Динамиката на возење на BMW X4

ГО ЗАДРЖУВА ВАШИОТ ПОГЛЕД.ОСЛОБОДУВА ЕНЕРГИЈА.

Динамиката на возење на BMW X4.

ГО ЗАДРЖУВА ВАШИОТ ПОГЛЕД.ОСЛОБОДУВА ЕНЕРГИЈА.

Динамиката на возење на BMW X4.

Доволно е само едно лесно притискање на педалот за гас и BMW X4 влегува во својот сопствен свет. Осум-степениот Steptronic спортски пренос максимално го искористува потенцијалот на моторите: BMW X4 xDrive35d постигнува од 0 -100 км/час за само 5.2 секунди. Системот на интелигентниот погон на сите четири тркала ја пренесува снагата на улица со врвно влечење. Другите стандардни карактеристики вклучуваат варијабилно спортско управување и контрола на перформансите.

ГО ЗАДРЖУВА ВАШИОТ ПОГЛЕД.ОСЛОБОДУВА ЕНЕРГИЈА.Динамиката на возење на BMW X4.

Доволно е само едно лесно притискање на педалот за гас и BMW X4 влегува во својот сопствен свет. Осум-степениот Steptronic спортски пренос максимално го искористува потенцијалот на моторите: BMW X4 xDrive35d постигнува од 0 -100 км/час за само 5.2 секунди. Системот на интелигентниот погон на сите четири тркала ја пренесува снагата на улица со врвно влечење. Другите стандардни карактеристики вклучуваат варијабилно спортско управување и контрола на перформансите.

BMW X4 M40i.

Со моделот BMW X4 M40i, BMW M GmbH уште еднаш ја потврдува својата повеќегодишна стручност во изработката на ексклузивни спортски автомобили. Овој автомобил импресионира со исклучителна комбинација на врвна динамика, удобност и секојдневна практичност.

  • M Performance TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор

    M Performance TwinPower Turbo линиски 6-цилиндричен бензински мотор ги поврзува импресивните перформанси со притисок кој е постојан сè до високиот опсег на вртежи со што поставуваат нови стандарди во делот на BMW X4. Моторот со коленестото вратило од ковано железо овозможува вртежна снага што е карактеристична за BMW M: максималниот вртежен момент од 465 Nm е достапен помеѓу од 1,350 и 5,250 rpm. Трилитарскиот мотор ја постигнува својата максимална снага од 265 kW (360hp) помеѓу 5,800 и 6,000 rpm. BMW X4 M40i од место до 100 км/час забрзува за само 4,9 секунди. Импресивните перформанси се постигнуваат со комбинирана потрошувачка на гориво од 8.6 литри на 100 км и CO2 емисии од 199 г/км што претставува исклучителен баланс на динамика и ефикасност, и уште еднаш се нагласува исклучителната инженерска стручност на BMW.
    Специфичниот издувен систем е оптимизиран за да обезбеди харизматичен, индивидуално регулиран звук и идеален повратен притисок во издувниот систем. Исто така, опремен е со интелигентен систем за контрола на вентилите и благодарение на издувната цевка од црн хром, препознатлив е на прв поглед.

  • Typical M Performance динамика на возење

    Благодарение на многуте приспособувања, BMW X4 M40i импресионира со динамиката на возење што само M Performance автомобилите може да ја понудат. Опсежното усогласување на потпирањето ги подигнува страничните и надолжните динамички карактеристики до цело едно ниво, а со тоа ги задоволува барањата на најспортските возачи. Многу системи се адаптирани за типичната динамика на возење на M Performance, вклучувајќи го погонот BMW xDrive што тежнеат кон задниот дел и електронски контролираниот амортизерски систем и варијабилното спортско управување.
    Стандардниот осум-степен пренос Steptronic Sport со копчиња на управувачот овозможува поудобно и екстремно спортско менување брзини како и подобрено префрлање во пониски степени. Погонскиот склоп е спортски и е директно поврзан, што заедно со стандардниот Систем на движење од место обезбедува молскавично брзо стартување. Од друга страна, големите дискови на сопирачката на предната оска и оптимизираните плочки на сопирачката на сите тркала гарантираат неверојатна снага на сопирање, дури и во најспортските услови на возење.

