Комфор и функционалност во BMW X1

ИСТРАЖУВАЧКИ ДУХ ЗАЕДНО СО КОМФОР.

Комфор и функционалност во BMW X1.

ИСТРАЖУВАЧКИ ДУХ ЗАЕДНО СО КОМФОР.

Комфор и функционалност во BMW X1.

Совршен партнер за вашата експедиција во непознатото: внатрешноста на BMW X1 им овозможува на патниците да седат во повисока положба за најдобар можен поглед и да уживаат во своето опкружување во материјали со висок квалитет. Во комбинација со интуитивното ракување и флексибилното користење на просторот, BMW X1 е идеалниот партнер за сите ваши идни планови.

ИСТРАЖУВАЧКИ ДУХ ЗАЕДНО СО КОМФОР.Комфор и функционалност во BMW X1.

Совршен партнер за вашата експедиција во непознатото: внатрешноста на BMW X1 им овозможува на патниците да седат во повисока положба за најдобар можен поглед и да уживаат во своето опкружување во материјали со висок квалитет. Во комбинација со интуитивното ракување и флексибилното користење на просторот, BMW X1 е идеалниот партнер за сите ваши идни планови.

Издигнато седиште на возачот
Издигнато седиште на возачот

ИЗДИГНАТО СЕДИШТЕ НА ВОЗАЧОТ.

Издигнатата положба на седење во BMW X1 ви нуди бројни предности. Најзабележителната е дека возачот и патниците може да уживаат во извонредниот поглед на сите страни, што во исто време придонесува дополнителна безбедност во патниот сообраќај. Дополнителна предност е што влегувањето и излегувањето од BMW X1 станува значително подобро за сите патници. Исто така, овие издигнати седишта ви овозможуваат да уживате во поголема удобност и големината на внатрешноста на возилото: во комбинација со големите површини на прозорците и опционалниот панорамски стаклен покрив, издигнатиот поглед сега создава пријатно раскошно чувство на просторност.

ПРОСТОРНОСТ.

Во секојдневниот урбан живот, BMW X1 имресионира со своите компактни димензии на надворешноста. Зад нив е скриено многу повеќе отколку што можете да замислите. Поради високата линија на покривот, карактеристичниот SAV облик ја прави внатрешноста на возилото попросторна и привлечна. Друг фактор кој влијае врз ова чувство на просторност е исклучително јасен преглед на патот од издигнатите седишта и големите стаклени површини на прозорците. Сепак, ова доживување на BMW не е чисто субјективно: 56 цм простор за нозете на задните седишта нудат удобно седење при долги патувања, дури и за патниците кои се високи.

ПРЕКЛОПНИ НАСЛОНИ НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА.

Предното патничко седиште што може да се преклопи е пример на извонредна флексибилност и добро осмислен дизајн на внатрешноста. Наслонот на задните седишта може целосно да се преклопи нанапред со што се создава речиси рамна површина. Ова овозможува превоз на подолги предмети и спортска опрема со должина до 2.50 метри.

ЗАДНИ СЕДИШТА ШТО СЕ ПРИЛАГОДУВААТ.

Една клучна карактеристика на извонредната сестраност на BMW X1 е претставена со задни седишта што се прилагодуваат и кои може надолжно да се лизгаат за да се добие сооднос од 60:40 на патничката кабина и багажниот простор. Ова прави багажниот простор да може подобро да се прилагодува – имате избор меѓу поголем простор за нозете на патниците на задните седишта и зголемен багажен простор. Лесно достапна рачка под седиштето овозможува соодветно прилагодување на вториот ред. Аголот на наслонот на задните седишта што се преклопува во сооднос 40:20:40 исто така придонесува кон практичноста на возилото. Ова значи дополнителен комфор за патниците и понатамошно проширување на багажниот дел.

КОМФОРНО ТОВАРЕЊЕ.

Во BMW X1, впечатокот на исклучителен комфор започнува дури и пред да тргнете на пат. Зад вратата на багажникот која високо се подигнува, на пример, има простран багажен простор кој има доволна висина за товарење. Високо прилагодлива внатрешност со наслони на задните седишта што се преклопуваат и променлив распоред на задните седишта нуди доволно простор за кабасти предмети како скии или велосипеди.

ОТВОРАЊЕ НА БАГАЖНИКОТ БЕЗ КОНТАКТ.

Кога стоите пред возилото со преполни раце и сакате да го отворите багажникот, сега нема потреба да барате по џебовите за да го најдете клучот. Системот за комфорен пристап со автоматско активирање на вратата од багажникот ви овозможува да го отворите багажникот со вашето стапало – сензорот ја активира вратата која се отклучува и потоа автоматски се отвора.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.

Потрошувачка на гориво и СО2 емисии за BMW X1 моделите со бензински и дизел мотори:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.6 до 3.9
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 152 до 104

Потрошувачка на гориво и СО2 емисии за BMW X1 xDrive25i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.6 до 6.4
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 152 до 149

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.