xLine и опрема за BMW X3

НЕОГРАНИЧЕНА РАЗНОВИДНОСТ.

xLine и опрема за BMW X3.

НЕОГРАНИЧЕНА РАЗНОВИДНОСТ.

xLine и опрема за BMW X3.

BMW X3 нуди сестрана практичност. Ова особено е вистина кога се зборува за изборот на опремата за вашето возило. Дали сакате уште повеќе да го истакнете SAV карактерот? Тогаш xLine е вашиот избор. Или можеби сакате вашиот BMW X3 да изгледа уште подинамичен? М спорт пакетот ги има вистинските компоненти. Дури и поголема флексибилност се добива со производите по мерка од оригиналните BMW додатоци.

НЕОГРАНИЧЕНА РАЗНОВИДНОСТ.xLine и опрема за BMW X3.

BMW X3 нуди сестрана практичност. Ова особено е вистина кога се зборува за изборот на опремата за вашето возило. Дали сакате уште повеќе да го истакнете SAV карактерот? Тогаш xLine е вашиот избор. Или можеби сакате вашиот BMW X3 да изгледа уште подинамичен? М спорт пакетот ги има вистинските компоненти. Дури и поголема флексибилност се добива со производите по мерка од оригиналните BMW додатоци.

xLINE.

xLine уште појасно го истакнува типичниот SAV карактер на вашиот BMW X3. Надворешните детали од алуминиум, двобојните тркала од лесни легури и екстравагантните завршни детали во внатрешната опрема го подобруваат целосниот впечаток на висок квалитет уште на прв поглед.

  • Надворешност
    • BMW полукружна маска со ексклузивно дизајнирани вертикални летвички во брусен алуминиум
    • Преден браник со специфични елементи на дизајн и елементите на штитникот за картерот исто така се направени од брусен алуминиум
    • 18-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 607 и алтернативно 19-инчни тркала од лесни легури со Y краци тип 608 со гуми во различни димензии, достапни се и други типови тркала
    • Рамките и вдлабнатините на страничните прозорци исто така се од брусен алуминиум, а Б столбот и Ц столбот се во црна боја
    • Заден штитник на подвозјето е од брусен алуминиум
    • Украсна лента од брусен алуминиум на издувната цевка
    • Прагови украсени со брусен алуминиум
  • Внатрешност
    • Алуминиумски прагови на вратите со натпис „BMW xLine“
    • Седишта во комбинација на платно и кожа „Carve“ во килибар/црна боја со контрастни силно црвени пораби, седишта во кожа „Nevada“ во бела, кафена или црна боја (секое од нив со апликација и отпечатоци на наслоните за глава) или кожа „Nevada“ во беж, темно кафена или светло сива боја
    • Спортски кожен управувач
    • Клуч со детали од брусен алуминиум
    • Внатрешни декорации и лајсни во темно бакарна боја со висок сјај, внатрешни декорации и лајсни од чисто дрво антрацит „Fineline“, светол или темен орев – секоја со бисерно хромирани детали или детали во брусен алуминиум со надолжно избрусени рабови
    • Газишта на праговите од нерѓосувачки челик

М СПОРТ ПАКЕТ.

Со надворешните компоненти на М Спорт пакетот, дополнително се истакнува агилниот карактер на возилото и му даваат впечатливо спортско обележје. Моќниот преден дел на возилото со големи, доминантни отвори за воздух, 20-инчните тркала од лесни легури во спортска верзија и други привлечни детали гарантираат силен впечаток кој возилото го остава на прв поглед.

  • Надворешност
    • М аеродинамичен пакет со преден браник, прагови, рамка на калникот и металик темно сив додаток на дифузорот на задниот браник
    • 18-инчни тркала од лесни легури со краци во облик на ѕвезда тип 368, како алтернатива 19-инчни тркала од лесни легури со двојни краци тип 622 со разни димензии на гуми или 20-инчни тркала од лесни легури со двојни краци стил 310 со разни димензии на гуми
    • Спортски поставено потпирање, како алтернатива стандардно потпирање или електрична контола на потпирањето
    • Детали изведени во BMW Individual Shadow Line или како алтернатива BMW Individual Exterior Line со брусен алуминиум
    • М лого од страните на возилото
    • Каросерија во ексклузивна металик „Carbon“ црна боја, достапни се и други бои на каросерија
    • Газишта на праговите во нерѓосувачки челик
    • Носачи на покривот во Shadow Line со висок сјај, алтернативни носачи на покривот со брусен алуминиум  
  • Внатрешност
    • М газиште на праговите, М потпирач за стапалата на возачот
    • Спортски седишта за возачот и патникот на предното седиште во комбинација на платно и кожа „Pearlpoint“ антрацит, достапни и друг вид тапацир
    • М кожен управувач со мултифункционални копчиња
    • BMW Individual антрацитно покривно обложување
    • Алуминиумски надолжно брусени декоративни лајсни во внатрешноста, достапни и други украсни лајсни
    • Пократка рачка на менувачот со лого М
    • Клуч со сини детали

ОРИГИНАЛНИ BMW ДОДАТОЦИ.

