Комбинирана потрошувачка во л/100км (18d)

5.1–4.7 [5.1–4.7]

Комбинира CO2 емисија во г/км (18d)

134–124 [136–126]

Капацитет на багажен простор во Л

550-1,600

40/20/40 наслон на задни седишта

Стандарден

Како првo спортско активно возило (SAV), BMW X3 бил основач на својата класа на возила. Сегашната генерација на овој сестран автомобил останува верна на традицијата: особено удобен и исклучително флексибилен, BMW X3 е идеален за секојдневните предизвици како и за подолгите патувања. Додека надворешноста се карактеризира со типичен BMW X карактер, внатрешноста инспирира благодарение на избраните материјали кои доловуваат впечаток на исклучително висок квалитет. BMW X3 исто така импресионира со своите економични BMW TwinPower турбо дизел и бензински мотори.

ОТКРИЈТЕ ГО BMW X3.

BMW X3 Дизајн

Дизајн.

Најновата верзија на возилото кое некогаш ја втемелила класата на спортските активни возила во својот сегмент, го задржува препознатливиот шарм. Во исто време, BMW X3 изгледа поспортски од кога и да е – и, во внатрешноста, со висококвалитетните материјали, го истакнува својот исклучителен карактер.
BMW X3 Ефикасност

Ефикасност.

BMW X3 е подготвен за секаков предизвик. Ова особено се однесува на неговиот погонски систем. Со интелигентните технологии на EfficientDynamics, како и со напредното управување со енергијата, овозможува исклучително задоволство при возење и агилност – а во исто време ја намалува потрошувачката на горивото и емисијата на штетните гасови.
BMW X3 Комфор и функционалност

Комфор и функционалност.

Без оглед на тоа што носи секојдневниот живот, BMW X3 се соочува со секој предизвик. Со своите генијални функции, тој ја претвора секоја авантура во детска игра. Богатата внатрешност и багажниот простор може да се адаптираат за сите потреби, обезбедувајќи комфор и функционалност со висок квалитет. Откријте ја својата потреба за истражување – и искусете ја во целост: со BMW X3.

ОД 4.7 Л

Иновативната BMW TwinPower турбо технологија, директно инјектирање со заеднички вод и лесната алуминиумска конструкција го овозможуваат тоа: обновениот 4-цилиндричен дизел мотор во BMW X3 ги комбинира впечатливите перформанси со уште поголемо подобрување на потрошувачката на горивото и емисиите на штетните гасови. Особено економични вредности доаѓаат од основниот модел со дизел мотор, BMW X3 sDrive 18d, со потрошувачка на гориво од 5.1 до 4.7* л/100 км (со 8-степениот Steptronic пренос 5.1 до 4.7* л/100 км) и СО2 емисии од 133 до 123* г/км (со 8-степениот Steptronic пренос 132 до 125* г/км). Возилото докажува дека може да има многу подобри перформанси – тоа може да забрза од 0 до 100 км/час за 9.5 сек. (со 8-степениот Steptronic пренос 9.8 сек.) и има максимална брзина од 195 км/час. За разлика од тој мотор, нешто поголемиот мотор на BMW X3 sDrive 20d достигнува максимална брзина од 210 км/час и постигнува забрзување од 0 до 100 км/час за 8.1 сек. Повторно, потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови се умерени: вредностите од 5.5 до 5.1* л/100км (со 8-степениот Steptronic пренос 5.3 до 4.9* л/100км) и 145 до 135* г/км (со 8-степениот Steptronic пренос 139 до 129* г/км) зборуваат сами за себе. Благодарение на BMW BluePerformance, 4-цилиндричниот дизел мотор исто така е усогласен со стандардите за емисии на ЕУ6. Сите вредности се утврдени во согласност со ЕУ цисклусот за тестирање и зависат од избраната димензија на гуми.
*Најниската вредност била постигната со специјалната опрема SA 2AM со 17-инчни тркала од лесни легури Steramline 306, за кои се плаќа дополнително.