ПРЕКРАСНА ФИГУРА – ОДНАТРЕ И ОДНАДВОР.

Удобност и функционалност на BMW X4.

Исклучително раскошна внатрешност: Надворешноста на BMW X4 импресионира со елегантна линија на покривот како кај купе. Во внатрешноста се нудат ненадмината функционалност и удобност. Стандардната задна клупа што се дели во размер 40:20:40 овозможува уште поголем простор за да ги исполни сите Ваши потреби за транспорт.

УДОБЕН ПРИСТАП.

Удобен пристап

УДОБЕН ПРИСТАП.

Иновативен и лесен за употреба, Системот за удобен (лесен) пристап овозможува да се отворат вратите од возилото и да се стартува моторот без да го употребите клучот. Клучот, кој може да биде во џебот од Вашите пантолони или во торба, автоматски се препознава при приоѓање на возилото. Кога вратата автоматски ќе се отклучи, возачот може да влезе и да го стартува моторот со притискање на копчето Start/Stop.
Системот за удобен (лесен) пристап, исто така, вклучува функција Smart Opener. Вградениот сензор го регистрира краткото, насочено движење на стапалото под задниот браник и вратата на багажникот се отвора и се затвора автоматски без да биде допрена.
Системот за удобен (лесен) пристап гарантира сигурност преку проверка на автентичноста на клучот.

ПРОСТОРНОСТ.

И покрај линијата на купе, внатрешноста на BMW X4 е исклучително просторна и функционална. Не само што содржи висококвалитетни материјали, туку, исто така, и практични можности за складирање и голем простор за патниците кои ќе се чувствуваат удобно. Функционалноста се рефлектира во вредностите: пет седишта, задна клупа која се преклопува во однос 40:20:40 и багажник што може да се зголеми од 500 литри на максимум 1,400 литри. Прекривката во просторот за багаж како и опцискиот пакет за складирање со мрежа, водилки и подвижната подна плоча во багажниот простор дополнително ја зголемуваат удобноста и секојдневната практичност на возило кое е сè, само не секојдневно.

ПОМОШЕН ГРЕЈАЧ.

Кога надворешните температури се ниски, возачот може да започне со возењето во удобно загреано возило затоа што температурата на внатрешноста може да се приспособи независно од работата на моторот, преку помошното загревање кое располага со функција на практичен тајмер. На тој начин се спречува и замаглувањето и заледувањето на прозорските стакла. Помошниот грејач се активира и со него се ракува преку посебен далечински управувач, со апликацијата My BMW Remote App и iDrive Controller.
Како извор на топлина се користи грејачот за вода, кој се снабдува со енергија од системот за гориво. Со уредот се предзагрева и моторот од возилото. На тој начин уште повеќе се намалува и потрошувачката на гориво за време на загревањето на моторот. Помошниот грејач може да се активира автоматски во претходно определено време кога надворешната температура е под 15° C или рачно да се вклучи на која било температура.

Бесконтактно отворање на вратата од багажникот

БЕСКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ.

Кога некој сака да го отвори багажникот и е товарен со многу кеси од пазарување, вообичаено е да го бара клучот од багажникот додека стои крај возилото со полни раце. Во такви ситуации, иновативниот систем за удобен (лесен) пристап настапува за да Ве спаси и овозможува бесконтактно отворање на вратата од багажникот.
Брзо, прецизно движење на стапалото под задниот браник предизвикува сензорот да го започне процесот на отворање. Сè што треба е да го носите клучот со себе. Вратата од багажникот тогаш се отклучува и самата се отвора. Сензорите вградени на различни висини во задниот браник го регистрираат движењето на стапалото и го отвораат багажникот. Оваа иновативна карактеристика од BMW ConnectedDrive го прави отворањето и товарањето во багажникот поедноставно и полесно.