  • Надворешност

    М гените на дизајнот на BMW X4 M40i овозможуваат возилото да ја прикаже максималната динамика, веднаш штом ќе го здогледате. Спортскиот изглед се карактеризира со бројни индивидуални и ексклузивни детали благодарение на бројните делови од стандардниот пакет M Sport, вклучувајќи и посебни приспособувања на предниот и на задниот браник.
    Дури и ако го гледате оддалеку, BMW X4 M40i се истакнува од мноштвото и веднаш ќе го препознаете ексклузивниот изглед на 20-инчните тракала од лесна легура со два крака, во две бои. Достапни во две димензии 8.5 J x 20 (предни) и 10 J x 20 (задни), тркалата се опремени со ултрависоки перформанси. Посебните дизајнерски елементи со Ferric сива во воздушните отвори на широката предна маска и ребрата од маската придонесуваат на маркантниот изглед на возилото. Куќиштата на надворешните ретровизори со спортски изглед, кои, исто така, се достапни во Ferric сива боја, се неодоливи дури и на ветрот. Двојните издувни цевки од црн хром ја дополнуваат динамиката на моќен изглед на задниот дел од возилото.

  • Внатрешност

    Во внатрешноста на BMW X4 M40i, бројните карактеристики придонесуваат за спортскиот амбиент. Материјалите од врвен квалитет и специфичниот M дизајн со акцент на деталите дополнително придонесуваат на задоволството при возење. На праговите од вратите погледот веднаш ќе Ви го привлече натписот ,,X4 M40i”. Декоративните елементи кои се достапни во алуминиум и неколку други варијанти дополнително го засилуваат спортскиот и технолошкиот впечаток. Уште еден пример е електронската ознака на моделот под бројачот за вртежи. М кожниот спортски управувач е совршено обликуван за Вашите раце и овозможува возилото да биде контролирано со најголема прецизност. При скршнување во кривина, совршено ергономичните седишта за возачот и за патникот на предното седиште овозможуваат совршена странична стабилност и извонредна удобност.

ВАРИЈАБИЛНО СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ.

Варијабилното спортско управување со Servotronic овозможува директен и агилен стил на возење со помал физички напор при управување. Тој реагира на аголот на управувачот независно од моменталната брзина со различни соодноси на управување. Со тоа се намалува движењето при управувањето, потребно за скршнување под особено големи агли. Ова значително ја зголемува агилноста и го подобрува ракувањето на остри кривини, по тесни патишта или при нагли кривини при особено спортско возење. Исто така, се подобрува удобноста при паркирање, скршнување и маневрирање. За мали агли на скршнување, системот обезбедува одлична стабилност и високо ниво на прецизност при управување.

Динамика на возење

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ.

Благодарение на посебно изработената шасија, моторите со високи перформанси и палета на врвна стандардна опрема, BMW X4 нуди импресивна агилност.

Контрола на перформансите

КОНТРОЛА НА ПЕРФОРМАНСИТЕ.

Системот за Контрола на перформансите ја дистрибуира моторната снага и контролата на сопирање до индивидуалните тркала при вртење. Бидејќи надворешните тркала треба да минат поголем пат од внатрешните при скршнување, BMW Контролата на перформансите делува врз нив преку испорачаната снага и контролата на тркалата: Надворешните тркала добиваат поголема снага, а внатрешните помалку, и на тој начин се максимизира влечењето на секое тркало. Тоа значи дека возилото самото се насочува и така се зголемува сигурноста и удобноста при возењето.

8-степен steptronic спортски пренос со копчиња за менување степени на пренос

8-СТЕПЕН STEPTRONIC СПОРТСКИ ПРЕНОС СО КОПЧИЊА ЗА МЕНУВАЊЕ СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС.

8-степениот Steptronic Sport пренос се приспособува за да одговара на индивидуалниот стил на возење. Совршен е за сите начини на возење, од удобно крстарење до многу динамично возење.
Освен автоматската промена на степените на пренос, во секое време може рачно да ги менувате брзините. Промената се постигнува со употреба на рачката од менувачот или копчињата на управувачот.
Во Sport режимот на работа, промените на степенот на пренос се конфигурирани за максимални перформанси. Прецизната промена на осум-степениот менувач го оптимизира процесот на забрзување и моторот секогаш се одржува на ниво за да овозможи максимална снага и ефикасност. Максималното забрзување е овозможено со Системот за тргнување од место (Launch Control) кој автоматски ги менува степените на пренос за да постигне оптимален број на вртежи во минута на моторот.
При возење со големи брзини, дополнителната осма брзина ја намалува потребната брзина на моторот и со тоа ја намалува потрошувачката на гориво и бучавата на моторот. Овде јасно се гледа намената на новоразвиената, високоефикасната спојка за промена на степените на пренос. 8-степениот Steptronic Sport пренос испорачува максимална ефикасност и неверојатна непречена промена на степените на пренос.

Динамичка контрола на амортизерите

ШАСИЈА.

