Благодет и комфор во BMW Серија 7

РЕЛАКСАЦИЈА. НА НАЈВИСОКО НИВО.

Благодет и комфор во BMW Серија 7.

РЕЛАКСАЦИЈА. НА НАЈВИСОКО НИВО.

Благодет и комфор во BMW Серија 7.

BMW Серија 7 го проширува карактеристичното задоволство при возење на BMW и во него го вклучува и уживањето на оние што се возат во него. Патниците кои се возат во луксузните задни седишта уживаат во големиот простор. Додека технологијата на активна шасија во опцијата Executive Drive Pro нуди едно искуство при возење кое содржи неограничен комфор и динамика во секоја ситуација, карактеристиките на Ambient light дизајнот и иновативниот комфор, како и функциите за забава обезбедуваат високо ниво на релаксирано задоволство при патување.

РЕЛАКСАЦИЈА. НА НАЈВИСОКО НИВО.Благодет и комфор во BMW Серија 7.

BMW Серија 7 го проширува карактеристичното задоволство при возење на BMW и во него го вклучува и уживањето на оние што се возат во него. Патниците кои се возат во луксузните задни седишта уживаат во големиот простор. Додека технологијата на активна шасија во опцијата Executive Drive Pro нуди едно искуство при возење кое содржи неограничен комфор и динамика во секоја ситуација, карактеристиките на Ambient light дизајнот и иновативниот комфор, како и функциите за забава обезбедуваат високо ниво на релаксирано задоволство при патување.

BOWERS & WILKINS DIAMOND SURROUND SOUND СИСТЕМ.

Bowers & Wilkins Diamond surround системот дава исклучителен звук со студиски квалитет во возилото. Внимателно поставените звучници гарантираат дека возачот и патниците секогаш ќе уживаат во најдобриот можен звук, без оглед на тоа каде седат. Шеснаесет звучници со вкупна излезна моќ од 1400 вати обезбедуваат аудио искуство кое хипнотизира.
Иновативните материјали од кои се направени звучниците создаваат совршена рамнотежа меѓу квалитетот на звукот и тежината на возилото. Дијамантските високотонци во Bowers & Wilkins Diamond surround системот се произведени од чисти, синтетички дијаманти. Овој исклучително лесен и крајно отпорен материјал е идеален за создавање звуци со висока фреквенција. Дополнителен акцент дава Nautilus TM технологијата, која го одбива несаканото зрачење на звукот од задниот дел на куќиштето, овозможувајќи сооздавање на тродимензионален звук, како и два среднотонци со Kevlar® технологија и два централни сабвуфери со Rohacell® технологија.
Карактеристичните лајсни на звучниците имаат ексклузивен Fibonacci дизајн. Кога ќе се вклучи системот, звучниците суптилно се осветлуваат со што и визуелно се нагласува извонредниот квалитет на звукот на системот.

EXECUTIVE LOUNGE.

Кога ќе тргнете на пат, речиси дека не постои место кое повеќе релаксира од Executive Lounge на BMW Серијата 7. Тој му нуди на патникот кој седи на задното седиште од страна на сопатникот на предното седиште, максимален комфор преку широк спектар на опции за регулирање, опционална функција на масажа со комбинирана програма за виталност и наслон за нозете за исклучително комфорна позиција за одмор. Покрај тоа, предното патничко седиште може електронски да се турне нанапред до крај, а наслонот да се преклопи нанапред за да се добие максимален простор за нозете. Маса што се склопува и опција за опрема за забава на задните седиште Experience совршено ја заокружуваат целината на задните седишта во BMW Серијата 7 како место каде можете да се засолните во мир.

  • Седишта во Executive Lounge

    Опремата за седиштата во Executive Lounge му обезбедува на патникот кој седи на задното седиште зад предното патничко седиште високо ниво на комфор благодарение на исклучително големиот простор за нозете. Седиштето и аголот на наслонот може индивидуално да се регулираат за да се создаде удобна положба за релаксирање. Наслонот за нозете кој електронски се извлекува од наслонот на предното седиште, дополнително го зголемува комфорот.
    За да се добие уште поголем простор во задниот дел на возилото, предното патничко седиште може да се помести и до 90 мм нанапред и, кога ќе се спушти потпората за главата, се добива непречен поглед на предниот дел.

