Иновативна функционалност во BMW Серија 7

ИНОВАЦИИ. ПРЕД СВОЕТО ВРЕМЕ.

Иновативна функционалност во BMW Серија 7.

ИНОВАЦИИ. ПРЕД СВОЕТО ВРЕМЕ.

Иновативна функционалност во BMW Серија 7.

Потрагата по пионерски иновации е движечка сила за инженерите на BMW. Со функции како BMW контрола со гестикулации, BMW Laserlight или паркирање со далечинска контрола, тие поставуваат повисоки стандарди ориентирани кон иднината во BMW Серија 7. Покрај тоа, со BMW Touch Command, таблет за контролирање на клучните функции, за прв пат е интегриран во едно BMW.

ИНОВАЦИИ. ПРЕД СВОЕТО ВРЕМЕ.Иновативна функционалност во BMW Серија 7.

Потрагата по пионерски иновации е движечка сила за инженерите на BMW. Со функции како BMW контрола со гестикулации, BMW Laserlight или паркирање со далечинска контрола, тие поставуваат повисоки стандарди ориентирани кон иднината во BMW Серија 7. Покрај тоа, со BMW Touch Command, таблет за контролирање на клучните функции, за прв пат е интегриран во едно BMW.

BMW LASERLIGHT.

Во режим на работа на ласерски предни долги светла, BMW Laserlight осветлува површина до 600 метри – речиси двојно подалеку од онаа на конвенционалните предни светла. Со употреба на оваа нова технологија за предни светла, BMW Laserlight ја зголемува безбедноста со подобра видливост во ноќно време.
Опремата вклучува LED кратки предни светла и LED долги предни светла со ласер модул. Екстремно светлиот BMW Laserlight има интензитет на светлина значително посилен од тој на конвенционалните извори на светлина. Предните светла со BMW Laserlight карактеристика даваат син акцент на дизајнот, како и ознака „BMW Laserlight“, кои визуелно ги истакнуваат. BMW Laserlight исто така вклучува и LED паркинг светла, LED светла за дневно возење, LED индикатори, LED аголни светла, адаптивни предни светла и BMW Selective Beam (помош на предните светла против заслепување).

BMW TOUCH COMMAND.

BMW Touch Command е таблет со 7-инчен дисплеј кој е интегриран во централниот наслон за раце во задниот дел на возилото. Тој е поврзан со системите на автомобилот и нуди сеопфатни операции и опции за нагодување.
Со користење на таблетот, на пример, може да се регулираат задните седишта и предното патничко седиште. Климатизацијата, вентилацијата и греењето на задните седишта исто така може да се регулираат, како и внатрешното осветлување со Ambient light, ролетните на стаклениот покрив и штитниците за сонце. Исто така, може да се контролираат и функциите за забава.
Преносниот BMW Touch Command може соодветно да се наполни од Snap-in адаптерот.

BMW КОНТРОЛА СО ГЕСТИКУЛАЦИИ.

Со BMW контролата со гестикулации, може да се управува со определени функции со дефинирани движења на рацете. Едноставни покрети како што се „мавтање“ или „покажување“ се идентификувани во површината за препознавање која се наоѓа над централната конзола и поттикнуваат функции како прифаќање или одбивање да се одговори на телефонски повик. Јачината на звукот може да се регулира со кружни движења на показалецот. Контролата со гестикулации ги надополнува постојните системи за контрола како што е iDrive Touch Controller.
Активните достапни гестикулации се прикажани на контролниот дисплеј, за да му помогнат на возачот или на патникот како да ги користи. Покрај тоа, системот дава моментален и визуелен одговор на гестикулациите.

Благодет и комфор.

Новата ера на комфорно возење во BMW Серија 7.

  • Систем за навигација Professional со дисплеј на допир

    Системот за навигација Professional претставува еден префинет дизајн и супериорна палета на услуги: тој овозможува еден систем за навигација кој е едноставен и лесен за користење и хомогено се интегрира во BMW, вклучувајќи го и оперативниот концепт на работа на iDrive со iDrive Touch Controller и Touch Display. Системот се состои од гласовна контрола, радио BMW Professional со ДВД драјв, како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Тој исто така ја олеснува и употребата на Информациите за сообраќајот во тековно време (RTTI). Вградениот 10.25-инчен LCD дисплеј во боја со функција на поделен екран (главен и дополнителен прозорец) е дизајниран за оптимална видливост и преглед.
    Работата дозволува хомогено префрлување од опции за влез на податоци со помош на iDrive Touch Controller, чија што површина чувствителна на допир дозволува да се внесе дестинација во системот за навигација лесен со употреба на рачно пишување на дисплејот со функциите на екранот на допир, преку контрола со гестикулации и гласовната контрола, како и со помош на седум бележници.
    Системот автоматски ги ажурира своите мапи и до четири пати во годината три години во одредени европски земји како дел од BMW ConnectedDrive на домашниот пазар.  

