ИНСТИНКТ КОЈ УПРАВУВА СО ГЛАВАТА.
BMW TwinPower Turbo мотори во моделот BMW X1.
Иновативните BMW TwinPower Turbo мотори во моделот BMW X1 се одлична комбинација на перформанси и ефикасност. На располагање е палета на моќни единици со иновативно турбополнење и најнова технологија на инјектирање гориво. Најновата генерација на дизел и бензински мотори се фокусираат, пред сè на еден аспект : чисто задоволство.

BMW TWINPOWER TURBO БЕНЗИНСКИ МОТОРИ.
Последната генерација BMW TwinPower Turbo бензински мотори се карактеризираат со исклучително агилна испорака на снага како и со одлична реакција, дури и при ниски брзини на моторот. Истовремено, тие се поефикасни, со помали емисии и подобри перформанси од своите претходници. Овие иновативни мотори ја соединуваат последната технологија на инјектирање гориво и целосно варијабилна контрола на вентилите, вклучувајќи го Double-VANOS со врвна технологија на турбополнење и претставуваат вистинска пресвртница во стратегијата на развојот на BMW EfficientDynamics. Резултатот е особено ефикасен погонски склоп кој ги нагласува легендарните можности на BMW. BMW TwinPower Turbo линискиот 6-цилидричен бензински моторот е повеќекратен добитник на наградата Мотор на годината, кој секогаш одново ја потврдува својата светска репутација на испорака на снага, исклучително непречени работни карактеристики и импресивна ефикасност. Моторите од палетата BMW EfficientDynamics се карактеризираат со технолошки концепт што се докажа како високоефикасен и е имплементиран во скоро сите бензински мотори.
-
BMW X1 xDrive 25i
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,998Клип/цилиндар во mm94.6/82.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин170 (231)/5,000Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин350/1,250Размер на компресија:110.2 -
BMW X1 xDrive 20i
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,998Клип/цилиндар во mm94.6/82.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин141 (192)/5,000Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин280/1,250Размер на компресија:111.0 -
BMW X1 sDrive 20i
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,998Клип/цилиндар во mm94.6/82.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин141 (192)/5,000Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин280/1,250Размер на компресија:111.0

BMW TWINPOWER TURBO ДИЗЕЛ МОТОРИ.
Новата генерација на BMW TwinPower Turbo дизел мотори е доказ на ригорозната примена на филозофијата на BMW EfficientDynamics која ги комбинира врвните оценки на снага и перформанси со ниската потрошувачка на гориво. Дизел моторите се познати по нивната одлична и брза реакција и агилната испорака на сите брзини на моторот, како и за нивната ниска потрошувачка на гориво. Тие се познати по нивната извонредна ефикасност и динамика, со ниска потрошувачка на гориво и мал внатрешен отпор за да гарантира максимално задоволство при возењето. Новите дизел мотори од програмата на BMW EfficientDynamics се карактеризираат со лесна алуминиумска конструкција и еден, два или три турбополначи со варијабилна турбинска геометрија. Сите тие ја имаат најновата технологија на директна инјекција на гориво (CommonRail) со заеднички вод што гарантира оптимално согорување за уште поголемо намалување на потрошувачката на гориво и CO2 емисии.
-
BMW X1 xDrive 25d
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,995Клип/цилиндар во mm90.0/84.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин170 (231)/4,400Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин450/1,500-3,000Размер на компресија:116.5 -
BMW X1 xDrive 20d
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,995Клип/цилиндар во mm90.0/84.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин140 (190)/4,000Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин400/1,750Размер на компресија:116.5 -
BMW X1 sDrive 18d
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,995Клип/цилиндар во mm90.0/84.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин110 (150)/4,000Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин330/1,750Размер на компресија:116.5 -
BMW X1 xDrive 18d
Цилиндри/вентили4/4Капацитет во ccm1,995Клип/цилиндар во mm90.0/84.0Максимална излезна сила во kW (hp) на 1/мин110 (150)/4,000Максимален број на вртежи во Nm на 1/мин330/1,750Размер на компресија:116.5
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за моделите од BMW X1 со бензински и дизел мотор:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6.6 до 3.9
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 152 до 104
Потрошувачка на гориво и CO2 емисии за BMW X1 со xDrive25i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирано): 6.6. до 6.4
CO2 емисии во г/км (комбинирано): 152 до 149
Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany.