ПОДГОТВЕН ЗА СЀ.

Динамика на возење на BMW X3.

BMW X3 е вистинско отелотворување на SAV (спортско возило) и импресионира со максимална флексибилност. Основната шасија ја докажа својата агилност при градско возење и на остри свиоци, удобна и безбедна и на најтешките патни површини, а сепак стабилна и сигурна, дури и на големи брзини. BMW xDrive, интелигентниот погон на сите тркала обезбедува најдобро можно прилепување во сите временски услови. Со опциите како Динамичка контрола на амортизерите, дополнително можете да ја приспособите шасијата од своето BMW X3 на Вашите индивидуални барања.

Динамичка контрола на амортизерите

ДИНАМИЧКА КОНТРОЛА НА АМОРТИЗЕРИТЕ.

Динамичката контрола на амортизерите овозможува идеално приспособување на работните карактеристиките на амортизерите за да одговараат на која било ситуација на возење, со подобрување на удобноста и динамиката на возење. Покрај стандардната Comfort поставка, која ги минимизира тресењето и другите непријатните движења на возилото, достапни се уште два други режими: Sport и Sport+ режими на работа. Во овие режими, амортизерите автоматски стануваат потврди за да се овозможи поспортски начин на возење.

BMW xDrive

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини и во секое време обезбедува најдобро прилепување на гумите. xDrive и Dynamic Stability Control (DSC) овомзожуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Контролиран преку DSC сензорскиот систем, xDrive флексибилно и брзо ја дистрибуира погонската снага помеѓу оските за да се спречи нагло вртење или недоволно вртење во свиоци, и со тоа се обезбедува исклучително одржување на насоката. Уште повеќе, тој гарантира брзо и сигурно забрзување, дури и на лизгави или стрмни патишта. При критични услови на патот, DSC не мора многу да интервенира. Така, BMW xDrive ги поврзува сите предности на системот на погон на сите тркала – прилепување на гумите, стабилност при следење насока и безбедност при возење со класична BMW агилност.

  • xDrive статус

    Јасна порака и во најтешките ситуации: xDrive статусот ја прикажува целосната слика. При возење по нерамен терен, возачот има пристап до информациите релевантни за теренското возење и на инструмент таблата и на централниот Контролен дисплеј. Освен лесниот за читање компас (само со навигациски систем), прикажани се и информации за должинското и попречното накосување на возилото, како и моменталниот агол на управувачот, и тоа не само со вредности, туку и со приказ на графичкиот тридимензионален дисплеј на возилото.

Контрола на перформансите

КОНТРОЛА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ.

Системот за Контрола на перформансите ја дистрибуира моторната снага и контролата на сопирање до индивидуалните тркала при вртење. Бидејќи надворешните тркала треба да минат поголем пат од внатрешните при скршнување, BMW Контролата на перформансите делува врз нив преку испорачаната снага и контролата на тркалата: Надворешните тркала добиваат поголема снага, а внатрешните помалку, и на тој начин се максимизира влечењето на секое тркало. Тоа значи дека возилото самото се насочува и така се зголемува сигурноста и удобноста при возењето.

ВАРИЈАБИЛНО СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ.

Варијабилно спортско управување

ВАРИЈАБИЛНО СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ.

Системот на варијабилно спортско управување со Servotronic овозможува директен и агилен стил на возење со помал физички напор при управувањето. Системот реагира на аголот на управувачот, независно од моменталната брзина и различните соодноси на управувачот. Со ова се намалува потребата од движење на управувачот кога се скршнува под посебно големи агли. На овој начин, значително се зголемува агилноста и се олеснува возењето при остри кривини, по тесни патишта или при нагли скршнувања во особено спортски стил на возење. Исто така, се зголемува и удобноста при паркирање, вртење и маневрирање. При управување под мали агли, системот обезбедува одлична стабилност на одржување насока и многу висок степен на прецизност на управување.

УПРАВУВАЊЕ СО ДОЖИВУВАЊЕТО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Управување со доживувањето при возење

УПРАВУВАЊЕ СО ДОЖИВУВАЊЕТО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Режими на возење Comfort, ECO PRO и Sport.

Управувањето со доживувањето при возење му овозможува на возачот да избира помеѓу Comfort со стандардни поставки и пренос, режимот ECO PRO наменет за поголема ефикасност и режимот Sport кој овозможува најдинамично возење. Штедливиот ECO PRO режим интелигентно ги приспособува карактеристиките на педалот за гас и преносот, како и поставките на загревањето/климатизација.

Ефикасност со ECO PRO режимот.

ECO PRO режимот ја намалува потрошувачката на гориво до 20 проценти. Функцијата на ,,празен од“ (достапна само со Steptronic пренос), Системот за предвидување на рутата (Route-Ahead Assistant) и функцијата ECO PRO Route (достапни само со навигацискиот систем Professional) дополнително помагаат на заштеда на гориво. Системот за предвидување на рутата го користи навигацискиот систем за да ги процени условите на локалните патишта и однапред да даде совети. Доколку има промена на ограничувањето на брзината пред следниот свиок, системот ќе го советува возачот да забави пред истиот.

ECO PRO Route.

Функцијата ECO PRO Route, исто така, помага да се осигури ефикасна искористеност на горивото. Врз основа на обемот на сообраќај, индивидуалниот стил на возење и локалните услови, функцијата му ја советува на возачот најефикасната рута. ,,Празниот од” функцијата му овозможува на возилото да крстари до 160 км/час кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас без сопирање. Во Sport режимот на работа, возилото реагира подиректно и овозможува поспортски стил на возење.