на оригиналната BMW дополнителна опрема нуди широк опсег решенија за транспорт, комуникација или за надворешноста и внатрешноста на моделите на BMW Серија 7.

М SPORT ПАКЕТ.

M Sport пакетот го насочува фокусот на исклучителната динамика на BMW Серија 7. Исклучително моќниот изглед е обезбеден со спортскиот дизајн на предниот дел или опционалното обложување на покривниот дел од Alcantara антрацит материјалот во внатрешноста.

  • Надворешен изглед

    Надворешна опрема на M Sport пакетот:

    • Аеродинамичен М пакет со преден дел, странични прагови и заден дел со влошка во дифузерот со Dark Shadow металик боја
    • 19 - инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 647 М со комбинирани гуми, алтернативно 20 - инчни М тркала од лесна легура со двојни краци од типот 648 М со комбинирани гуми.
    • LED светла за магла
    • М лого на страните
    • Декорација на задната издувна цевка во сребрено хромирана боја, алтернативно темно хромирана
    • Ексклузивна боја на каросеријата со Carbon црна металик боја; достапни се и други бои
    • M sports издувен систем со карактеристичен звук
    • Специфични дизајн елементи во сребрено хромирана боја, алтернативно темно хромирани
  • Внатрешност

    Внатрешна опрема на M Sport пакетот:

    • М лајсна на праговите и М потпирач за стапало
    • Удобни седишта преслечени во кожа ,,Dakota” црна боја/ М гајтан црна боја; достапни се други типови на навлаки
    • Спортски кожен управувач
    • Steptronic Sport пренос
    • BMW Individual обложување на покривниот дел - антрацит, алтернативно Alcantara антрацит
    • Внатрешни декоративни делови од чисто дрво ,,Fineline” црна боја со сјаен метален ефект; достапни се други декорации
    • Променлива боја на амбиенталното светло
    • Клуч од автомобилот со ексклузивно М лого

ДИЗАЈН НА ЧИСТА СОВРШЕНОСТ.

Пакетите опрема Design Pure Excellence за надворешноста и внатрешноста поставуваат брилијантен акцент. Хромираните делови со висок сјај на надворешниот дел и истакнатите карактеристики од дрво во внатрешниот дел го нагласуваат современиот и луксузен карактер на моделите од BMW Серија 7 со единствена рачна изработка.

  • Надворешен дизајн на чиста совршеност

    Опрема за надворешност со дизајн на чиста совршеност:

    • Преден браник со хромирани делови со специфичен дизајн и единствена решеткаста геометрија за влезовите за воздух
    • Браници со хромирани делови со специфичен дизајн
    • Декорација на задната издувна цевка со дополнителна хромирана декорација
    • Посебно дизајнирани сопирачки со црни обложени стеги на диск сопирачките и BMW лого
  • Внатрешен дизајн на чиста совршеност

    Опрема за внатрешност со дизајн на чиста совршеност:

    • Спортски кожен управувач
    • Внатрешно обложување на покривниот дел со ексклузивна Alcantara Ivory бела боја, Canberra Beige или Mocha
    • Голем број делови од дрво: држачи за раце на покривниот дел со вметнати дрвени елементи, декоративен дел на држачот за чаша во централниот потпирач за рака и декорација на отворите за сигурносните појаси во задниот дел од возилото
    • Меки патосници во задниот дел од возилото

ЕКСКЛУЗИВНИ МОЖНОСТИ ОД BMW INDIVIDUAL.

Кога ќе се поврзат креативноста и рачната изработка, може да се создадат незаборавни уметнички дела. Супериорната и мајсторски изработена опрема во BMW Individual колекцијата создава можност на креирање исклучителна BMW Серија 7.
Оние кои ќе се осмелат да одат чекор понатаму и да ја усовршат BMW Серијата 7 во чисто уметничко дело, ќе го најдат тоа што го бараат во BMW Individual Manufaktur (работилница).
Колекцијата BMW Individual Design Composition е истовремено инспирација и совршено уметничко дело. Ексклузивно склопување и пример за елеганција и естетика во асортиманот понуден од BMW Individual.