  • Конзола на задните седишта од Executive Lounge

    Конзолата на задните седиште во Executive Lounge нуди богат избор на функции за најдобар можен комфор во задните седишта на возилото. Преку BMW Touch Command, таблет со екран на допир од 7 инча, исто така се овозможува лесно ракување со функциите за забава и комфорот.
    Од задното седиште зад предното патничко седиште, заедно со масичка која се преклопува вертикално и хоризонтално, конзолата на задните седишта во Executive Lounge нуди два интегрирани држачи за чаши, како и преграда за оставање работи и уште една дополнителна преграда под наслонот за рацете.
    Покрај тоа, конзолата на задните седишта во Executive Lounge вклучува и snap-in држач за полнење на BMW Touch Command и ексклузивни меки патосници. Конзолата на задните седишта во Executive Lounge обезбедува четири седишта во возилото.

  • Програм за виталност

    Патувајте релаксирано и пристигнете на целта полни со енергија и здрави. Во комбинација со седиштата за масажа во задниот дел и опцијата за опремување на задните седиште со забава Experience, BMW програмот за виталност им нуди на патниците на задните седишта широк спектар на карактеристики кои ќе ја зголемат нивната физичка благодет.
    Достапни се осум различни програми за вежбање кои ќе ги мобилизираат мускулите на грбот и рамениците. Интерактивното вежбање на телото се прикажува на мониторот на задните седишта, додека сензорите што се интегрирани во задните седишта даваат повратни информации за да се обезбеди оптималното изведување на сите вежби.

  • Функција за масажа за задните седишта

    Патниците на задните седишта имаат избор меѓу осум различни функции за масирање во наслонот на седиштето и површината на седиштето со цел да ги стимулираат или опуштат мускулите на целниот начин, со што се добива помал притисок на рбетните дискови. Овие програми за масажа може да се постават на еден од трите нивоа на јачина.
    Осумте програми се поделени во категории мобилизација, релаксација и виталност. Функцијата за мобилизација не само што масира определени делови на телото како што се карлицата или горниот дел од грбот, туку и целото тело. Рбетниот столб исто така може да се опушти со помош на специфични активни вежби. Грбот, рамениците и лумбалниот регион нежно се масираат со функцијата за релаксација. Функцијата за виталност придонесува за значителна релаксација и зајакнување на телото, што е особено значајно при долги патувања. Мониторот од системот за забава на задните седишта го прикажува анимираниот програм за тренирање (Програмот за виталност) во синхронизација со придвижувачот за масажа. Целата палета на програми и функции се контролира со BMW Touch Command за системот за забава на задните седишта.

ДИЗАЈН НА СВЕТЛОТО ЗА АМБИЕНТ.

Светлината создава светови – во природата, во уметноста, во дизајнот и во BMW Серијата 7. Разновидни директни и индиректни извори на светлина му ја даваат на внатрешноста на BMW Серијата 7 нејзиниот модерен карактер. Концептот на светлина е усовршен со панорамскиот покрив Sky Lounge кога природните извори на светлина се комбинираат со нијансите на боја на Ambient светлината со што се содава една незаборавна атмосфера.

  • Панорамски покрив Sky Lounge

    Панорамскиot покрив Sky Lounge им дава на патниците непречен поглед на небото дење и ноќе, додека создава чувство на широк, отворен простор. Внатрешноста облеана со светлина дава исклучително луксузен впечаток. Електричните штитници за сонце за предниот и задниот дел се регулираат посебно за да овозможат пријатна сенка и заштита од директната сончева светлина.

    Кога е темно, се создава една атмосфера создадена од светлински дизајн креиран од повеќе од 15.000 светлински елементи. Светлинскиот дизајн може да се менува во шест бои на Ambient светлина.

    Тој овозможува и разни дополнителни опции за проветрување на внатрешноста со неговите функции на лизгање и подигнување на предниот дел. Еден интегриран штитник од ветер кој автоматски се извлекува, ги штити патниците од провев, дури и кога се возат со отворен покрив.

