Динамика и ефикасност при возење BMW X1

МОЌТА НА ПОМЕСТУВАЊЕ ГРАНИЦИ.

Динамика и ефикасност при возење BMW X1.

МОЌТА НА ПОМЕСТУВАЊЕ ГРАНИЦИ.

Динамика и ефикасност при возење BMW X1.

BMW X1 е насекаде во својот елемент и го инспирира прецизното управување, без разлика дали при возење по патиштата или надвор од патиштата. Ова е овозможено од низата совршено координирани компоненти. Основата за ова е скоро оптималната дистрибуција на тежината од 57:43 (напред/назад) на двете оски. Опционалниот интелигентен систем на погон на сите тркала BMW xDrive ја испорачува снагата на BMW X1 до тркалото каде што е потребна, без разлика за која патна површина станува збор. Потпирањето дизајнирано за максимална динамика обезбедува прецизна повратна информација во секое време. Благодарение на сеопфатните мерки на BMW EfficientDynamics, BMW X1 ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите и како резултат добивате чисто задоволство при минување на секој метар пат.

МОЌТА НА ПОМЕСТУВАЊЕ ГРАНИЦИ.Динамика и ефикасност при возење BMW X1.

BMW X1 е насекаде во својот елемент и го инспирира прецизното управување, без разлика дали при возење по патиштата или надвор од патиштата. Ова е овозможено од низата совршено координирани компоненти. Основата за ова е скоро оптималната дистрибуција на тежината од 57:43 (напред/назад) на двете оски. Опционалниот интелигентен систем на погон на сите тркала BMW xDrive ја испорачува снагата на BMW X1 до тркалото каде што е потребна, без разлика за која патна површина станува збор. Потпирањето дизајнирано за максимална динамика обезбедува прецизна повратна информација во секое време. Благодарение на сеопфатните мерки на BMW EfficientDynamics, BMW X1 ја намалува потрошувачката на гориво и емисиите и како резултат добивате чисто задоволство при минување на секој метар пат.

BMW ТЕХНОЛОГИЈА НА ЕФИКАСНА ДИНАМИКА.

BMW технологија на ефикасна динамика

BMW ТЕХНОЛОГИЈА НА ЕФИКАСНА ДИНАМИКА.

Комбинацијата на економичните BMW TwinPower Turbo мотори, интелигентната лесна конструкција и софистицираната аеродинамика создаваат основа за зголемување на задоволството при возењето на BMW X1 со намалена потрошувачка на гориво. Овој пристап е надополнет со технологиите BMW EfficientDynamics како што е стандардната карактеристика на управување со енергија со автоматската функција старт/стоп и функцијата на обновување на енергијата на сопирање. Опциите како што е 8-степениот Steptronic пренос, дополнително помага да се зголеми ефикасноста и динамиката кај BMW X1.

BMW X1 sDRIVE16d.

BMW X1 sDRIVE16d

BMW X1 sDRIVE16d.

BMW sDrive 16d со новиот 3-цилиндричен дизел мотор BMW TwinPower Turbo, со 85 kW (116 hp), нуди повеќе снага од доволно и особено високото ниво на ефикасност. Во комбинација со попречно поставениот мотор, предниот погон е решение на штедење простор за возила што се компактни, но и нудат поголем внатрешен простор.

BMW xDrive
BMW xDrive
BMW xDrive

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала совршено се приспособува на најпредизвикувачките услови на површината на патот и обезбедува оптимално прилепување во секое време. xDrive и Динамичната контрола на стабилноста на возилото (DSC) обезбедуваат BMW возилото да биде безбедно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо дистрибуира снага помеѓу оските за да спречи нагло свртување или недоволно вртење во свиоци и со тоа обезбедува неверојатна стабилност при одржување правец. Уште повеќе, тој гарантира брзо и сигурно забрзување, дури и при лизгави и стрмни делови од патиштата. Во критични услови на патот, DSC не треба да влијае повеќе отколку од вообичаено. Така, BMW xDrive ги комбинира сите предности на погонскиот систем на сите тркала – прилепување, стабилност при одржување правец и безбедно возење со класична BMW агилност.

Steptronic

STEPTRONIC.

Steptronic преносите поставуваат стандарди на удобност, динамика и ефикасност. Тие претставуваат клучен елемент на технологијата BMW EfficientDynamics. Особено малиот распон на менување овозможува насобирање оптимална снага при сите брзини. Со ова значително се намалува потрошувачката на гориво додека и истовремено се обезбедува уште повеќе спортски дух и динамика.

