ПРЕПУШТЕТЕ СЕ. НА СИГУРНИ СИСТЕМИ.

Системи за помош при возење на BMW ConnectedDrive во моделите на BMW X1.

Овие системи за помош се професионални: Широката палета на системи за помош при возењето се тука за да Ви го олеснат возењето во BMW X1 моделот. Тие во секој момент гарантираат максимална можна безбедност и удобност. Може да се концентрирате на тоа што е важно – безгрижно задоволство при возење.

НАВИГАЦИЈА ПЛУС.

Системот Navigation Plus со Head-Up дисплејот на BMW е комбинација на неколку многу корисни компоненти: навигациски систем со вграден 8.8- инчен LCD дисплеј во боја, радио, MP3 плеер, RDS двоен тјунер и инструмент табла со 5.7-инчен TFT дисплеј со висока резолуција. BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Водењето за рутата е обезбедена преку стрелка и прикажување на мапа, заедно со говорни инструкции. Навигацискиот систем се управува со iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап и осум функции на брзи пристапи или, во зависност од карактеристиките на возилото преку гласовната контрола. Navigation Plus му го покажува на возачот брза и директна рута преку бројни Европски земји и во некои случаи дури и надвор од Европа. TMC технологијата се користи за рана детекција на сообраќајните пречки и се пресметуваат алтернативни рути при голема брзина, за безбедно и удобно пристигнување.

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller (дел од навигацискиот систем Professional) овозможува интуитивна и едноставна работа со iDrive системот. Во iDrive Touch Controller вградена е површина на допир преку која корисникот лесно ги внесува во навигацискиот систем дестинациите преку рачно внесување. Внесените делови се прикажуваат на контролниот дисплеј.

BMW Head-Up Дисплеј

BMW HEAD-UP ДИСПЛЕЈ.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Дисплејот вклучува информации како што се тековна брзина, навигациски насоки, информации за ограничување на брзината, вклучувајќи индикатор за забрана за претекнување, заедно со листи со телефонски броеви и листи за забава.

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Сигурносните пакет за Помош при возење е комбинација на системи кои работат со помош на камера како Помош за спречување заслепување, Информации за ограничување на брзината и Систем за предупредување за напуштање лентата на возење, како и Предупредување за приближување и Предупредување на лица со помош на функцијата на градско сопирање.
Системот за спречување заслепување нуди најдобра видливост во мрак со избегнување други возачи со паметно дистрибуирање на долгиот сноп на долгите светла. Системот на интелигентните информации за ограничување на брзината ги препознава ограничувањата за тековната брзина преку камера и со споредба со навигациските податоци, заедно со податоците од други системи како што е GPS или сензорите за дожд за да ги земе предвид ограничувањата кои се применуваат само за определени временски периоди или при влажни временски услови.
Системот за Предупредување за напуштање лента предизвикува вибрирање на управувачот кога возилото, при брзина од 70 км/час, ненамерно ќе ја напушти возната лента. Во критични ситуации, Предупредувањето за приближување го информира возачот во две фази. Предупредувањето на пешаци реагира при брзина помеѓу 10 и 60 км/час, и во случај на непосредна опасност, емитува предупредување. Истовремено, сопирачките се подготвуваат за брза реакција. Во случај на опасност, системот иницира сопирање и обезбедува брзината на судир да се намали. Доколку возилото пред Вашето нагло закочи, системот се посилно го предупредува возачот сè до лесно сопирање.

ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Системот за помош при паркирање го олеснува паралелното паркирање. Без оглед дали е активиран или не, системот ги мери потенцијалните простори додека се движи покрај со ниска брзина (под 35 км/час) и на максимално растојание од 1.5 м од редот со паркирани возила. Кога ќе пронајде доволно голем простор, возачот едноставно ќе го вклучи индикаторот и Помошта при паркирање го презема управувањето, додека возачот продолжува да управува со гасот, брзините и сопирачките. Системот, исто така, дава инструкции на Контролниот дисплеј и дополнителни и акустични сигнали. На овој начин возачот може да биде релаксиран поради поголемата сигурност при паркирање.

ЗАДНА КАМЕРА.

Задна камера

ЗАДНА КАМЕРА.

Задната камера овозможува подобрена ориентација при движење наназад со брзина под 15 км/час, на пример при паркирање. Таа на Контролниот дисплеј ја прикажува областа зад возилото. Интерактивните водилки за мерење растојание и круговите на вртење му помагаат на возачот при маневрирање, а пречките се обележани со боја.

КОНТРОЛА НА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ПРИ ПАРКИРАЊЕ.

Контролата на растојание при паркирање (PDC) со задна камера го олеснува движењето наназад и паркирање на возилото во тесни простори. Близината на пречките зад возилото се најавува акустички со сигнал за предупредување, како и визуелно на Контролниот дисплеј.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW X1 со бензински и дизел мотор:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6.6. до 3.9
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 152 до 104

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за BMW X1 со xDrive25i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6.6. до 6.4
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 152 до 149

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.