BMW X3 е совршено сестрано возило. Досетливите решенија од палетата на оригиналните BMW додатоци ви овозможуваат дополнително да ја зголемите сестраноста и флексибилноста – со опции за опрема кои се идеални за вашите потреби. Тука можете да најдете избор на практични производи со висок квалитет.

  • 20-инчни тркала од лесни легури со краци во облик на ѕвезда 311

    Димензиите на лиените тркала од лесни легури се 8.5 Ј х 20 напред и 9 ј х 20 назад. Едно тркало без гума.

  • BMW детско седиште 1

    Детско седиште Junior група 1 е идеално за деца на возраст од 10 месеци до 3.5 години (приближно 9 до 18 кг.). Тој се состои од школката на седиштето со сигурносен појас што се прицврстува на пет места и ISOFIX база, која исто така може да се користи зa бебешко седиште 0+ и за детско седиште 1. Школката на седиштето може да се прицврсти во возилото заедно со ISOFIX базата. Децата се најбезбедни кога седиштето е свртено наназад, иако е можно да се прицврстат и нанапред. Интегрираните воздушни перничиња нудат заштита на главата и се пријатно меки и удобни за секојдневна употреба. Комфорните сигурносни појаси со пет точки со магнетно закопчување го олеснува закопчувањето, а местењето на висината на седиштето со една рака го олеснува ракувањето. Достапно е во црно/антрацитна или црно/сина комбинација на бои.

  • Apple iPad систем за патување и комфор

    iPad (прва, втора, трета и четврта генерација) може лесно и брзо да се споји со базата на системот за патување и комфор со користење на држачот и повторно да се извади само со допирање на едно копче. Позициите кои се регулираат им овозможуваат на патниците на задните седишта, на пример, да читаат удобно, да се опуштат со видео забава или да комуницираат преку интернет (на пр. поврзани со BMW Car Hotspot).
    Благодарение на интегрираната потпора во задниот дел, држачот може лесно да се користи и надвор од возилото.

  • Snap-in адаптер за мобилни телефони

    Систем за приклучок на мобилните телефони од производители како што се Apple, Nokia, Samsung (прикажан) и Blackberry. Заедно со опремата за мобилните телефони со Bluetooth склопот, адаптерот исто така може да го полни телефонот. Оптимален прием на мрежа е обезбеден преку надворешната антена на возилото. Во зависност од опремата на возилото, од типот на телефон или адаптерот што се користи, можете да репродуцирате музички записи кои се сочувани на телефонот, да ја прикажете сликата од албумот од кој се репродуцира музиката и да ракувате со BMW апликациите. Најновите информации за Bluetooth компатибилноста на BMW X3 моделот може да се најдат на www.bmw.com/bluetooth.

  • BMW DVD систем за задниот дел од возилото

    Системот се состои од 7-инчен монитор во боја вграден во централната конзола и DVD погонот. DVD системот ги репродуцира ДВД видео и аудио записите со одличен квалитет. Тој исто така ви овозможува да гледате JPG слики, да слушате музички записи (исто во MP3 формат) и да гледате видео записи во стандардни формати што се наоѓаат на CD, USB уреди или на хард дискови со USB конекција. Кога не се користи мониторот, тој може да се ротира за 180° и да се преклопи во наслонот за рацете, со што се заштитува од оштетувања. Надворешни уреди, како конзоли за играње или видео камери може да се поврзат преку дополнителниот AV приклучок.
    Инфрацрвените стерео слушалки се специјално дизајнирани за користење со BMW DVD системот и се многу пријатни за носење и имаат копче за индивидуална контрола на јачината на звукот како и исклучителен квалитет на звукот.

  • Патосници за сите годишни времиња

    Патосниците за сите годишни времиња на BMW се отпорни на нечистотии, водоотпорни и може целосно да се рециклираат по употреба. Тие се достапни во антрацит црна боја и се испорачуваат во комплет за предниот и задниот дел од кабината.