BMW Серија 7 iPerformance

BMW iPERFORMANCE. ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО ШТО ЕЛЕКТРИЗИРА.

BMW Серија 7 iPerformance.

BMW iPerformance

BMW iPERFORMANCE. ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО ШТО ЕЛЕКТРИЗИРА.

BMW Серија 7 iPerformance.

Опсегот и перформансите на BMW TwinPower турбо моторот поврзани со ефикасноста на електричниот мотор: BMW Серија 7 со BMW EfficientDynamics технологија eDrive (BMW 740e, 740Le и 740Le xDrive) го донесува најдоброто од двата света. Резултатот е значително намалување на потрошувачката на гориво со слично намалени емисии. Карактеристиките на возење овозможуваат удобноста и сигурноста во BMW Серија 7 да се почувствуваат уште поинтензивно.
Моделите BMW eDrive 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година. Наведените вредности се можните технички спецификации.

BMW iPERFORMANCE. ДОЖИВУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕТО ШТО ЕЛЕКТРИЗИРА.BMW Серија 7 iPerformance.

Опсегот и перформансите на BMW TwinPower турбо моторот поврзани со ефикасноста на електричниот мотор: BMW Серија 7 со BMW EfficientDynamics технологија eDrive (BMW 740e, 740Le и 740Le xDrive) го донесува најдоброто од двата света. Резултатот е значително намалување на потрошувачката на гориво со слично намалени емисии. Карактеристиките на возење овозможуваат удобноста и сигурноста во BMW Серија 7 да се почувствуваат уште поинтензивно.
Моделите BMW eDrive 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година. Наведените вредности се можните технички спецификации.

КОНЦЕПТ НА ВОЗИЛОТО.

Луксузна класа на BMW Седан со минимални вредности на потрошувачка на гориво и целосно динамични карактеристики во сите режими на возење. Благодарение на неговата комфорност и динамика, BMW Серија 7 со eDrive ги потврдува сите очекувања. Натписот eDrive на C-столбовите ја означува технологијата на иновативниот погон на возилото. Она по што најмногу се разликува е досегот во чисто електричниот режим. Со 40 километри (37 километри со xDrive), се движи без локални емисии и без трошење гориво. Дури и во комбиниран режим на работа, вредностите на CO2 емисиите за BMW Серија 7 со eDrive се 49 г/км (53 г/км со eDrive). Високонапонскиот акумулатор е сместен под задното седиште, така што има доволно простор од 420 литри за големи парчиња багаж. Футуристичкиот концепт на возило е врвно достигнување на технологијата.

ИНДИВИДУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Како plug-in хибрид, BMW Серија 7 со eDrive има различни режими на возење со коишто возачот може значително да влијае врз реалната потрошувачка на гориво. Во пракса, резултатот зависи најпрво од изборот на режим на возење и од личното однесување при возење. Кога акумулаторот е целосно наполнет, растојанието до 40 километри (37 километри со xDrive) може да се покрие само со електричен погон пред BMW TwinPower турбо бензинскиот мотор да се вклучи за оптимална ефикасност и досег.

ПОГОНСКИ СКЛОП.

Погонски склоп

ПОГОНСКИ СКЛОП.

Моќниот BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричниот бензински мотор и високо-ефикасниот eDrive електричен мотор го ставаат во движење BMW Серија 7 со eDrive. Системот нуди снага од 240 kW (326 hp) со комбинирана потрошувачка од 2.1 л/100 км (2.3 л/100 км со xDrive)*. Интелигентниот систем со погон на сите тркала BMW xDrive обезбедува оптимално прилепување. Комбинацијата на овие BMW EfficientDynamics технологии е основа за иновативно возило со економична потрошувачка што истовремено нуди целосно динамичко возење и стабилност при сите услови на патот.
* Вредностите за потрошувачката и CO2 се прелиминарни вредности што сè уште не се потврдени: Тие зависат од избраните димензии на гуми.