  • 8-speed Steptronic пренос

    Благодарение на брзите промени на степенот на пренос и краткото време на менување, 8-степениот Steptronic пренос во секое време обезбедува непречено менување на степените на пренос и поголема удобност при возењето. Тој ја соединува неверојатната удобност со импресивната динамика и зголемената економичност на гориво.

  • 8-степен Steptronic Sport пренос

    Автоматскиот 8-степен Steptronic Sport пренос се адаптира за да соодветствува на индивидуалните стилови на возење. Од удобно крстосување до многу динамично и брзо возење. Во SPORT режимот на возење, промената на степените на пренос се конфигурирани за максимални перформанси. Брзините може рачно да се менуваат со употреба на менувачот или копчињата за промена на брзината на Sport кожниот управувач.

Уживајте во динамичното возење на BMW X1

ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ – КАДЕ И ДА СТЕ.

Уживајте во динамичното возење на BMW X1.

ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕ – КАДЕ И ДА СТЕ.

Уживајте во динамичното возење на BMW X1.

ECO PRO РЕЖИМ НА ВОЗЕЊЕ.

ECO PRO режимот на возење им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво за 20 проценти, во зависност од нивниот начин на возење. Дополнителната функција на празен од и ECO PRO Route овозможуваат зголемени можност на штедење гориво.

  • Празен од

    Функција на ,,празен од” или ,,тркалање” го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без брзина. Возилото се движи во ,,празен од” кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 170 км/час и не го употребува педалот од сопирачките. Во комбинација со функцијата на Активна автоматска контрола на брзината на движење, возилото по сопирањето, кога е во ECO PRO режимот на работа, исто така, поефикасно забрзува до саканата брзина.

  • ECO PRO route

    ECO PRO route, во зависност од условите во сообраќајот, стилот на возење на патот, и локалните услови, ја покажува најефикасната рута. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со возење на патниот правец што е избран од ECO PRO route.

ИНТЕЛИГЕНТНО УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

Како и секое BMW, и BMW X1 поседува BMW EfficientDynamics технологии како што е Автоматската функција старт/стоп, Обновување на енергијата на сопирање и електромеханичкиот серво управувач како стандардни карактеристики. Сите технологии функционираат заедно како систем на интелигентно управување со енергија за уште денес да ја обезбедат мобилноста на утрешницата.

  • Автоматска функција старт/стоп

    Автоматската функција старт/стоп го исклучува моторот кога возилото привремено ќе запре (на пример на семафор или при сообраќаен метеж) за дополнително намалување на потрошувачката на гориво. Кога возачот ќе притисне врз педалот од спојката (рачен пренос) или ќе го тргне стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се стартува во делче од секундата.

  • Регенерација на енергијата на сопирање

    Со системот на регенерација на сопирањето, алтернаторот генерира енергија примарно кога возачот сопира или го трга стапалото од педалот за гас. Претходно неискористената кинетичка енергија се трансформира во електрична енергија за полнење на акумулаторот. Поради тоа, алтернаторот не мора постојано да работи, потрошувачката се намалува и тогаш целата излезна снага на моторот се става на располагање на погонскиот склоп при забрзување.

  • Електромеханички серво управувач

    За разлика од хидрауличните системи, електромеханичкиот серво управувач е активен само кога возачот го движи. Ова значи помалку енергија што значи и помала потрошувачка на енергија.

  • Индикатор за оптимална промена на степенот на пренос

    Навременото менување на степените на пренос може значително да помогне при заштедата на гориво при градското возење, но и при возење големи растојанија. Со оптималната промена на степенот на пренос, се користи помало количество гориво – електронскиот систем на моторот ја идентификува најефикасната брзина, врз основа на условите на патот и брзината на моторот. На информацискиот дисплеј се вклучува стрелка за да прикаже кога ќе биде најсоодветно да се смени степенот на пренос во повисок или понизок. Системот, исто така, препознава брзо забрзување и ќе Ви советува префрлање во повисок степен на пренос при зголемување на брзината. Возачите кои го користат Steptronic преносот во рачен режим на работа, исто така, примаат сугестии за соодветно менување на степенот на пренос. Интерните компаративни тестови на BMW покажаа дека возилото со Индикатор за оптимална промена на степенот на пренос користи околу четири проценти помалку гориво.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW X1 со бензински и дизел мотор:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6.6. до 3.9
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 152 до 104

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за BMW X1 со xDrive25i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6.6. до 6.4
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 152 до 149

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.