  • BMW Individual Design Composition

    Ексклузивно склопената опрема BMW Individual Design Composition освојува на прв поглед благодарение на BMW Individual Almandine кафената металик боја. Создадена посебно за моделите на BMW Серија 7 ги нагласува контурите со својата длабока нијанса на кафена боја.
    За елегантната импресија што е совршено направена во внатрешноста заслуга има медитеранската кафена боја на BMW Individual опремата од ситно структуирана, целосно ,,Merino” кожа во Tartufo. Сјајната BMW Individual внатрешна декорација во Piano Finish црна боја заедно со кожниот управувач со идентична декоративна апликација совршено се вклопува и оптички се истакнува. Ексклузивна композиција што кога се комбинира со дополнителните карактеристики формира незаборавно уметничко дело.

    Во BMW Individual Design Composition вклучени се:

    • Металик кафена Almandine од палетата BMW Individual
    • 20-инчни BMW Individual тркала од лесна легура со V краци од типот 649 I двобојни
    • BMW Individual опрема од ситно структурирана, целосно ,,Merino” кожа во Tartufo
    • Обложен покривен дел Alcantara Tartufo од колекцијата BMW Individual
    • Алуминиумски прагови со осветлена ознака ,,BMW Individual”
    • BMW Individual внатрешни декорации во Piano Finish црна боја
    • Кожен BMW Individual управувач со делови од чисто дрво

    Опремата BMW Individual Design Composition е достапна за BMW Серија 7 веднаш.

  • Колекција BMW Individual

    Израз на особеност- тоа е BMW Individual колекцијата. Ексклузивна од изборот на материјал, па сè до последниот детаљ.

    Така BMW Individual опремата од ситно структурирана ,,Merino” кожа инспирира со својата единствена изработка. Особено меката кожа, исто така, импресионира со проткаените шевови, рачно плетените делови и рабови со контрастни бои. Не само квалитетот, туку и нивото на обработка на кожата е единствен. Достапни се шест верзии на бои на BMW Individual опремата од ситно структурирана ,,Merino” кожа.

    Хармонично усогласени со специфичниот тапацир, завршната обработка на трите достапни внатрешни декорации е дизајнирана за мајсторски да ја истакне единствената структура во секој од посебните материјали.

    Достапни се осум бои за каросеријата, со дополнување на пигменти што придонесуваат да се добие единствена меѓусебна интеракција на светлото и бојата. Како резултат на тоа, секоја боја има свој карактер.

    Палетата бои и материјали на BMW Individual колекцијата е дополнета со повеќе карактеристики на опремата и на тој начин се постигнува совршенство до најмалиот детаљ. Примерите ги опфаќаат ексклузивните 20 - инчни BMW Individual тркала од лесна легура со V краци од типот 649 I.

    Целиот асортиман на BMW Individual колекција ќе биде достапна за BMW Серија 7 од март 2016 година.

  • BMW Individual работилница

    BMW Серија 7 Седанот секогаш е израз на личен став. Ставот што станува уште повеќе личен со асортиманот на BMW Individual колекцијата. Сепак, постојат аспирации и желби што го надминуваат овој асортиман. Ова е задачата на BMW Individual Manufaktur: Да ја претвори секоја желба на клиентот, без разлика колку е индивидуална, во реалност со стил и рачно изработена перфекција, под услов да не ги прекршува безбедносните барања и вредностите на BMW марката. На овој начин, BMW Серија 7 станува апсолутно единствен и е израз на Вашата личност.

    Опциите на BMW Individual работилницата ќе бидат достапни за BMW Серија 7 од март 2016 година.

ОРИГИНАЛНA BMW ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Оригиналната BMW дополнителна опрема нуди голем број производи за да го нагласи ексклузивниот карактер на BMW Серија 7 и да ја приспособи својата функционалност на Вашите индивидуални потреби.