  • BMW TwinPower Turbo 4-цилиндричен бензински мотор

    Иновативниот BMW TwinPower турбо 4-цилиндричен бензински мотор гарантира максимално задоволство при возењето благодарение на агилната испорака на снага и неверојатно брзите реакции при мали брзини на моторот, а истовремено и исклучителна економичност и ниски емисии.
    4-цилиндричниот бензински мотор е одличен пример на современата техника на производство на мотори. За да се подобри динамиката и ефикасноста, BMW користи TwinPower Turbo технологија со Valvetronic целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи Double-VANOS варијабилна контрола на брегастото вратило и високо-прецизно инјектирање гориво. Со ова се овозможува моторот да функционира со фактор на оптимална заштеда на енергија при секакво оптоварување, и со тоа и намалување на потрошувачката на гориво. Овој мотор е дел од EfficientDynamics асортиманот и генерира снага од 190 kW (258 hp) и вртежен момент од 400 Nm.

  • Електричен мотор

    Електричен мотор со течно ладење во plug-in хибридот е интегриран во менувачкиот склоп на возилото. Тој испорачува снага од 83 kW (113 hp) и испорачува максимален вртежен момент од 250 Nm. Во 100% електричен режим на работа може да се покријат приближно 40 км* (37 км со xDrive*) и да се постигне максимална брзина од 120 км/ч.
    Секогаш кога возачот ќе го ослободи педалот за гас, електричниот мотор дејствува како генератор, придвижуван од тркалата и ја претвора кинетичката енергија во електрична енергија во рамките на процесот познат како обновување на енергија. При сопирање се постигнува уште поголема обновување на енергија. До определен притисок на сопирање, возилото е забавено само од електричниот мотор што истовремено претвора уште поголема кинетичка енергија во електрична енергија. Оваа ослободена регенерирана енергија може потоа да се користи за придвижување на возилото преку електричниот мотор или за напојување електрични компоненти. Со ова се намалува потрошувачката на гориво и значително се подобрува ефикасноста на погонот.
    * Овие вредности се прелиминарни што сè уште не се потврдени: Тие се базираат на 17-инчни и 18 -инчни гуми со намален отпор на тркалање.

  • Високонапонски акумулатор

    Високонапонскиот акумулатор за BMW 740e/Le е сместен под задното седиште каде што е сигурен и не зазема голем простор. Како резултат, просторот за багаж е малку помал отколку кај конвенционалните модели (420 литри).
    Акумулаторот може да се полни со опремениот кабел од конвенционален домашен приклучок од 230 волти или на јавни места за полнење. За време на патувањето, електричниот мотор понекогаш има улога на генератор, претворајќи ја кинетичката енергија во електрична енергија (обновување на енергија) која се складира во акумулаторот.
    Благодарение на литиум-јонската технологија, високонапонскиот акумулатор со течно ладење има високо-енергетска густина и релативно компактни димензии. Со капацитет од 9.2 kWh, тој во секој момент може да испорача до 83 kW (113 hp) на електричниот мотор. Кога е целосно полн, тој создава можен електричен досег до 40 км* (37 км со xDrive) кај BMW 740e/Le, како и електрична максимална брзина до 120 км/ч.
    * Овие вредности се прелиминарни што сè уште не се потврдени: Тие се базираат на 17 - инчни и 18 - инчни гуми со намален отпор на тркалање.

