Дизајнот на BMW X4

ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ – КАКО И СЕКОГАШ.

Дизајнот на BMW X4.

ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ – КАКО И СЕКОГАШ.

Дизајнот на BMW X4.

Едно возило, една изјава. Јасна и определена. Динамичните линии на BMW X4 ги комбинираат силуетата на едно купе – и, во исто време, ги нагласуваат широките раменици и цврстиот став на еден Х модел. Дводелната линија на наборот го прави овој спортски купе непогрешливо препознатлив. Како дел од опционалниот М спорт пакет, моќните отвори за воздух и 20-инчните тркала од лесни легури му дозволуваат на возилото да си ги покаже своите мускули. И во внатрешноста исто така, BMW оддава една чиста самодоверба.  

ЦЕНТАР НА ВНИМАНИЕ – КАКО И СЕКОГАШ.Дизајнот на BMW X4.

Едно возило, една изјава. Јасна и определена. Динамичните линии на BMW X4 ги комбинираат силуетата на едно купе – и, во исто време, ги нагласуваат широките раменици и цврстиот став на еден Х модел. Дводелната линија на наборот го прави овој спортски купе непогрешливо препознатлив. Како дел од опционалниот М спорт пакет, моќните отвори за воздух и 20-инчните тркала од лесни легури му дозволуваат на возилото да си ги покаже своите мускули. И во внатрешноста исто така, BMW оддава една чиста самодоверба.  

Единствен во својата класа

ДИЗАЈН.

Единствен во својата класа: BMW X4 ја комбинира естетиката на едно купе со моќната динамика на BMW X4 моделите.

ДИЗАЈН.

Единствен во својата класа: BMW X4 ја комбинира естетиката на едно купе со моќната динамика на BMW X4 моделите.

АДАПТИВНИ LED ПРЕДНИ СВЕТЛА.

Адаптивните LED предни светла ги вклучуваат средните и долгите предни светла и трепкачите во целосна LED технологија. LED трепкачите се поставени јасно над карактеристичните LED светла за дневно возење кои создаваат светлина од тродимензионални светлински цевки кои се типични за BMW. Адаптивните LED предни светла исто така го претставуваат BMW системот против заслепување од другите возачи, LED светла за магла, аголни светла и адаптивни предни светла со променлив сноп на светлина за најдобро осветлување на патиштата и зголемена видливост ноќе – со што возењето станува еднакво пријатно како и дење.

0
0

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН.

Независниот изглед на BMW X4 е очигледен штом ќе го забележите. Впечатливиот преден дел се карактеризира со цврст став, моќна полукружна маска и големи отвори за воздух. Интегрираните двојни предни светла се достапни со целосна LED технологија како опција. Спортските браници, исклучително мускулести лакови на тркалата и широките раменици дополнително ги нагласуваат Х гените на ова спортско купе. Кога се гледа од страна, динамичните контури на купе покривната линија и карактеристичната дводелна линија на наборот стануваат веднаш препознатливи. На задниот дел, моќно обликуваните браници и LED светлата ги заокружуваат пропорциите на возилото.

БОИ И МАТЕРИЈАЛИ.

Широкиот спектар на бои на каросеријата за BMW X4 се совршен пропратен елемент на неговиот екстровертен изглед. Бои како што се морско сина металик боја или Melbourne црвена металик боја особено се впечатливи. Внатре во BMW X4, висококвалитетните материјали се комбинирани со изразените бои. Една од одликите на спортската варијанта е кожата Nevada боја слонова коска со контрастни пораби во впечатливо црвена боја и внатрешни декоративни лајсни од фино брусен алуминиум. Луксузната комбинација, на пример, има Nevada кожа во Savana беж боја или кафена боја со контрастен пораб во светло кафена боја, која совршено се надополнува со лајсни од чисто дрво од Burled орев. Оние кои сакаат ултра модерен изглед, може да изберат Nevada кожа во Oyster или Mocca изведба, со антрацитни лајсни Fineline.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН.

Издигнатата положба на седиштата во BMW X4 нуди извонредна глетка на ексклузивната, јасно дизајнирана внатрешност. Спортскиот кожен управувач, кој е дел од стандардната опрема и спортскиот менувач на брзини даваат моментален впечаток на динамика. Јасната форма на инструмент таблата и големиот контролен дисплеј обезбедуваат возачот секогаш да биде во центарот на акцијата. Главно, внатрешноста на BMW X4 има просторна и едноставна нота. Иако клупата на задните седишта дава впечаток дека е двосед – со што се задржува карактерот на купе – всушност, има простор за тројца патници, со доста простор за сите.

Harman Kardon Surround Sound систем

HARMAN KARDON SURROUND SOUND СИСТЕМ.

Harman Kardon Surround Sound системот нуди музичко доживување кое може да се спореди со секоја концертна сала. Дигиталниот широкопојасен засилувач со 600 W излезна моќност и индивидуален избор на изедначување на звукот гарантира извонреден звук со висок квалитет.
Вкупно 16 прецизно усогласени звучници – седум среднотонски, седум високотонски и два централни бас звучници – обезбедуваат врвно акустично доживување во внатрешноста на возилото, со алуминиумскиот натпис „Harman/kardon“ во панелите на предните врати кои даваат оптички украс кој го надополнува аудио квалитетот.

АМБИЕНТ.

Ексклузивна внатрешност, уникатен surround system и неверојатно чувство на просторност – амбиентот на BMW X4 ги задоволува дури и најголемите барања. Во зависност од вашиот личен вкус, можете да додадете дополнителни детали со декоративни лајсни со врвен квалитет или со впечатлив металик изглед. Предниот дел од контролата на опционалниот двозонски клима уред и делот над него имаат Black Panel изведба. Палета на кожни навлаки со впечатливо контрастно порабување ја заокружуваат индивидуалната атмосфера. Амбиенталното светло во две бои, кое ви овозможува да ја прилагодите светлината во внатрешноста според вашето расположение, е дел од опционалниот пакет за осветлување, кој исто така содржи светла за читање за предниот и задниот дел, осветлени огледала за возачот и патникот на предното седиште и делот за нозете на патниците од предните и задните седишта. Пакетот исто така вклучува и светла за излез и осветлување на околината во надворешните рачки на вратите.