Линии и опрема за BMW X1

ОТКРИЈТЕ СЕСТРАНОСТ.

Линии и опрема за BMW X1.

ОТКРИЈТЕ СЕСТРАНОСТ.

Линии и опрема за BMW X1.

BMW X1 совршено се адаптира не само на вашиот животен стил, туку и на вашиот личен вкус. Трите сеопфатни пакети на опрема BMW xLine, BMW Sport Line и M Sport, заедно со опции за друга бројна опрема ви овозможуваат да го опремите вашиот BMW X1 токму онака како што посакувате.

ОТКРИЈТЕ СЕСТРАНОСТ.Линии и опрема за BMW X1.

BMW X1 совршено се адаптира не само на вашиот животен стил, туку и на вашиот личен вкус. Трите сеопфатни пакети на опрема BMW xLine, BMW Sport Line и M Sport, заедно со опции за друга бројна опрема ви овозможуваат да го опремите вашиот BMW X1 токму онака како што посакувате.

xLINE.

xLine претставува совршен избор за поистакнато нагласување на теренските карактеристики на BMW X1. Тој го утврдува впечатокот што го создава BMW X1 не само преку брусените алуминиумски додатоци, туку и го модифицира SAV возилото со xLine со специфични 18 инчни тркала од лесни метали со Y краци. Опремата xLine ја заокружуваат специјалните бои и материјали во внатрешноста на возилото.

  • Надоврешност
    • BMW маска во полукружна форма со седум ексклузивно дизајнирани вертикални пречки со предна страна во мат алуминиум, сјајно хромирана рамка на маската
    • Преден браник со штитник за картер и други елементи на дизајнот во мат сребрена боја
    • 18 инчни тркала од лесни метали со Y краци од тип 569, достапни се и други типови тркала
    • Мат сребрени прагови
    • Темно сив штитник за картер и мат сребрени декоративни влошки
  • Внатрешност
    • Алуминиумски лајсни на предните прагови со натпис „ BMW“
    • Седишта прекриени со комбинација на платно и кожа „Cross Track“ во гранитно кафена боја со црни детали, алтернативно со ерфорирана кожа „Dakota“ во боја на кафе, достапен е и друг тапацир
    • Спортски кожен управувач
    • Клуч со бисерно хромирани детали
    • Сјајни темни внатрешни лајсни во „Pearl“ темна боја со бисерно хромирани детали, достапни се и други декорации
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите

СПОРТ ЛИНИЈА. SPORT LINE

Како што е типично за сите Х модели, BMW X1 се одликува со една спортска фигура – но сепак, овој изглед може уште да се подобри: со Спортската линија, BMW X1 ви нуди карактеристични детали со висок сјај во црна боја, додатоци на бојата на каросеријата и определени карактеристики во опремата како што се контрастните црвени шевови во внатрешноста на возилото. Спортскиот изглед го нагласуваат и 18-инчните тркала од лесни легури со двојни краци од тип 568.

  • Надворешност
    • BMW маска со осум ексклузивно дизајнирани вертикални пречки во црна боја со висок сјај, рамка на маската хромирана со висок сјај
    • Преден браник со посебни детали во црна боја со висок сјај, штитник за картерот во боја на каросерија
    • 18-инчни тркала од лесни легури со двојни краци од тип 568, достапни и други тркала
    • Куќиштата на надворешните ретровизори во боја на каросеријата, алтернативно во црна боја со висок сјај
    • Прагови во боја на каросеријата
    • Штитник за картерот во црно сребрена боја и влошки во боја на каросеријата
    • Park Distance Control (PDC) Контрола на паркирањето од задниот дел
  • Внатрешност
    • Алуминиумски лајсни на предните прагови во боја на каросеријата со натпис „BMW“
    • Спортски седишта прекриени со антрацитна ткаенина „Race“ со сиви и црвени детали, алтернативни спортски седишта прекриени со перфорирана кожа „Dakota“ со црни и црвени детали, достапен и друг вид тапацир
    • Спортски кожен управувач
    • Клуч со бисерно хромирани детали
    • Внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со детали во коралноцрвена мат боја, алтернативно внатрешни лајсни во црна боја со висок сјај со акцент на бисерна хромирана боја, достапни и други декоративни лајсни
    • Портокалова или бела променлива амбиент светлина
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Автоматски клима уред со две зони
    • Регулатор на брзината со функција на сопирање

М СПОРТ ПАКЕТ.

Со М Спорт пакетот го ослободувате целиот спортски потенцијал на BMW X1. Ексклузивните 18 или 19 инчни М тркала од лесни легури во две бои му даваат на BMW X1 дури и помоќен став, како на патиштата дака и надвор од нив. Аеродинамичниот М пакет го оптимизира протокот на воздухот по каросеријата и уште повеќе го нагласува профилот на возилото. Надворешната опрема во темносива металик боја е дополнителен елемент кој го нагласува дизајнот. И во внатрешноста М Спорт пакетот го одржува своето ветување за максимална спортска нота. Спортските седишта во комбинација на платно и алкантара обезбедуваат странична стабилност за патниците додека возачот се подготвува да го помине следниот свијок со M спортскиот управувач.