Интелигентно управување со енергија

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Интелигентното управување со енергија е еден од главните темели на BMW eDrive концептот. Овој систем ја координира интеракцијата на сите погонски компоненти за да ја поврзе најдобрата можна ефикасност со непречена динамика на возење. Интелигентното управување со енергија ја оптимизира ефикасноста на енергијата на хибридниот погон со избирање на најсоодветен погон. На пример, достапните навигациски податоци се користат за однапред да ги идентификуваат деловите на рутата и ситуациите на возење што се најсоодветни за електричниот мотор или за полнење на високо-напонскиот акумулатор.
Во ситуации кога моторот со внатрешно согорување има низок фактор на ефикасност, системот избира подобар режим со подобар фактор на ефикасност. Ова значи дека моторот со внатрешно согорување произведува дополнителна снага. Оваа снага се користи за да се произведе електрична енергија за акумулаторот преку електричниот мотор/генератор кој подоцна може да се користи за електрично возење или ефикасно да го поддржи моторот со внатрешно согорување. Исто така, системот го контролира електричниот мотор/генераторот, така што кинетичката енергија се трансформира во електрична енергија за време на празниот од и при сопирање. Во комбинација со ECO PRO режимот на работа, интелигентното управување со енергија ги приспособува сите системи на возилото, вклучувајќи ги сите помошни компоненти и функции за удобност, да бидат штедливи и високо-ефикасни.
eDrive копчето му овозможува на возачот да избере помеѓу три различни електрични режими на возење. Кога се стартува возилото, AUTO eDrive (хибрид) режимот е стандардно активен. MAX eDrive режимот овозможува поминување растојание до 120 км/час. Во режимот на контрола на акумулаторот, заштедената електрична енергија се задржува за подоцнежна употреба.

  • AUTO eDrive режим

    Кога се стартува возилото, AUTO eDrive режимот, односно хибридниот режим стандардно е активен и возачот може да ги искористи селективните предности на исклучително ефикасниот и целосно електричниот погон. Во зависност од товарот и промената на нивото на наполнетост на електричниот акумулатор, возилото користи само електрична енергија до брзина од 120 км/ч. Мерачот на инструмент таблата го информира возачот за електричната сила што возилото ја користи во моментот и точката кога дополнителната потреба од сила ќе предизвика моторот со внатрешно согорување автоматски да се вклучи.

  • MAX eDrive режим

    Во режимот MAX eDrive, целосно електричен режим на работа, електричниот погон обезбедува максимум снага. Возачот може да го притисне педалот за гас до подот без да го активира моторот со внатрешно согорување и возилото може да постигне најголема брзина од 120 км/ч. Кога е потребна поголема погонска сила, моторот со внатрешно согорување може да се вклучи во секое време преку менувачот или со притискање на педалот за гас до подот.

  • Режим на контрола на акумулаторот

    Во режимот на контрола на акумулаторот, возилото се движи само со моторот за внатрешно согорување, а акумулаторот се полни до нивото определено од возачот. Складираната енергија се чува за понатамошно електрично возење.

  • Предвидување на потрошувачка на енергија

    Кога ќе се внесе дестинацијата во навигацискиот систем, системот за управување со енергија ја анализира планираната рута со употреба на константните податоци, како што е ограничување на брзината и информациите во реално време за моменталната состојба на сообраќајот. Системот тогаш ефикасно го користи режимот на електричен погон и ја чува енергијата според ситуацијата најпрво за деловите од патот во кои тоа најмногу е исплатливо, на пример при градско возење.

ПОЛНЕЊЕ.

Без оглед на тоа дали полните преку конвенционален домашен приклучок или преку BMW i Wallbox од некој уред од палетата производи и услуги на 360° ELECTRIC, полнењето не може да биде поедноставно. На Вашето патување достапни се бројни јавни станици за полнење ChargeNow.

  • Полнење дома

    Возилото може да се полни дома преку конвенционален домашен приклучок од 230 волти, а за да се наполни до крај потребни се околу четири часа. Приклучокот за полнење е сместен под левиот капак на предната лева страна од возилото. Сè што е потребно за полнење е опремениот кабел, кој може да се смести безбедно и без заземање многу простор во задниот лев дел од просторот за багаж. Посебна заптивка ги штити портата и приклучокот за полнење од временските услови. Наместо нормалниот приклучок за полнење може да се употреби посебна ѕидна станица за полнење или wallbox. Овој уред нуди поголема енергија за полнење со што полнењето го прави да биде многу побрзо. Статусот на наполнетост на високонапонскиот акумулатор може да се прочита на LED светлосниот прстен во повеќе бои или преку посебната апликација BMW ConnectedDrive App. Во зависност од различни фактори, на пример јачината на полнење на изворот, бројот на вклучени уреди што активно користат енергија во возилото за време на полнењето и употребата на Wallbox, потребни се околу 2.75 часа за целосно да се наполни празниот акумулатор. Додека акумулаторот се полни од надворешен извор, патничката кабина може да се загрева или да се лади. Бидејќи при поголем дел од возењето се користи електрична енергија, патните трошоци може значително да се намалат.

