СОПАТНИК НА СЕКОЈА МИСИЈА: МОЌНА ЕСТЕТИКА.

Дизајн на BMW X3.

СОПАТНИК НА СЕКОЈА МИСИЈА: МОЌНА ЕСТЕТИКА.

Дизајн на BMW X3.

СОПАТНИК НА СЕКОЈА МИСИЈА: МОЌНА ЕСТЕТИКА.Дизајн на BMW X3.

Еден поглед ја буди желбата за предизвици. Впечатливиот дизајнерски јазик на BMW X3 повторно ги претставува авторитетот и независноста. Хармонични пропорции, моќни контури и екстремен акцент на предниот и задниот поглед се соединуваат за да создадат едно трајно искуство – искуство кое исто така продолжува во редизајнираната, ексклузивна внатрешност. Накусо: со своите разнообразни линии опрема, BMW X3 нуди присуство кое ќе ги задоволи сите стремежи.

BMW X3 М40i:
Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.4–8.2
СО2 емисии во г/км (комбинирана): 193–188

Read more

СОВРШЕН ПРЕГЛЕД НА СИТЕ МАРШРУТИ. ДУРИ И НА ТИЕ ШТО НЕ ПОСТОЈАТ.

Адаптивните LED предни светла ги вклучуваат средните и долгите предни светла и трепкачите во целосна LED технологија. Опремата исто така содржи и BMW селективен зрак, аголни светла, светла за дневно возење и адаптивни предни светла со променлив сноп на светлина за најдобро осветлување на патиштата и зголемена видливост ноќе. Поставени на задниот дел од возилото се скулптурните, тродимензионални задни светла со целосна LED технологија во карактеристична и типична BMW L-форма. Тие му даваат на возилото дури и подинамичен изглед и создаваат еден волшебен впечаток и дење и ноќе.

ОСТАНУВА СМИРЕН. ДУРИ И ВО БУРА.

Модерен акустичен дизајн.

ОСТАНУВА СМИРЕН. ДУРИ И ВО БУРА.

Модерен акустичен дизајн.

Релаксирана, луксузна атмосфера: значително подобрената акустика ја претвора внатрешноста на BMW X3 во ексклузивна тивка зона, дури и при големи брзини. Акустичниот слој со висок квалитет значително го намалува звукот на ветерот и на другите звуци од надвор.

Read more

„Совршено врамени во елегантни површини, интелигентните решенија за детали создаваат изобилство од простор за еден активен животен стил.“
ОЛИВЕР ХАЈЛМЕР, ДИРЕКТОР НА ВНАТРЕШНИОТ ДИЗАЈН НА BMW AUTOMOBILE.

ПОДГОТВЕН ЗА НОВИ АВАНТУРИ: СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЗА BMW Е-ВЕЛОСИПЕД.

Во потрага по предизвици, BMW X3 сега пронајде истомисленик: СПЕЦИЈАЛИЗИРАН за BMW е- велосипед. Врвен спортски е-планински велосипед на кој моторот и акумулаторот се целосно интегрирани во рамката. Опремен е со три различни режими на возење за да се задоволат дури и екстремните услови на возење по нагорнини и надолнини и да се опфати поголема вкупна разлика во висина. А, со специјално развиената апликација SPECIALIZED Mission Control, секогаш може да ги планирате своите рути за да може акумулаторот да трае во текот на целото патување. Попатно, може да го наполните едноставно со специјализираниот кабел за полнење во BMW X3. За забава при возење на нависоко ниво – на секој терен.

Достапен кај вашиот BMW и СПЕЦИЈАЛИЗИРАН продавач    

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА СЕКОЈА ЗАДАЧА.

Фасцинантната сестраност е, исто така, обележје на дополнителната опрема за BMW X3. Без разлика дали сакате да го нагласите спортскиот карактер,ако ви треба поголем простор за сместување или ако сакате да уживате во практичните функции со оригиналната BMW дополнителна опрема , таа совршено ќе се приспособи на вашиот животен стил. Висококвалитетниот избор се движи од пространа покривна кутија преку изразени тркала и подни покривки до современ носач за велосипед.

ДИНАМИКА И ЕФИКАСНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Потрошувачка на гориво и CO2 емисии.

  • BMW X3 xDrive20d:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 5.4–5.0
    CO2 емисии во г/км (комбинирана): 142–132

    BMW X3 xDrive30d:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 6.0–5.7
    CO2 емисии во г/км (комбинирана): 158–149

    BMW X3 M40i:
    Потрошувачка на гориво во л/100 км (комбинирана): 8.4–8.2
    CO2 емисии во г/км (комбинирана): 193–188

    Вредностите за потрошувачката на гориво и за CO2 емисиите прикажани овде се определени во согласност со Европската регулатива (EC) 715/2007 во верзијата применлива во моментот на одобрување на типот. Вредностите се однесуваат на возило со основна конфигурација во Германија и прикажаниот опсег зема предвид различни димензии на избрани тркала и гуми.

    Спецификациите за CO2 ефикасноста се определуваат според Директивата 1999/94/EC и Pkw-EnVKV и се базирани врз потрошувачката на гориво и CO2 вредностите според NEDC циклусот за класификација.

    Понатамошни информации за официјалната потрошувачка на гориво и официјалните специфични CO2 емисии за новите патнички автомобили може да се најдат во ,,Упатства за потрошувачка на гориво и CO2 емисии кај нови патнички возила” што бесплатно се достапни на сите продажни места и на https://www.dat.de/angebote/verlagsprodukte/leitfaden-kraftstoffverbrauch.html.