Алатката за управување со твојата дозвола за користење на колачиња е привремено недостапна. Затоа, може да недостасуваат некои функционалности за кои се бара да добивање согласност за користење колачиња.
Секогаш пред другите: новиот BMW X1 е дојден да поставува стандарди. Неговата желба за акција е прикажана пред сѐ во атлетскиот дизајн. На прв поглед, тоа е X модел од почеток до крај: неговата надворешност Се одлукува со кратки сводови и долго меѓуосовинско растојание што е типично за SAV (возило за спортски активности). Тоа ги прави неговите амбиции јасни во комбинација со убедлива динамика и агилност. Благодарение на високиот степен на сестраност и флексибилност во комбинација со иновативните технологии, обезбедува максимална удобност на секој метар од возењето.
BMW xDrive20i:
Потрошувачка на гориво во l/100 km (комбинирана): 6.7–6.3
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 152–143
ПРИЧИНИ ЗА ЧУВСТВОТО НА СЛОБОДА.
Главни карактеристики на BMW X1.

СПОРТСКИ И МОЌЕН НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОСТРАНОСТ И РАЗНОВИДНОСТ

АМБИЦИОЗНА ДИНАМИКА.

НАДГРАДЕНИ ТЕХНОЛОГИИ.

СПОРТСКИ И МОЌЕН НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.
BMW X1 лесно се издвојува од толпата благодарејќи на атлетските пропорции и препознатливиот BMW X карактер.

ВИСОК СТЕПЕН НА ПРОСТРАНОСТ И РАЗНОВИДНОСТ
Големиот простор за главата и нозете во комбинација со флексибилно прилагодливите задни седишта осигуруваат посебно чувство на пространост.

АМБИЦИОЗНА ДИНАМИКА.
Моќните мотори, совршениот пренос на брзини и опционалната адаптивна суспензија како и BMW xDrive произведуваат маестрална агилност.

НАДГРАДЕНИ ТЕХНОЛОГИИ.
BMW X1 одушевува со техничките иновации за удобност и комуникации.
Новиот BMW X1 го има спортскиот дух и слободата за да го освои секој терен – и градот и во природа.
ПОДГОТВЕН ЗА СЀ.
Дизајнот на BMW X1.








ПРЕДИЗВИКУВА СЕНЗАЦИЈА.
Храбро дизајнираната, едноделна BMW бубрежна решетка и впечатливите браници на BMW X1.

НЕ ПРОПУШТА НИШТО.
Тесните адаптивни LED светла и LED светла за магла.


МОЌЕН ДУРИ И КОГА СТОИ ВО МЕСТО.
LED задните светла и импресивната завршна обработка на издувната цевка го нагласуваат авторитативниот заден дел.

СЛОБОДА ВО ОДЛИЧНА ФОРМА.
Панорамскиот стаклен покрив пропушта доволно дневна светлина во внатрешноста, и со тоа создава импресивно чувство на пространост.

ПОСТАВУВА ПРИМЕР СО СЕКОЈ ДЕТАЛ.
Благодарејќи на екранот со LED projection “X1”.

ЗАВЕДУВА НА АВАНТУРИ.
Внатрешноста импресионира со кокпитот ориентиран кон возачот што е вообичаен за BMW заедно со иновативни и висококвалитетни стилски елементи на изработка.

ОДИ ОНАМУ КАДЕ ШТО ПАТОТ НЕ МОЖЕ.
Повеќеаспектната динамика на BMW X1.
Исклучително за другите, но опфатено како стандард во BMW серија Х: супериорност на сите терени. Иновативните технологии како Steptronic менувачот или BMW xDrive погонот на сите тркала и спортските, а сепак ефикасни BMW TwinPower Turbo трицилиндрични и четирицилиндрични мотори го прават BMW X1 сигурен придружник на сите рути.
ОДИ ОНАМУ КАДЕ ШТО ПАТОТ НЕ МОЖЕ.
Повеќеаспектната динамика на BMW X1.
Исклучително за другите, но опфатено како стандард во BMW серија Х: супериорност на сите терени. Иновативните технологии како Steptronic менувачот или BMW xDrive погонот на сите тркала и спортските, а сепак ефикасни BMW TwinPower Turbo трицилиндрични и четирицилиндрични мотори го прават BMW X1 сигурен придружник на сите рути.
ГИ ОСТАВА СТАНДАРДИТЕ ЗАД СЕБЕ.
Иновативниот екран на BMW X1.
Искусете ја иднината во целата нејзина големина и во сите нејзини бои. Благодарејќи на контролниот екран од 10.25 инчи на допир, BMW Head-Up екран во боја и екранот на инструмент таблата во технологија Black Panel, никогаш нема да ја изгубите од вид својата цел во новиот BMW X1.

Контролен екран од 10.25 инча.
Со контролниот екран на допир од 10.25 инча со висока резолуција ќе ги имате сите информации поврзани со возењето на еден поглед. Интуитивното управување се прави преку повеќенаменскиот управувач, iDrive Controller на средишната конзола и преку функцијата на допир. Голем број навигациски функции и оние на мултимедијалниот систем можат да се избираат и со гласовна контрола.

BMW, Head-up екран
BMW Head-Up екранот во боја ги прикажува информациите релевантни за патувањето директно на вашето видно поле така што можете целосно да се фокусирате на возењето. Екранот опфаќа информации како моментална брзина, насока на возење, информации за ограничувања на брзината, вклучувајќи и показател дека не е дозволено претекнување, заедно со списоци на телефонски броеви и забава.

Инструмент кластер со Black Panel технологија.
Инструмент кластерот, дизајниран во Black-Panel технологија, има матирана црна површина со два тенки хромирани прстени и е интегриран во инструмент таблата на модерен и елегантен начин. Му покажува на возачот дополнителни, релевантни содржини на средишниот екран во боја од 5.7 инча.
КУПЧЕ ЕНЕРГИЈА.
Откријте го спортски ефикасниот BMW X1 xDrive25e*.
THE BMW X1 xDrive25e*.
- 162kW системски перформанс (220 PS) за чисто задоволство при возењето
- До 57km чист електричен домет*
- Потрошувачка на гориво во l/100km (комбинирана): од 2.0*
- Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): од 43*
Потрошувачка на гориво и емисии на CO2.
BMW X1 xDrive20i:
Потрошувачка на гориво во l/100km (комбинирана): 6.7–6.3
Емисија на CO2 во g/km (комбинирана): 152–143Вредностите на возилата означени со (2) се прелиминарни.
Податоците за потрошувачката на гориво, емисиите на CO2 и потрошувачката на енергија се одредени во согласност со пропишаната постапка на мерење VO (EU) 715/2007 во верзијата што се применува во моментот на одобрување на типот. Податоците се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија, а прикажаниот досег ја зема предвид опционалната опрема и различните големини на тркалата и гумите на избраниот модел.
Дополнителни податоци околу официјалната потрошувачка на гориво и официјалните конкретни емисии на CO2 за новите патнички автомобили можат да се најдат во „Водичот за економичноста на потрошувачката на гориво и емисии на CO2“ што е достапен бесплатно на сите продажни места и од DAT Deutsche Automobil Treuhand GmbH, Hellmuth-Hirth-Str. 1, 73760 Ostfildern, Germany и на https://www.dat.de/co2.
Вредностите веќе се темелат на новата WLTP регулатива и се преведени назад во NEDC-еквивалентни вредности за да се осигури споредба меѓу возилата. За даноците поврзани со возилото или други трошоци врз основа на (барем меѓу другото) емисиите на CO2, вредностите на CO2 можат да се разликуваат од вредностите наведени тука.