ПАРКИРАЊЕ СО ДАЛЕЧИНСКИ УПРАВУВАЧ.

Функцијата на паркирање со далечински управувач му дозволува на возачот да излезе од возилото пред да го паркира со далечинска контрола и да го придвижи со него возилото напред или назад за да влезе или излезе од тесен простор за паркирање или од гаража. Возачот ја активира функцијата за паркирање со далечински управувач надвор од возилото преку BMW дисплеј клучот.
Целата постапка на паркирање се надгледува од страна на Park Distance Control (PDC), помош при паркирање и сензорите за преглед на околината. За да може да ја употреби функцијата за паркирање со далечински управувач, возилото треба да биде поставено право и центрирано, насочено кон местото за паркирање или кон гаражата. Во текот на постапката за паркирање, доколку е потребно, возачот може да го донесе возилото до контролирано сопирање.
Откако ќе се паркира возилото, моторот може да се исклучи со клучот. И кога е време повторно да се стартува, тоа се прави повторно со клучот. Во текот на излегувањето од паркинг местото со помош на далечинско управување, возилото автоматски се враќа наназад во права линија.

BMW КЛУЧ СО ДИСПЛЕЈ.

BMW клучот со дисплеј прикажува разни информации за статусот на возилото и овозможува определени функции да се контролираат преку интегрираниот дисплеј на допир.
Може да се прикаже времето, заедно со преостанатото гориво и тековниот статус, известувања за услуги како и тековниот статус на системот за централно заклучување, вратите и стаклениот покрив. Покрај тоа, следната опрема може да се управува преку BMW клучот со дисплеј: паркирање со далечинско управување и дополнителното греење.
BMW клучот со дисплеј може да се полни безжично или со приложениот USB кабел.

ТЕЛЕФОНИЈА СО БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ.

Телефонијата со безжично полнење вклучува терминал за безжично полнење и интегриран систем за предупредување во случај да го заборавите телефонот. Покрај тоа, достапни се два целосно функционални USB приклучоци, секој со по два ампера моќност за брзо полнење на мобилните уреди.
Антените на покривот обезбедуваат прием кој е речиси исто добар како и надвор од возилото. Вториот микрофон со дополнителна контрола на јачината на звукот обезбедува оптимална разбирливост кога се користи hands-free функцијата, дури и од предното патничко седиште.
Два мобилни телефона и мобилен аудио плеер може истовремено да се поврзат преку Bluetooth. Телефонскиот пакет вклучува Bluetooth Office со достапен календар, кратки пораки и имејл функции за компатибилни паметни телефони. Покрај тоа, безжичен NFC склоп овозможува мобилните телефони да се поврзат брзо и лесно со возилото.

АДАПТИВЕН РЕЖИМ НА РАБОТА.

Адаптивен режим на работа

АДАПТИВЕН РЕЖИМ НА РАБОТА.

Адаптивен режим на работа е интелигентна и интерактивна функција во Driving Experience Control. Адаптивниот режим на работа влијае на контролата на динамичкиот амортизер, управувањето и Steptronic трансмисијата и континуирано ги регулира поставките за тие да се адаптираат на тековната ситуација на возење независно од избраниот режим на возење (COMFORT/SPORT).
Кога е избран адаптивниот режим на работа, системот ги зема предвид бројните индикатори како што се наглите промени на степенот на пренос, движењето на управувачот и регулаторот на брзината, заедно со личниот стил на возење на возачот. Покрај тоа, системот исто така се потпира на интеракција со навигацијата во реално време за да ја регулира контролата на суспензијата при подготвување за свијоци, раскрсници или различни услови на патот. Покрај адаптивниот режим на работа, возачот исто така може да ги одбере и режимите за работа SPORT, COMFORT ИЛИ ECO PRO.  

Изјава за ограничување одговорност за CO2.

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за моделите на BMW Серија 7 со бензински или дизел мотори*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 12.6 до 4.5
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 299 до 119

 

Потрошувачка на гориво, емисии на CO2 за моделите на BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 2.3 до 2.1
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 53 до 49
Потрошувачка на енергија во kW/100км (комбинирана): 13.0 до 12.5

 

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за BMW 750Li xDrive:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.5 до 8.3
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 197 до 192

 

*За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

 

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

 

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од избраните димензии на тркала и гуми.

 

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.