ПРЕПУШТЕТЕ СЕ НА СИГУРНИТЕ ПОМОШНИЦИ.

BMW ConnectedDrive Driver системи за помош кај BMW X4.

Самодовербата може дополнително да се засили кога знаете дека може да се потпрете врз својот партнер. И дефинитивно може да се потпрете на системите за Помош при возење во BMWE X4 кои гарантираат врвна сигурност и удобност. Најдобриот пример е Head-Up дисплејот на BMW во боја кој ги проектира сите важни податоци директно во видното поле на возачот и му овозможува на возачот да се сконцентрира на она што е навистина важно – безгрижно задоволство при возење.

BMW HEAD-UP DISPLAY.

BMW Head-Up Display

BMW HEAD-UP DISPLAY.

BMW Head-Up дисплејот во боја ги проектира сите информации што се важни за патувањето директно во видното поле на возачот и на тој начин му овозможува целосно да се посвети на возењето. Податоците како што е брзината, во зависност од опремата, се прикажуваат заедно со навигациските совети, информациите за ограничувањето на брзината, вклучувајќи предупредување за забрана за претекнување, телефонски именик и листи со забава, информации и предупредувања за различни системи за помош. Иконите проектирани на ветробранското стакло се прикажуваат со голема резолуција и во боја. Проекцијата на сликата се прикажува како да се наоѓа 2.3 метри пред возилото. Така, во комбинација со најдоброто позиционирање, се овозможува информациите брзо да се прочитаат со минимално одвлекување на вниманието. Осветлувањето на проекцијата автоматски се приспособува за да одговара на надворешните услови на осветлување, со различен дневен и ноќен дисплеј, и воедно висината на дисплејот може да се приспособи. Возачот може да избере која информација да се прикаже заедно со тековната брзина и предупредувањата од системите за помош при возењето.

  

ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Пакетот помош при возење го комбинира системот за напуштање лента и системот за контрола на приближување и предупредување за лица кои работат со камера и функција на помошно градско сопирање.
Предупредувањето за напуштање лента на брзина над 70 км/час, ги детектира ознаките на лентата и го предупредува возачот за ненамерна промена на лента со вибрации на управувачот. Предупредувањето не се активира, доколку промената на лента е намерна, односно кога трепкачот за скршнување ќе се активира.
Додека предупредувањето на Контролата за приближување со помошна функција за градско сопирање детектира возила, предупредувањето за лица со функција на помошно градско сопирање реагира на пешаци. Кога постои ризик од судир, контролата за приближување се активира во две фази, на инструмент таблата се осветлува симбол, проследено со акустичен аларм. Предупредувањето за лица функционира на брзини помеѓу 10 и 60 км/час и емитува предупредување во случај на непосредна опасност. Доколку системот предупредува за потенцијален судир, сопирачката истовремено е подготвена за побрза реакција. Во случај на потреба, системот ја активира сопирачката: оваа функција може да биде ограничена поради темнина и магла.

  • Помош при возење Plus

    Функцијата на помош при возење плус (достапна само со Steptronic пренос) опфаќа не само Предупредување за контрола на приближување и Предупредување за напуштање лента, туку, исто така, и Активен темпомат со функција Stop&Go. Сите тие помагаат при возење по автопати во критични и во вообичаени сообраќајни ситуации. Опцијата е достапна само со навигацискиот систем Business и Professional.
    Предупредувањето за приближување реагира во фази. Во зависност од тоа дали ќе се регистрира возило пред Вашето кое ненадејно сопира или има неподвижен објект, реакцијата опфаќа визуелен сигнал до активно сопирање и дури и целосно запирање. Доколку возилото почне ненамерно да менува лента, Предупредувањето за напуштање лента брзо предупредува преку вибрации на управувачот
    Активниот темпомат постојано одржува избрана брзина помеѓу 30 км/час и 210 км/час или автоматски се приспособува на возилата што возат пред Вашето. Функцијата Stop&Go дури и ја надгледува брзината до целосно запирање, и повторно лесно забрзува кога педалот за гас ќе се притисне, на пример во густ сообраќај.

НАВИГАЦИСКИ СИСТЕМ PROFESSIONAL СО iDRIVE TOUCH CONTROLLER.

