Дизајнот на BMW X3

СЕСТРАНОСТ СО НОВО ЛИЦЕ.

Дизајнот на BMW X3.

СЕСТРАНОСТ СО НОВО ЛИЦЕ.

Дизајнот на BMW X3.

Најновата верзија на возилото кое некогаш ја втемелила класата на спортските активни возила во својот сегмент, го задржува препознатливиот шарм. Во исто време, BMW X3 изгледа поспортски од кога и да е – и, во внатрешноста, со висококвалитетните материјали, го истакнува својот исклучителен карактер.

СЕСТРАНОСТ СО НОВО ЛИЦЕ.Дизајнот на BMW X3.

Најновата верзија на возилото кое некогаш ја втемелила класата на спортските активни возила во својот сегмент, го задржува препознатливиот шарм. Во исто време, BMW X3 изгледа поспортски од кога и да е – и, во внатрешноста, со висококвалитетните материјали, го истакнува својот исклучителен карактер.

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Убедлив изглед: надворешноста на BMW X3 доаѓа со спортски дух како стандардна карактеристика. Благодарение на широкиот браник со моќните отвори за воздух, предниот дел покажува маркантно присуство. Големата полукружна двојна маска дава јасна порака со својата истакната централна положба и зрачи со самодоверба. Препознатливите продолжени предни светла што се протегаат од двете страни на маската создаваат еден елегантен завршен момент на предниот дел од возилото, а како опција може да се набават и во ксенон или LED технологија. Внатре во нив – како и во куќиштата на надворешните ретровизори - се интегрирани трепкачите. Стандардни светла за магла исто се опционално достапни со LED.
Од страната, силуетата на возилото веднаш открива еден препознатлив BMW X3 изглед. Карактерна линија која се протега до крајниот дел од возилото потсетува на клин, што уште повеќе придонесува за да се долови спортската динамика на возилото. Единствениот „Хофмајстер кинк“ свиениот дел непогрешливо го идентификува возилото како BMW X3. Со својот доминантен браник, задниот дел го заокружува целосниот изглед и го нагласува солидниот, цврст став. Друг впечатлив детаљ е заштита на подвозјето, што, поврзано со пакетот xLine, е изведена од алуминиум.

АДАПТИВНИ LED ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Адаптивните LED предни светла ги вклучуваат средните и долгите предни светла и трепкачите во целосна LED технологија. LED трепкачите се поставени јасно над карактеристичните LED светла за дневно возење кои создаваат светлина од тродимензионални светлински цевки кои се типични за BMW. Адаптивните LED предни светла исто така го претставуваат BMW системот против заслепување од другите возачи, LED светла за магла, аголни светла и адаптивни предни светла со променлив сноп на светлина за најдобро осветлување на патиштата и зголемена видливост ноќе – со што возењето станува еднакво пријатно како и дење.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Внатрешноста на BMW X3 претставува кобинација на висококвалитетна атмосфера со досетлива функционалност. Возбудливи линии ја делат инструмент таблата и внатрешноста на вратите. Заедно со вертикалниот лак во централната конзола, тие го нагласуваат модерниот изглед додека ја задржуваат карактеристичната ориентираност на BMW кон возачот. Благодарение на издигнатата положба на седење, сите патници уживаат во извонредната глетка. Покрај тоа, BMW X3 дава одличен впечаток со опциите за опрема со квалитет кој веднаш можете да го видите и почувствувате. Избраните материјали со детали како што се хромираните украси и истакнатите акценти ја нагласуваат модерноста и квалитетот на внатрешноста.

БОИ И МАТЕРИЈАЛИ.

Изборот на боите и материјалите за BMW X3 нуди палета на опции со висок квалитет. Спектарот на боите за каросеријата се движи од класичните варијации како што се минерално бела металик боја до изразени тонови како што е длабоко морско сина металик боја. Ова е совршен начин да се истакне самоуверениот, робустен изглед на BMW X3. Возилото импресионира и со првокласните материјали и дизајни во внатрешноста. Достапни се многу различни декорации за внатрешните површини – на пр. фин антрацит со бисерно сјајните хромирани детали за едно модерно опркужување. Или ексклузивните дизајни на дрво, како што е орев, кој и дава на внатрешноста една елегантна нота. Изборот на кожни седишта исто така може да се додаде на индивидуалните завршни детали во внатрешноста. Тие вклучуваат кафена Nevada кожа со контрастниот пораб во силно црвена боја.

АМБИЕНТ.

Штом ќе влезете во BMW X3, ќе бидете фасцинирани од атмосферата. Простор во изобилство и издигнатите седишта создаваат чувство на сигурност. Одличниот поглед на сите страни е подобрен со големиот опционален панорамски стаклен покрив, кој пропушта многу светлина во внатрешноста. Благодарение на одличната звучна изолација, гласната врева не ја вознемирува внатрешноста на возилото. Наместо тоа, можете да уживате во вашата омилена музика со опционалниот Harman Kardon surround sound систем. Висококвалитетните материјали, бројни можности за складирање и функциите на комфор го зголемуваат доброто чувство додека сте во BMW X3 – дури и најдолгите патувања се претвораат во удобно задоволство.

  • Пакет за осветлување

    Пакетот за осоветлување, делумно ги опфаќа заштедата на енергија и долготрајната LED технологија, што создава привлечна осветленост на внатрешноста и на надворешноста на возилото. Пакетот за осветлување вклучува разни дополнителни светла: предни и задни светла за читање, осветлени огледала за возачот и патникот на предното седиште, осветлување на делот за нозете во предниот дел, двобојни амбиент светла во предниот и задниот дел во обложените делови на вратите, преградите за складирање, централната конзола и други елементи, светла за излез и осветлување на околината во надворешните рачки на вратите. На овој начин, дури и во темница, загарантирана е оптимална ориентација околу возилото.

  • Harman Kardon Surround Sound систем

    Harman Kardon Surround Sound системот нуди музичко доживување кое може да се спореди со секоја концертна сала. Дигиталниот широкопојасен засилувач со 600 W излезна моќност и индивидуален избор на изедначување на звукот гарантира извонреден звук со висок квалитет.
    Вкупно 16 прецизно усогласени звучници – седум среднотонски, седум високотонски и два централни бас звучници – обезбедуваат врвно акустично доживување во внатрешноста на возилото, со алуминиумскиот натпис „Harman/kardon“ во панелите на предните врати кои даваат оптички украс кој го надополнува аудио квалитетот.