ОГРАНИЧЕНОСТ. ВО НЕОГРАНИЧЕНИ ПАКУВАЊА.

BMW EfficientDynamics во BMW X4.

Ограничувањето не е карактеристика која вообичаено се поврзува со BMW X4, освен еден важен исклучок – потрошувачката на гориво и CO2 емисиите. Најновите BMW EfficientDynamics технологии и аеродинамичниот дизајн гарантираат ниски вредности, без никаков компромис кога станува збор за перформансите и динамиката.

Аеродинамика

АЕРОДИНАМИКА.

Дизајнот на возилото е тестамент на филозофијата на BMW EfficientDynamics. Секој BMW се карактеризира со извонредни вредности на коефициентот на отпор на воздух, благодарение на палетата взаемно оптимизирани аеродинамични елементи кои за возврат имаат позитивен ефект врз ефикасноста на потрошувачката на гориво. На пример, рамното подвозје со заштита на просторот на моторот и задната оска ја подобруваат аеродинамиката на возилото. Овие нови обложувања не само што во голема мерка придонесуваат за аеродинамичност, туку тие, исто така, ја подобруваат звучната изолација и обезбедуваат поголема заштита од ‘рѓосување. Иновациите на аеродинамиката вклучуваат оптимизирана форма на задниот спојлер и аеродинамично опримизирани куќишта на надворешните ретровизори. Кога станува збор за надворешните ретровизори, тие ја подобруваат акустичноста во однос на аеродинамичноста и спречуваат валкање на прозорците.

ИНТЕЛИГЕНТНА ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА.

Интелигентна лесна конструкција

ИНТЕЛИГЕНТНА ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА.

За конструкцијата на моделот BMW X4 се употребуваат различни високотехнолошки материјали: лесен алуминиум, појачан челик и ултрамодерна пластика и магнезиум.
Интелигентната лесна конструкција ја намалува тежината на возилото, го прави возилото исклучително цврсто, ја подобрува пасивната сигурност и ја подобрува динамиката.

ECO PRO РЕЖИМ.

ECO PRO режимот на работа им помага на возачите да ја намалат потрошувачката на гориво и до 20 проценти, во зависност од нивниот стил на возење – според интерната студија за потрошувачката на гориво на BMW. Функцијата на празен од (достапен само со 8-степениот Steptronic пренос), Системот за предвидување на рутата (Route-Ahead Assistant) и функцијата ECO PRO Route (достапни само со навигацискиот систем Professional) дополнително овозможуваат заштеда.

  • Празен од

    Функцијата на празен од, го одделува погонскиот склоп од моторот и возилото се движи без никакво влијание на моторот. Ова се одвива кога возачот ќе го отстрани стапалото од педалот за гас помеѓу 50 и 160 км/час, не го притиска педалот од сопирачката и Системот за предвидување на рутата не ја приспособува брзината.

  • Активен темпомат со Stop&Go

    Во комбинација со Активниот темпомат (контрола на брзината на движење), возилото поефикасно забрзува после сопирање, кога е во ECO PRO режимот на работа,.

  • Предвидување рута

    Со помош на податоците од навигацискиот систем, Системот за предвидување на рутата ги препознава кривините, населените места, ограничувањата на брзината и излезите од автопатите и однапред дава совети кога да престанете да забрзувате.

  • ECO PRO Route

    Во зависност од состојбата во сообраќајот, начинот на возење и условите на патот, ECO PRO Route го пресметува и го прикажува најекономичниот пат. Патниот компјутер го прикажува процентот на гориво што може да се заштеди со ECO PRO Route.

8-СТЕПЕН STEPTRONIC ПРЕНОС.

8-степениот Steptronic пренос поставува нови стандарди во удобноста и динамичките перформанси и ефикасност и е клучен елемент на BMW EfficientDynamics технологијата.
Особено кратките распони на менувачот овозможуваат испорака на оптимална снага на сите брзини. На тој начин значително се намалува потрошувачката на гориво, а возачот истовремено може да ужива во зголемените спортски и динамични перформанси. Поради дополнителните степени на пренос на поголеми брзини се намалува бројот на вртежи на моторот, а со тоа и потрошувачката на гориво и бучавата на моторот.
За перформансите придонесува и конвертерската спојка, дури и кога возилото ќе се стави во рачен режим на работа. Во комбинација со брзите премини на брзини и прецизната промена на степените на пренос, се постигнува високо ниво на удобност при менување и значително намалување на бучавата.
Благодарение на 8-степениот Steptronic пренос од BMW EfficientDynamics технологијата, перформансите на возилата сега може активно да се подобрат со новиот Предиктивен погонски склоп (Predictive Drive Train) преку Контролата на доживувањето при возење. Во режимот Sport, управувањето со преносот ги користи податоците од навигацискиот систем за да испорача ниво на брза реакција, поголема динамичност и спонтаност врз база на карактеристиките на патот. Како што и самото име кажува, ,,Comfort” режимот нуди програма на удобност со помалку промени на степените на пренос.

УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА.

За интелигентното управување со енергија во BMW X4 задолжени се голем број стандардни технологии на BMW EfficientDynamics, вклучувајќи го индикаторот за оптимално менување брзина, автоматската функција Stop/Start и системот за обновување на енергијата на сопирање. Соработката помеѓу технологиите гарантира одржлива мобилност на утрешнината, уште денес.

  • Индикатор за оптимална промена на степените на пренос

    Оптимално и навремено менување на степените на пренос може да помогнат за заштеда на гориво, особено во урбани средини, но и при возење големи растојанија. Оптимална промена на степените на пренос и помала потрошувачка на гориво - системот на електронска контрола на моторот го идентификува најефикасниот степен на пренос, според ситуацијата на возење и брзината на моторот. Активирањето на стрелката на информацискиот дисплеј го прикажува најефикасниот степен на пренос за промена во повисок или понизок степен на пренос. Системот, исто така, препознава кога возилото нагло забрзува и ќе Ви советува преминување во поголем степен на пренос кога брзината на моторот ќе се зголеми. Компаративните тестови покажаа дека возилата со Индикатор за оптимална промена на степените на пренос трошат околу четири проценти помалку гориво.

  • Автоматска функција старт/стоп

    Автоматската функција старт/стоп овозможува да се користи гориво само кога возилото всушност се движи. Кога возилото ќе дојде до привремено мирување, на пример на семафори или при сообраќај тргни-застани, Автоматската функција старт/стоп штеди гориво со исклучување на моторот веднаш штом возилото ќе мине во циклус на празен од и кога стапалото ќе се отстрани од педалот од спојката (рачен пренос), или кога возилото сопира до целосно запирање (Steptronic пренос).
    Сигналот на информацискиот дисплеј покажува дека Автоматската функција стоп/старт е активна. Веднаш штом возачот ќе го притисне педалот од спојката (рачен пренос) или кога ќе се отстрани стапалото од педалот од сопирачката (Steptronic пренос), моторот автоматски повторно се вклучува.
    Автоматската функција старт/стоп никогаш не ги нарушува удобноста и сигурноста при возењето затоа што не се вклучува ако возилото не ја постигнало идеалната работна температура, ако внатрешноста доволно не се загреала/оладила, доколку напонот на акумулаторот е премногу низок или, доколку управувачот е свртен. Централната контролна единица го вклучува моторот, доколку е потребно, дури и кога возилото е во мирување – на пример, доколку возилото се придвижи или ако се замагли ветробранското стакло. Автоматската функција старт/стоп може да се исклучи во секое време со притискање копче.

  • Електричен серво управувач

    Секојпат кога возачот ќе го сврти управувачот, се троши енергија. Но, зошто да се троши енергија кога тркалата не се вртат? BMW електричниот серво управувач е активен само кога тоа е потребно. За разлика од конвенционалните хидраулични системи на управување, BMW EPS користи енергија само кога управувачот активно се врти. Кога управувачот е статичен, на пример кога возите по автопат со голема брзина, електричниот мотор не е активен.

  • Обновување на енергијата на сопирање

    Секојпат кога ќе се притисне сопирачката се генерира кинетичка енергија и до неодамна оваа енергија не се искористуваше. Обновувањето на енергијата на сопирање го искористува овој долго занемаруван потенцијал. Така ослободената кинетичка енергија, која се создава кога возачот сопира или ќе го отстрани стапалото од педалот за гас, се претвора во енергија. Оваа енергија потоа се користи за полнење на акумулаторот од возилото. Интелигентното управување со енергија значи дека алтернаторот повеќе не треба постојано да работи со што се намалува оптоварувањето на генераторот. Резултатот е намалена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси, класични предности на технологијата BMW EfficientDynamics.