  • Надворешност
    • Аеродинамичен М пакет со долниот дел на маската, праговите, рамката на калниците и обвивката во боја на каросеријата и долниот крај на задниот дел со темно сив металик дифузер
    • BMW маска со осум ексклузивно обликувани вертикални лајсни во црна боја со висок сјај
    • 18-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци во две бои од тип 570 М, алтернативно со 19-инчни М тркала од лесни легури со двојни краци во две бои од тип 572 М.
    • М спортско потпирање, спуштено, алтернативно со стандардно подвозје
    • Опрема BMW Individual Shadow Line со висок сјај
    • BMW индивидуални покривни шини Shadow Line со висок сјај
    • М лого од страните на возилото
    • Ексклузивна металик сина боја Estoril, достапни се и други бои на каросеријата
  • Внатрешност
    • М лајсни на праговите на вратите
    • Спортски седишта за возачот и за предното седиште во комбинација на ткаенина и алкантара „Micro Hexagon“ со ексклузивен М изглед, алтернативно се достапни седишта со перфорирана кожа „Dakota“ со црни и црвени детали, достапен и друг вид тапацир
    • М кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • Антрацитно црно покривно обложување BMW Individual
    • Алуминиумски внатрешни лајсни „Hexagon“ со сини детали, алтернативно црни лајсни со висок сјај со сини детали, достапни и други видови лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • М наслон за стапалото на возачот
    • Ексклузивни LED оптички влакна во лајсните на вратите
    • Клуч со ексклузивно М лого  

ПАКЕТИ.

BMW X1 Пакети

ПАКЕТИ.

Со BMW X1 нема или/или: пакетите со опрема за комфор и безбедност ви нудат избор на ителигентни комбинации од нашата широка палета на посебна опрема. На овој начин, тие обезбедуваат бројни можности за индивидуални опции – вашиот вкус е тој што одлучува.

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

Доколку вашите желби и потреби се променат, ние веруваме дека и вашето возило треба да се прилагоди на нив. Затоа оригиналните BMW додатоци ви нудат најдобри решенија за секоја ситуација. Тука можете да најдете избор на практични и функционални елементи како дополнителна опрема.

  • Транспорт

    Мултифункционалните покривни држачи за поставување без користење на алат одговараат на сите BMW носачи на покривите и на кутиите за багаж. Лесни и безбедни за монтирање, тие се усогласени со највисоките стандарди за квалитет и безбедност благодарение на својата цврста конструкција.
    Држачот за даски за сурфање може да се искористи за безбедно да превезувате даска за сурфање со јарбол на секој вид BMW покривен носач. Тој претствува еден иновативен систем за закачување со кој ракувањето е особено лесно.
    Компактниот заден носач за велосипеди што може да се преклопи е лесен но стабилен и може да носи до 60 кг. Тој може брзо и безбедно да се монтира на топката за влечење и може да носи два обични или електронски велосипеди. Кога ќе се преклопи, тој лесно може да се стави на долниот дел од багажникот, каде е заштитен од валкање и при судири.

  • Тркала од лесни легури

    Висококвалитетните 19-инчни тркала од лесни легури со V краци од тип 573 во црна боја се полирани до висок сјај и нивната ексклузивна естетика му дава на возиалото исклучителен спортски изглед. Во понуда димензии 8Ј х 19 без гума.
    Висококвалитетните 17-инчни тркала од лесни легури се црни и му даваат на возилото моќен индивидуален впечаток и ексклузивен изглед. Во понуда како зимски комплетни тркала со ран-флет гуми, големина на тркало 7.5Ј х 17, големина на гума 225/55 R17 97H RSC.

  • Внатрешност и надворешност

    Совршено изработени и отпорни, патосниците за сите временски услови со издигнати рабови и елегантен дизајн го заштитуваат задниот простор за нозете од влага и нечистотии и ги одржуваат суви нозете. Тие се со црн дизајн и имаат М лого.
    Иновативните прожектори автоматски се активираат со отворање на вратата.Тие прожектираат слика на земјата во близина на автомобилот од дијапозитиви кои може да се менуваат. Достапни се неколку илустрации од кои може да ја изберете онаа која ќе го осветлува влезниот простор во возилото според вашиот личен стил.
    Врвна рачна изработка од јаглеродни влакна: впечатливи куќишта на надворешните ретровизори го истакнуваат високото техничко педигре на возилото. Нивниот динамичен дизајн дава еден привлечен врвен изглед и додава еден индивидуален спортски детаљ.
    Направете впечаток кој трае: црната полукружна маска со висок сјај и дава на предницата на автомобилот дури и подинамичен и спортски изглед. Сјајната црна боја што ја опкружува прави отворите за воздух да се чинат уште повпечатливи и поголеми.
    Заедно со ISOFIX базата, BMW детско седиште група 1 во црно/сина боја е безбеден избор за деца на возраст од 12 месеци до 4 години (околу 9-18 кг). Тоа може да се монтира поставено нанапред или наназад и патентираните воздушни перничиња ја зголемуваат страничната заштита за главата.
    Водоотпорни и трајни патосници што не се лизгаат со издигнати рабови од сите страни и елегантниот дизајн го штити багажниот простор од нечистотии и влага. Со црн дизајн и црно X1 лого, тој совршено и одговара на внатрешноста на возилото.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО И CO2 ЕМИСИИ.

Потрошувачка на гориво и СО2 емисии за BMW X1 моделите со бензински и дизел мотори:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.6 до 3.9
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 152 до 104

Потрошувачка на гориво и СО2 емисии за BMW X1 xDrive25i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.6 до 6.4
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 152 до 149

Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични емисии на CO2 за новите патнички автомобили може да се најдат во „Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни во сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Германија.