  • Амбиент светлина

    Кога надвор е темно, Амбиент светлината создава една релаксирана, пријатна атмосфера во внатрешноста. Патосница со светло Welcome, дел од светлинската опрема на Амбиент светлината, ја осветлува областа пред вратата на автомобилот кога влегувате и излегувате од него.
    Покрај патосница со светло Welcome во бела боја, опремата вклучува и шест дизајни на светлина што го намалува интензитетот на светење во бела, сина, портокалова, бронзена, лила и зелена боја.
    Опремата дополнително вклучува: светла на предниот дел за нозете, предната преграда, централниот наслон за раце на задните седишта и преградата во наслонот за рацете, како и на наслоните од предните седишта, предни и задни светла за читање, осветлување на задниот дел од возилото, осветлување на украсите, надворешните ретровизори и преградата за картички, осветлување на делот за нозете како и светла за излез на сите врати.

AMBIENT AIR ПАКЕТ.

Со притискање на едно копче, пакетот Ambient Air ја исполнува внатрешноста на автомобилот со суптилна, пријатна арома. Достапни се осум ароми кои се поделени во ќетири теми, сите посебно креирани за возилото. Во исто време може да се користат по две наизменично. Јачината на аромата може да се постави на три нивоа. Оваа функција може да се активира преку iDrive контролата и iDrive менито, или директно со копчето на единицата за климатизација. Функциите се прекиажани на контролниот дисплеј.
Додека се испушта аромата, воздухот од внатрешноста на автомобилот се филтрира и прочистува. Квалитетот на воздухот исто така значително се подобрува преку јонизација на кислородот.
Осумте ароми се поделени во четири категории: „Blue Suite“ со свежа арома на водени пространства, „Green Suite“ со свежа арома на растенија, „Golden Suite“ со топла, богата арома и „Authentic Suite“ со арома на природа. Сите ароми траат околу шест месеци со просечна употреба и може да се нарачат како оригинални BMW додатоци.

Забава на задните седишта Experience

ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА EXPERIENCE.

Со забавата на задните седишта со опрема Experience се ракува преку BMW Touch Command. Тој вклучува два дисплеја во боја од 10 инча што се наоѓаат на задниот дел од наслоните на предните седишта. Тој исто така вклучува и Blu-ray плеер , HDMI конекција за мобилни уреди, како и разни конекции за MP3 плеери, конзоли за игри итн. Може да се поврзат до три пара слушалки преку интегрираниот безжичен склоп.
Во комбинација со задните седишта за масажа, програмот за виталност исто така може да се користи со опремата Experience за забава на задните седишта.

Executive Drive Pro

EXECUTIVE DRIVE PRO.

Executive Drive Pro систем за контрола на суспензијата овозможува исклучителен комфор во возењето во комбинација со неверојатено динамичен начин на возење. Иако двоосовинската воздушна суспензија со прилагодиливи амортизери веќе се одликува со одлични карактеристики на комфор, со додавање на системот Executive Drive Pro со електромеханичка стабилизација на нишањето на каросеријата во свијоци и на нерамни патишта со испакнатини се доведува до минимум. Системот се темели на активни стабилизатори на предните и задните оски кои во текот на возењето постојано ја регулираат суспензијата. Удобноста и динамиката во возењето го достигнуваат највисокото ниво благодарение на дополнителните информации од системот за навигација, како и од анализата на стилот на возењето заедно со податоците од камерите кои следат што се случува на патиштата.

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за моделите на BMW Серија 7 со бензински или дизел мотори*:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 12.6 до 4.5
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 299 до 119

Потрошувачка на гориво, емисии на CO2 за моделите на BMW Серија 7 iPerformance**:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 2.3 до 2.1
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 53 до 49
Потрошувачка на енергија во kW/100км (комбинирана): 13.0 до 12.5

Потрошувачка на гориво и емисии на CO2 за BMW 750Li xDrive:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.5 до 8.3
CO2 емисија во гр/км (комбинирана): 197 до 192

*За индивидуални модели, прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.
**Прикажаните вредности се потенцијалните технички спецификации.

BMW iPerformance моделите 740e, 740Le и 740Le xDrive ќе бидат достапни од 2016 година.

Вредностите за потрошувачката на гориво, CO2 емисиите и потрошувачката на енергија зависат од избраните димензии на тркала и гуми.

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.