Удобност и функционалност на BMW X3

ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК.

Детали за удобноста и функционалноста

ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК.

Детали за удобноста и функционалноста

Без оглед на тоа што може да донесе секојдневниот живот, BMW X3 е подготвен да се соочи со секој предизвик. Со своите оригинални функции, секоја авантура ја претвора во детска игра. Пространата внатрешност и багажниот простор може да се адаптираат за да одговараат на сите потреби, и, истовремено гарантираат врвна удобност и функционалност. Откријте го Вашиот порив за истражување и искусете го целосно: во тоа ќе Ви помогне BMW X3.

ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК.Детали за удобноста и функционалноста

Без оглед на тоа што може да донесе секојдневниот живот, BMW X3 е подготвен да се соочи со секој предизвик. Со своите оригинални функции, секоја авантура ја претвора во детска игра. Пространата внатрешност и багажниот простор може да се адаптираат за да одговараат на сите потреби, и, истовремено гарантираат врвна удобност и функционалност. Откријте го Вашиот порив за истражување и искусете го целосно: во тоа ќе Ви помогне BMW X3.

Секој ден е различен

СЕКОЈ ДЕН Е РАЗЛИЧЕН.

Благодарение на бројните функции за зголемена удобност и раскошниот и флексибилен простор, BMW X3 овозможува најдобро доживување на разновидност.

КОНЦЕПТ НА СКЛАДИРАЊЕ.

Пакетот на просторот за складирање ја прави внатрешноста и просторот за багаж на возилото попрактична за секојдневна употреба со низа дополнителни решенија за складирање. Пакетот на просторот за складирање го опфаќа просторот за складирање на страната на возачот под прекинувачот за светла, мрежите на задниот дел од потпирачите за грб од предните седишта, долниот дел во просторот за нозе на страната на патникот на предното седиште и багажниот простор со подвижна подна плоча со гумено долно обложување. Во задната централна конзола и во просторот за багаж се лоцирани приклучоци од 12V. Мрежата за складирање на левата страна и двете куки на ѕидот во просторот за багаж, водилките за прицврстување на подот од багажникот, практичните куки за торби и точките за прицврстување, исто така, нудат цела палета опции за складирање и прицврстување предмети.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ.

BMW X3 нуди доволно простор за сè што ќе посакате и е совршен за сите предизвици што секојдневно ги носи животот. Без оглед на тоа дали се возите на работа, дали одите на долг пат или одите во театар, просторната внатрешност им нуди на патниците врвна удобност во секоја ситуација. Благодарение на бројните можности за складирање, простор има за сè, вклучувајќи ги држачите за чаши што се затвораат во централната конзола. Просторот за багаж од 550 литри може да се зголеми до 1.600 литри. Опциската задна клупа што може да се склопи 40:20:40, овозможува простор за складирање кој може да го приспособите на сите Ваши потреби. Поголема флексибилност нуди опцискиот пакет за складирање што вклучува дополнителна мрежи за багаж, плоча во багажникот која може да се употреби од двете страни и бројни места за прицврстување.

УДОБЕН ПРИСТАП.

Удобен пристап

УДОБЕН ПРИСТАП.

Иновативен и лесен за употреба, Системот за удобен (лесен) пристап овозможува да се отворат вратите од возилото и да се стартува моторот без да го употребите клучот. Клучот, кој може да биде во џебот од Вашите пантолони или во торба, автоматски се препознава при приоѓање на возилото. Кога вратата автоматски ќе се отклучи, возачот може да влезе и да го стартува моторот со притискање на копчето Start/Stop.
Системот за удобен (лесен) пристап, исто така, вклучува функција Smart Opener. Вградениот сензор го регистрира краткото, насочено движење на стапалото под задниот браник и вратата на багажникот се отвора и се затвора автоматски без да биде допрена.
Системот за удобен (лесен) пристап гарантира сигурност преку проверка на автентичноста на клучот.

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ.

Бесконтактно отворање на вратата од багажникот

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу кеси од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Во такви ситуации, иновативниот систем за удобен (лесен) пристап настапува за да Ве спаси и овозможува бесконтактно отворање на вратата од багажникот.
Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање. Сè што треба е да го носите клучот со себе. Вратата од багажникот тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат багажникот. Оваа иновативна карактеристика од BMW ConnectedDrive го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и полесно.

Кука за влечење приколка

КУКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ ПРИКОЛКА СО ЕЛЕКТРОНСКИ ПРИСПОСОБЛИВА ТОПКА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ.

Куката за влечење приколка со електронски приспособлива топка за влечење е лесна за склопување под задниот дел од возилото и воопшто не се гледа за време на возење без приколка. Исто така, се намалува опасноста од кражба. Куката ја вклучува и опцијата за одржување стабилност на приколката.
Доколку системот регистрира дека приколката опасно се ниша, таа селективно ја употребува Динамичната контролата за стабилност (DSC) за повторно да ја стабилизира. Максималното оптоварување на приколката е 2.400 килограми, во зависност од моторот од возилото.

Помошен грејач

ПОМОШЕН ГРЕЈАЧ.

Кога надворешните температури се ниски, возачот може да започне со возењето во удобно загреано возило затоа што температурата на внатрешноста може да се приспособи независно од работата на моторот, преку помошното загревање кое располага со функција на практичен тајмер. На тој начин се спречува и замаглувањето и заледувањето на прозорските стакла. Помошниот грејач се активира и со него се ракува преку посебен далечински управувач, со апликацијата My BMW Remote App и iDrive Controller.
Како извор на топлина се користи грејачот за вода, кој се снабдува со енергија од системот за гориво. Со уредот се предзагрева и моторот од возилото. На тој начин се намалува и потрошувачката на гориво за време на загревањето на моторот. Помошниот грејач може да се активира автоматски во претходно определено време кога надворешната температура е под 15oC или рачно да се вклучи на која било температура.