  • Транспорт

    Совршено поставена, цврста простирка што не се лизга со истакнати рабови на сите страни го штити просторот за багаж од нечистотија и влага. Со црна боја, таа е дизајнирана со ексклузивно интегрирана хромирана ,7’ и вклучува корисна јамка за лесно отстранување.
    Носачот прицврстен помеѓу столбовите на потпирачот за глава на предните седишта обезбедува сигурна основа за сите компоненти во модуларниот Travel & Comfort систем. Куката за закачување алишта, масата што се склопува, универзалните куки или држачот за Apple iPad™ или Samsung Galaxy Tab може лесно да се прицврстат благодарение на приклучната спојка.
    Носачот за багаж на покривот може да се комбинира со сите BMW држачи за носачи за багаж и затворени багажници за на покрив. Може да се прицврсти многу лесно и се придржува кон највисоките стандарди за квалитет и безбедност благодарение на цврстата конструкција и системот за заклучување што штити од кражба.
    Модерниот носач за багаж со црна боја и антрацит има капацитет од 460 литри и е компатибилен со сите системи на BMW носачите за багаж. Благодарение на иновативниот систем што се отвора од двете страни и тројното централно заклучување на двете страни, кутијата многу лесно се полни и штити од кражби.
    Држачот за велосипед е лесен, но цврст и може да носи до 60 килограми. Неверојатно лесен за ракување, тој може да транспортира два велосипеди или електрични велосипеди (може да се продолжи за да се користи и за три велосипеди). Неговата функција на закосување обезбедува постојано лесен пристап до просторот за багаж.

  • Комуникација и удобност при патување

    Без разлика дали ќе се користи за дополнителна топлина или како удобен сопатник, елегантното беж и темно-кафено ќебе за патувања е разновидно и навистина моќно го нагласува удобното луксузно патување со возилото. Изработено е со 100% првокласен квалитет од најфина волна (Мерино) и е исткаено во жакар техника.
    Футролата за BMW клучот со дисплеј од виоко-квалитетна црна ,, Nappa” кожа го штити BMW клучот со дисплеј од нечистотија и гребнатинки.

  • Внатрешност и надворешност

    Првокласните 21-инчни тркала од лесна легура се со Liquid црна боја. Комплет за тркала со систем за следење на притисокот во гумите (TPMS) со комбинирани ран-флет гуми, димензии на тркало 8.5J x 21 со димензија на гума 245/35 R21 96Y XL RSC (предна) и 10J x 21 со димензија на гума 275/30 R21 98Y XL RSC (задна).
    Висококвалитетните 21-инчни тркала од лесна легура се двобојни Orbit Grey и сјајно-полирани. Опремен е комплет за тркала со систем за следење на притисокот во гумите (TPMS) со комбинирани ран-флет гуми, димензии на тркало 8.5J x 21 со димензија на гума 245/35 R21 96Y XL RSC (предна) и 10J x 21 со димензија на гума 275/30 R21 98Y XL RSC (задна).
    Висококвалитетните BMW M Performance 21-инчни тркала од лесна легура се ковани, двобојни сјајно црни и сјајно-полирани. Опремен е комплет за тркала со систем за следење на притисокот во гумите (TPMS) со комбинирани ран-флет гуми, димензии на тркало 8.5J x 21 со димензија на гума 245/35 R21 96Y XL RSC (предна) и 10J x 21 со димензија на гума 275/30 R21 98Y XL RSC (задна).
    Совршено поставени и вклопени, цврстите патосници за сите сезони со истакнати рабови и елегантен дизајн го штити просторот за нозе на предното седиште од влага и нечистотија и ги чува нозете суви. Дизајнирани со Canberra Beige боја, тие се карактеризираат со врвен квалитетен хромирана влошка во форма на бројот ,7’.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 со бензински и дизел мотор*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12.6 до 4.5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 299 до 119

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2.3 до 2.1
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 53 до 49
Потрошувачка на енергија kWh/100 км (комбинирано): 13.0 до 12.5

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии за моделите од BMW 750Li xDrive :
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 8.5 до 8.3
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 197 до 192

*: За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**: Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од димензиите на избраните тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.