Навигацискиот систем Professional се карактеризира со елегантен дизајн и супериорна палета услуги. Системот е едноставен и со него лесно се ракува, добро е интегриран во возилото, а опфаќа iDrive работен концепт и iDrive Touch Controller.
Системот опфаќа уред за телефонирање без раце (hands-free) со USB интерфејс и гласовна контрола, радио BMW Professional со DVD погон како и 20 GB меморија за аудио датотеки. Исто така, овозможува употреба на сообраќајни информации во реално време (RTTI). Вграден е LCD екран во боја од 8.8 инчи со функција на поделен екран (главен и помошен екран) и тој е дизајниран за оптимална видливост и читливост.

Навигациски систем Professional.

  • iDrive Touch Controller

    iDrive Touch Controller со копчиња за директен пристап до менито, осум функционални обележувачи и гласовна контрола ја олеснуваат работата со тоа што Ви овозможуваат да внесете адреси за Вашата дестинација и тоа рачно на површината чувствителна на допир. Благодарение на прикажувањето на тридимензионалната мапа со употреба на сателитски слики како позадина на мапата, со фотографски реални прикажувања на избраните објекти, навигацијата се претвора во возбудливо визуелно доживување. Мапите може да се ажурираат три години без дополнителен надомест во салоните на BMW. Во рамките на BMW ConnectedDrive, во некои европски земји, системот автоматски ги ажурира мапите во текот на три години, до четирипати годишно.

ИНТЕЛИГЕНТНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ ГОВОР.

Интелигентното препознавање говор со обработка на говор на далечина нуди гласовна поддршка на највисоко можно ниво. Системот го разбира природниот говор, наместо да препознае ограничени изговорени наредби.
Препознавањето говор не вклучува само широк спектар на поединечни и ситуациски варијации, туку разбира и лингвистички разноликости, дијалекти и жаргон. Со ова се овозможува значително поголем опсег на можности при диктирање текстуални пораки или електронска пошта. Овој значително проширен опсег на функции е можен благодарение на препознавањето говор на серверите на Connected-Drive, што претставува основа за Интелигентното препознавање говор. Функцијата на компјутерски облак (cloud) овозможува неспецифичните пребарувања да се спроведат брзо и едноставно на интернет, со употреба на секојдневен јазик што му помага на навигацискиот систем. Може, на пример да се пребаруваат ресторани во областа со употреба на природен говор. Притоа, преминот на облак овозможува почести циклусни ажурирања што гарантира дека сите идни иновации се достапни во најкраток можен рок, без разлика дали се работи за нов софтвер или подобрување на компјутерската лингвистика.

BMW СИСТЕМ ПРОТИВ ЗАСЛЕПУВАЊЕ.

Со системот за спречување заслепување (BMW Selective Beam), ноќното возење е побезбедно и поудобно.
Тој обезбедува одлична видливост без заслепување на останатите возачи. Системот за спречување заслепување ги открива останатите учесници во сообраќајот и селективно ги исклучува од досегот на долгото светло. Снопот е долг преку 400 метри и обезбедува рано откривање ризици и го олеснува следењето на правецот.

Поглед на околината

ПОГЛЕД НА ОКОЛИНАТА.

Системот за поглед на околината (Surround View) обезбедува панорамски поглед од 360° околу возилото со помош на камерите во надворешните ретровизори, предната камера со широк агол и задната камера. Системите му помагаат на возачот за време на паркирање и маневрирање во тесни паркинг простори или при возење со ограничена видливост.
Погледот на околината вклучува задна камера со поглед одозгора и поглед на страните. Погледот одозгора ја прикажува површината на страните од возилото за полесно маневрирање. Камерата за страничен поглед со широк агол сместена во маската на предната страна и задната камера овозможуваат панорамски поглед на предната и задната страна на возилото. Системот за помош за предупредување за приближување возила му помага на возачот најпрво со прикажување на жолти снопови на страничните рабови од сликата како и жолт триаголник за предупредување. Функцијата на страничен поглед автоматски се дезактивира кога возилото ќе постигне 15 км/час. Возачот потоа може да избере дали ќе ја активира задната камера, погледот одозгора и панорамскиот поглед. Системот се активира кога возилото ќе се стави за движење наназад или на други однапред одредени начини. Сликата се прикажува на Контролниот дисплеј.