BMW X1

ПРЕГРНЕТЕ ГО НЕПОЗНАТОТО.

BMW X1.

ПРЕГРНЕТЕ ГО НЕПОЗНАТОТО.

BMW X1.

ПРЕГРНЕТЕ ГО НЕПОЗНАТОТО.BMW X1.

Моќност во kW (h.p.) при 1/мин.

135 (184)/4000

Максимална сила на вртежи (rpm) при 1/мин.

380/1750-2750

Комбинира CO2 емисија во г/км

129.0 (132.0) 

Комбинирана потрошувачка во л/100км

4.9 [5.0]

BMW X1 е совршено возило за оние кои сакаат да го прилагодат задоволството при возење кон сопствените потреби и желби. Неговите SAV димензии откриваат впечатлива самодоверба. А неговата внатрешност покажува една огромна флексибилност. Преку BMW xLine и BMW Sport Line тој нуди две дизајнерски решенија кои ви овозможуваат да дадете посебен акцент на внатрешноста и на надворешноста. Благодарение на комбинацијата на технологијата BMW EfficientDynamics и ефикасноста на BMW TwinPower турбо бензинските и дизел мотори, BMW X1 може да се пофали со исклучително ниска потрошувачка на гориво и ниски вредности на емисија на гасови во сите верзии на моторот.

ОТКРИЈТЕ ГО BMW X1.

Дизајн.

BMW X1 го пренесува карактеристичниот изглед на SAV на начин кој во исто време е сестран и динамичен. Без оглед на тоа дали е во урбана средина или надвор од град, неговата моќно дефинирана силуета со долго меѓуосовинско растојание и кратките натстрешници, дава впечатлив изглед. Тој ги комбинира спортскиот дизајн со компактните димензии на надворешноста, без тоа да влијае на флексибилноста или на обемната понуда на простор во двата реда на седишта. Комбинацијата на висококвалитетните материјали и услогласените вградени компоненти вешто го заокружува изгледот на BMW X1.

Комфор и функционалност.

Совршениот партнер за патување во непознатото. Внатрешноста на BMW X1 ги наградува своите патници со издигнати седишта за да имаат најдобар преглед и со опкружување во материјали со висок квалитет. Во комбинација со интуитивното ракување и флексибилна искористеност на просторот, BMW X1 е идеален партнер за сите ваши идни планови.

xDrive.

Интелигентниот систем BMW xDrive со погон на четири тркала речиси совршено се адаптира дури и на најтешките услови на патиштата, секогаш давајќи извонредна моќ на влечење. xDrive и контролата на динамичката стабилност (DSC) обезбедуваат совршена стабилност на BMW возилото. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја распределува снагата меѓу оските со цел да спречи преголемо или премало управување, со што се обезбедува иклучително стабилно одржување на насоката. Во критични услови на патот, DSC не треба да интервенира толку многу. BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонот на сите тркала – влечата, одржувањето на насоката и безбедноста при возењето – со класичната BMW агилност за уште поголемо задоволство во возењето.