Максимална излезна снага во KW (hp) при 1/мин (35i)

225 (306)/5,800–6,400

Забрзување од 0-100 км/час во сек. (35i)

5.5

Максимална брзина во км/час (35i)

247

Комбинирано во л/100 км (35i)

8.3

BMW X4 претставува фантастична слика, каде било и кога било. Со својот екстровертен дизајн, тој ги комбинира животниот стил и перформансите и спојува две работи кои никогаш претходно не биле споени во овој сегмент: снагата типична за моделите Х и естетиката на класичното купе возило. Со BMW TwinPower турбо мотори со високи перформанси и стандардна опрема како што се варијабилното спортско управување и контролата на перформансите, BMW X4 го покажува својот импулсивен карактер во целост.  

ОТКРИЈТЕ ГО BMW X4.

BMW X4 Дизајн

Дизајн.

Едно возило, една изјава. Јасна и определена. Динамичните линии на BMW X4 ги комбинираат силуетата на едно купе – и, во исто време, ги нагласуваат широките раменици и цврстиот став на еден Х модел. Дводелната линија на наборот го прави овој спортски купе непогрешливо препознатлив. Како дел од опционалниот М спорт пакет, моќните отвори за воздух и 20-инчните тркала од лесни легури му дозволуваат на возилото да си ги покаже своите мускули. И во внатрешноста исто така, BMW оддава една чиста самодоверба.
BMW X4 Динамика на возење

Динамика на возење.

Со едно притискање на педалот за гас BMW X4 влегува во еден сопствен свет. 8-степениот Steptronic спортски пренос максимално го искористува потенцијалот на моторот, така што BMW X4 xDrive35d постигнува забрзување од 0-100 км/час за само 5.2 секунди. Интелигентниот погон на четири тркала BMW xDrive ја пренесува снагата на патот со врвна влеча. Други стандардни карактеристики ги вклучуваат прилагодливото спортско управување и контролата на перформансите.
BMW X4 Линии и опрема

Линии и опрема.

Штом ќе се појави BMW X4, патот се претвора во негова сцена. И неговите перформанси стануваат ваша претстава. Адаптирајте ја личноста на вашиот автомобил за да одговара на вашите потреби и желби. Сакате повеќе да ги нагласите Х гените? Или да го истакнете динамичниот аспект на BMW X4? Со xLine, М спорт пакетот и оригиналните BMW додатоци, режисерската столица е ваша.

225 KW.

Пакетот на интелигентни иновации што се состои од TwinScroll турбо полнач со Valvetronic, двојни VANOS и високо-прецизно вбризгување не само што му овозможува на BMW X4 xDrive35d да ја ослободи својата впечатлива моќ, туку е исто така одговорен за исклучителна ефикасност. 3-литарскиот BMW TwinPower турбо 6-цилиндричниот линиски бензински мотор со 225 kW (306 hp) создава максимален број вртежи од 400 Nm, овозможува забрзување од 0 до 100 км/час за само 5.5 секунди и користи само 8,3 литри гориво на 100 км. СО2 емисиите се 193 г/км.
Сите вредности се утврдени во согласност со ЕУ цисклусите на тестирање и зависат од избраните димензии на гумите.