Изгледот на BMW X1

СЛОБОДА ВО СВОЈАТА НАЈУБАВА ФОРМА.

Изгледот на BMW X1.

СЛОБОДА ВО СВОЈАТА НАЈУБАВА ФОРМА.

Изгледот на BMW X1.

BMW X1 го пренесува карактеристичниот изглед на SAV на начин кој во исто време е сестран и динамичен. Без оглед на тоа дали е во урбана средина или надвор од град, неговата моќно дефинирана силуета со долго меѓуосовинско растојание и кратките натстрешници, дава впечатлив изглед. Тој ги комбинира спортскиот дизајн со компактните димензии на надворешноста, без тоа да влијае на флексибилноста или на обемната понуда на простор во двата реда на седишта. Комбинацијата на висококвалитетните материјали и услогласените вградени компоненти вешто го заокружува изгледот на BMW X1.

СЛОБОДА ВО СВОЈАТА НАЈУБАВА ФОРМА.Изгледот на BMW X1.

BMW X1 го пренесува карактеристичниот изглед на SAV на начин кој во исто време е сестран и динамичен. Без оглед на тоа дали е во урбана средина или надвор од град, неговата моќно дефинирана силуета со долго меѓуосовинско растојание и кратките натстрешници, дава впечатлив изглед. Тој ги комбинира спортскиот дизајн со компактните димензии на надворешноста, без тоа да влијае на флексибилноста или на обемната понуда на простор во двата реда на седишта. Комбинацијата на висококвалитетните материјали и услогласените вградени компоненти вешто го заокружува изгледот на BMW X1.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Самиот негов изглед го буди вашиот истражувачки дух: Тука, стилските карактеристики на SAV концептот се соединуваат со динамиката и спортските карактеристики на урбаниот животен стил. Со својата висока линија на покривот, конструкцијата создава едно исклучително великодушно чувство на просторност во внатрешноста. Опционалните дополнителни елементи на xLine во брусен алуминиум на каросеријата, го подобрува спортскиот изглед и визуелната конекција со фамилијата Х. Тие исто така му го даваат на предниот и задниот дел од возилото неговиот карактеристичен изглед. Ове карактеристики, кои исто така се достапни во бројни ексклузивни нијанси на боја, даваат дополнителна заштита од оштетувања на бојата во вашите авантури на терените надвор од патиштата. Аеродинамичната совршеност и придружната намалена потрошувачка на гориво се гарантирани со деталите како што се страничните крилца на задниот дел од возилото и воздушните завеси интегрирани во отворите за воздух на предниот дел од возилото.

ДИЗАЈН НА LED СВЕТЛАТА.

Лесно ќе го препознаете BMW X1 дури и кога е целосна темница: карактеристичното лице со шест очи јасно го идентификува како член на семејството Х. Исто така и на дневна светлина, BMW X1 е јасно видлив благодарение на своите LED стандарни дневни светла. Доколку е потребно, проширените функции на LED предните светла заедно со аголните светла нудат силно и ефикасно Bi-LED средно и долго светло. Аголните светла со LED технологија овозможуваат распределба на адаптивниот зрак со зголемена моќ на осветлување на страните од патиштата во урбаниот сообраќај. Во исто време, LED светлата користат 50% помалку енергија од конвенционалните светла – со значително поголем рок на траење и подобрена осветленост.

Панорамски стаклен покрив
Панорамски стаклен покрив

ПАНОРАМСКИ СТАКЛЕН ПОКРИВ.

Панорамскиот стаклен покрив нуди прекрасен поглед и пропушта многу светлина во внатрешноста на возилото, со што се создава еден особено просторен и отворен амбиент. Доколку сончевата светлина е многу јака, едноставно и лесно, можете да ја затворите ролетната. Со своите функции на лизгање и подигање, панорамскиот стаклен покрив дава разни опции за одлична вентилација. Доколку стаклениот покрив е поставен во положба на проветрување, ролетната автоматски се повлекува за да овозможи соодветен проток на воздух. Интегрираниот штитник од ветер автоматски се подига за да ја сведе турбуленцијата при возење на минимум кога е отворен покривот.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

BMW X1 изненедува со познатите елементи. Ова е овозможено со традиционално осмислената кабина која е насочена кон возачот со исклучително иновативни и префинети елементи на дизајнот. Клучна улога тука има чувството на допир: исклучително фините материјали и врвната завршна обработка уште од првиот контакт создаваат одличен впечаток. Амбиентната светлина која е совршено прилагодена на внатрешноста како и изборот на материјалите како што е кожа, чисто дрво и алуминиум, импресионираат со својот посебен квалитет. Дури и вниманието посветено на практичните детали е јасно видливо во BMW X1: богато дизајнирана централна конзола со лизгачка покривка која служи како држач за чаши и дополнителен простор за складирање нудат слобода и ја нагласуваат сестраноста на внатрешноста. Техничките детали, како што е опционалниот систем за навигација Professional со iDrive Touch Controller поставени се интуитивно околу седиштето на возачот. Затоа, во BMW X1 уште пред да тргнете на првото патување, се чувствувате како дома.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.

Потрошувачка на гориво и СО2 емисии за BMW X1 моделите со бензински и дизел мотори:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.6 до 3.9
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 152 до 104

Потрошувачка на гориво и СО2 емисии за BMW X1 xDrive25i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.6 до 6.4
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 152 до 149

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.