  • Полнење на јавни места

    Возилото може да се полни од домашен приклучок со кабел за полнење што е опремен со возилото или на јавните места за полнење со кабел што може да се набави како дополнителна опрема за BMW. На тој начин, по пазарување, возачот може да продолжи со патувањето со ,,полн резервоар” без никакви локални емисии. Приклучокот за полнење на возилото е сместено под капакот на предната лева страна. Сè што е потребно за полнење е опремениот кабел кој може да се смести безбедно и без зафаќање простор над левиот калник во просторот за багаж. За полнење на јавните станици за полнење, потребен е посебен кабел од BMW дополнителната опрема. Времето на полнење се базира на неколку фактори, на пример јачината на струјата и бројот на активни уреди кои ја користат енергијата во возилото.
    Посебна заптивка ги штити портата и приклучокот за полнење од временските услови. LED светлосниот прстен на портата за полнење го прави статусот на полнење визуелно јасен. Навигацискиот систем и апликацијата на BMW ConnectedDrive му даваат на возачот информации за локацијата и достапноста на соодветни станици за полнење.
    Авторизацијата на станицата за полнење и месечната наплата на енергија може да се спроведе со посебна достапна картица ChargeNow од понудата на мобилните услуги на BMW.
    Забелешка: ChargeNow услугата се наплаќа од услугата 360° ELECTRIC.

ПОВРЗУВАЊЕ.

Со Вашиот BMW секогаш сте поврзани: освен BMW далечинските услуги како што е далечинско заклучување, преку смарт телефоните (iOS или Android) достапни се и други функции специфични за хибридите возила. Со ова се обезбедува секогаш да имате преглед на потрошувачката на гориво и ефикасноста на Вашиот BMW Серија 7 со eDrive. BMW услугите, во секој случај, може да се користат во возилото и надвор од него.

  • Апликација My BMW Remote

    Апликацијата My BMW Remote за plug-in хибридните возила за iOS и Android ги прикажува деталните информации за моменталниот статус на возилото, како што е неговата локација, наполнетоста на акумулаторот и преостанатиот досег.
    Постапката на полнење може да се регулира на далечина преку неделен тајмер, а температурата на возилото може на далечина и навреме да се приспособи за следното патување. Дестинациите, точките на интерес и локацијата на станиците за полнење може лесно да се испратат од апликацијата директно до возилото.
    My BMW Remote апликацијата за plug-in хибридните возила, исто така, ја мери ефикасноста на секое патување и може да понуди како поефикасно да го возите возилото и да го зголемите досегот.

  • Климатизација

    Влезете во удобно разладено возило во лето и загреано во зима, овозможено од стационарниот клима уред во BMW 740e/Le. Благодарение на електричниот компресор за ладење и електричниот грејач без резервоар за гориво, автоматскиот клима уред функционира скоро бесшумно, дури и кога моторот е исклучен. За секој ден од неделата може да се програмираат три времиња на поаѓање.
    Половина час пред планираното тргнување, интелигентниот контролен систем го вклучува загревањето, ладењето и вентилацијата на селектираната температура. Системот се управува од iDrive Controller во возилото или практично со компатибилен смарт телефон со употреба на апликацијата BMW ConnectedDrive.
    Доколку високонапонскиот акумулатор е доволно наполнет, стационарниот клима уред функционира без разлика дали возилото се полни од надворешен приклучок или не.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 со бензински и дизел мотор*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 12.6 до 4.5
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 299 до 119

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии за моделите од BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2.3 до 2.1
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 53 до 49
Потрошувачка на енергија kWh/100 км (комбинирано): 13.0 до 12.5

Потрошувачка на гориво, CO2 емисии и потрошувачка на енергија за BMW 740Le**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 2.1
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 49
Потрошувачка на енергија kWh/100 км (комбинирано): 12.5

*: За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**: Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

Податоците за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од димензиите на избраните тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.