Шасијата е посебно приспособена за да одговара на BMW X4 и импресионира со своето одлично држење на патиштата, совршената управливост и врвна агилност, и, истовремено, гарантира удобност во секој момент. Со Dynamic Damper Control со Comfort, Sport и Sport+ режимите на работа, карактеристиките на возење може посебно да се адаптираат. Широкото растојание помеѓу средините на гумите на BMW X4 и задната оска со пет рамена овозможуваат скршнување во кривина со голема брзина со минимално навалување на возилото.

  • Динамичка контрола на амортизерите

    Динамичката контрола на амортизерите овозможува идеално приспособување на работните карактеристиките на амортизерите за да одговараат на која било ситуација на возење, со подобрување на удобноста и динамиката на возење. Покрај стандардната Comfort поставка, која ги минимизира тресењето и другите непријатните движења на возилото, достапни се уште два други режими: Sport и Sport+ режими на работа. Во овие режими, амортизерите автоматски стануваат потврди за да се овозможи поспортски начин на возење.

BMW xDrive

BMW xDRIVE.

Интелигентниот систем на погон на сите тркала BMW xDrive совршено се приспособува и на најпредизвикувачките услови на патните површини и во секое време обезбедува најдобро прилепување на гумите. xDrive и Dynamic Stability Control (DSC) овозможуваат BMW возилото да остане сигурно и стабилно. Извонредната реакција во дел од секундата овозможува xDrive флексибилно да ја распореди погонската снага помеѓу двете оски за оптимално прилепување. Така, BMW xDrive ги поврзува сите предности на системот на погон на сите тркала – прилепување на гумите, стабилност при следење насока и безбедност при возење со класична BMW агилност.

  • xDrive статус

    Јасна порака и во најтешките ситуации: xDrive статусот ја прикажува целосната слика. При возење по нерамен терен, возачот има пристап до информациите релевантни за теренското возење и на инструмент таблата и на централниот Контролен дисплеј. Освен лесниот за читање компас за ориентација (само со навигациски систем), прикажани се и информации за должинското и попречното накосување на возилото, како и моменталниот агол на управувачот, и тоа не само со вредности, туку и со приказ на графичкиот тридимензионален дисплеј на возилото.

Управување со доживувањето при возење

УПРАВУВАЊЕ СО ДОЖИВУВАЊЕТО ПРИ ВОЗЕЊЕ.

Управувањето со доживувањето при возење му овозможува на возачот да избира помеѓу Comfort режимот со стандардни поставки и пренос, режимот ECO PRO наменет за поголема ефикасност и режимот Sport кој овозможува најдинамично возење. Штедливиот ECO PRO режим интелигентно ги приспособува карактеристиките на педалот за гас и преносот, како и поставките на загревањето/климатизација.
ECO PRO режимот ја намалува потрошувачката на гориво до 20 проценти. Функцијата на ,,празен од“ (достапна само со Steptronic пренос), Системот за предвидување на рутата (Route-Ahead Assistant) и функцијата ECO PRO Route (достапни само со навигацискиот систем Professional) дополнително помагаат на заштеда на гориво. Системот за предвидување на рутата го користи навигацискиот систем за да ги процени условите на локалните патишта и однапред да даде совети. Доколку има промена на ограничувањето на брзината пред следната кривина, системот ќе го советува возачот да забави пред истата.
Функцијата ECO PRO Route, исто така, помага да се осигури ефикасна искористеност на горивото. Врз основа на обемот на сообраќај, индивидуалниот стил на возење и локалните услови, функцијата му ја советува на возачот најефикасната рута. ,,Празен од” функцијата му овозможува на возилото да крстари до 160 км/час кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас без сопирање. Во Sport режимот на работа, возилото реагира подиректно и овозможува поспортски стил на возење.

  • Sport режим

    Поминете на следното ниво: Кога во Sport режимот на работа е вклучен системот за контрола на доживувањето при возење, моторот и потпирањето на BMW ќе реагираат подиректно за подинамично возење.
    Sport режимот се вклучува на прекинувачот за системот за контрола на доживувањето при возење на централната конзола. Со ова се активира претходно дефинираната конфигурација на поставките за моторот и потпирањето, што во зависност од опременоста на возилото се значително подинамични од стандардните поставки. На пример, моторот станува уште побрз во реакциите. За моделите со Steptronic пренос, времето за префрлање степени на пренос е значително побрзо. Во Sport режимот на работа, моменталната излезна снага (kW) и вртежниот момент (Nm), исто така, се прикажани на централниот дисплеј. Оваа функција е достапна само со навигацискиот систем Professional. Со приспособливото потпирање, потпирањето станува поагилно. Доколку BMW е опремен со варијабилно спортско управување, серво управувањето се намалува и му овозможува на возачот уште подиректно доживување при возењето.